- Член од
- 10 октомври 2011
- Мислења
- 6.339
- Поени од реакции
- 10.551
За F1 филмот не можам да пребарувам што сте пишале, зашто „зборовите се или прекратки, или предолги, или премногу чести“.Три major проблеми имав со овој филм:
1. Како и повеќето спортски драми, полн е со клишеа!
2. Многу еднодимензионални ликови, а приказна речиси никаква, што го правеше многу сиромашен. Поголеми драми сум гледал баш во F1 трка отколку тука. Ми фалеа backstories, ми фалеше нешто плус за да се поврзам со ликовите и ми фалеше многу повеќе драма од тоа што добивме.
3. Ова за некој кој не е љубител на F1 и кој не гледал многу F1 можеби би му било поинтересно отколку на некој како мене. Зошто? Зашто имаше многу малку допирни точки со реалноста, ама ај да не ја тупам со F1 правила и слично. Важно мене тоа ми сметаше.
Се мислев за оценка измеѓу 6 и 7, ама кога Sinners вчера си доби 6, не е ова ништо многу подобро. Така што - 6/10, моја конечна оценка.
P.S. Го гледав на 53 инчен Самсунг, со џам слика, ама сепак сметам дека е ова филм за кино. Да го гледав во кино можеби за нијанса подобар впечаток ќе имав.

Ова под 2 горе-доле го имав ко мислење и самиот.
Под 3, не се слагам, не сум некој фан на Ф1 и немам гледано целосна трка од времето кога Алонсо редеше победи, па не ми се виде интересен.
Едноставно филмов нема прича и е преџвакување на 100 филмови за трки и формула од порано, ништо привлечно, ништо интересно, ништо ново…