Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
44 е масло на Тито
100% србски службиПрегледај го приврзокот 455519
Во Европа или не, scumbag си е scumbag. Разликата е само во тоа што ако е во Европа е европски scumbag.
Пукнете!
Џабе, пак ќе се појави со нов ник. Мене по пишувањето глупости ми личи дека е штипјанецотДоста му беше, го толерирав за сепак да се развие некаква дискусија, никогаш не е на одмет да се видат различни гледишта, ама ова неговото веќе премина во тролање на сите тука и на цела нација. Упорно вергла во место со едни исти тези што сите не стави во недоумица дали намерно се прави глуп или трола за да направи ние да изгледаме глупаво. @SentinelS е перманентно баниран од темата.
Што да мислам, се е ова јасно како ден. Они се нација со фејк идентитети, со украдени историја, култура, уметност, музика... До толку се отидени што крадејќи од се по малку, стигнале дури до Франција па и „мерси“ им го украле. Којзнае, можеби мислеле дека некаде во иднината Франција ќе биде „слаба“ како Македонија, па ќе тврдат дека Наполеон бил Бугарин и слични будалаштини што само они можат да ги измислат. Смешки се!Ставовите на Атила Јорма, стр 51-65 во текстот на линков:
- Бугарското царство на Дунав и од VII век и од XIII век било држава во таа династичка смисла во која бугарските и куманските семејства со турско потекло формирале династии. Сепак, не станувало збор за модерно царство формирано од бугарската нација.
- Се повикува на Васари кој вели дека влијанието на турските Кумани врз политичката историја на Балканот било исклучително значајно. Куманите биле основачи на трите династии на второто царство на Бугарија (Асен, Тертер и Шишман), како и Валакија (Басараба), покрај што нивното широко населување на различни страни од Балканот подготвило основа за Османлиите. И се повикува на Карпат кој наведува дека ова било клучно за формирањето на Отоманската Турска Румелија.
- Исто така тврди дека историјата не го познава зборот „Бугарин“ како име за која било група луѓе во периодот помеѓу XV и XIX век на Балканот. Луѓето кои патувале по Балканот ги споменуваат Србите, Босанците, Власите и така натаму, но нема познати споменувања за „Бугарите“.
- Kaжува дека за родоначелник на „бугарското национално будење“ – или со други зборови, за пронаоѓач на словенскиот бугарски идентитет – се смета Пајсиј, монахот од планината Атос.
- Го изнесува ставот на Антеро Лајцингер кој смета дека оригиналниот пронаоѓач на „словенскиот бугаризам“ можеби бил друг монах по име Јован Рајх (Јован Рајиќ), кој ги открил Бугарите од историјата и бил инспириран да објасни дека тие првично биле словенска нација. Книгата на Рајх на оваа тема била објавена во Санкт Петербург во 1795 година. Пред тоа, Рајх веќе во 1758 година го сретнал монахот Пајсиј, со кого разговарал за идејата и кој го обработил прашањето во својот ракопис насловен „Историја на словенските Бугари“ од 1762 година.
- И дека делото на Пајсиј било напишано во руска редакција на црковнословенски јазик што се користел на Балканот во средината на XVIII век; од подоцнежна националистичка словенска бугарска гледна точка, јазикот е дефиниран како бугарски (како и црковнословенскиот јазик што бил целосно протолкуван како постара форма на бугарски јазик).
- Друг важен конструктор на словенскиот бугарски идентитет бил украинскиот национален собирач на поезија и историчар роден под хабсбуршкиот режим, Георг Хуца или Јуриј Венелин (1802-1839). Венелин се преселил од Австро-Унгарија во Русија. Руската академија го испратила назад на Балканот во Добруџа, очигледно за да собира фолклорен материјал во врска со „словенските Бугари“. Во 1829 година објавил книга „Стари и нови Бугари во политички, етнографски, историски и религиозни односи со Русите“. Значењето на книгата било да докаже дека Бугарите биле од словенско, а не од турско потекло.
- И дека книгите на Рајх, Пајсиј и Венелин биле широко читани и дека имале големо влијание, иако нивните „објаснувања“ не биле научно валидни. Во нив, се гради словенски бугарски идентитет за „другите“: За Рајх и Паисиј „Другиот“ е Православниот грчки идентитет, за Венелин туркиството (Turkishness).
- Кажува дека изумот на словенскиот бугаризам бил предуслов за раѓањето на државата Бугарија во 1878 година. Во исто време, раѓањето на државата Бугарија беше резултат, иако не и цел, на руската панславистичка политика.
- Потсетува кога сакаа да ја користат историјата како аргумент за словенскиот бугаризам, употребата на зборот „Бугарин“ стана камен на сопнување. Во XX век повеќе не беше можно да се негира фактот дека Бугарите што ги познава историјата биле турски народ. Кога резултатите од поновите студии беа донесени до општата свест на научниот свет, националистите повеќе не можеа да ги поништат, без разлика колку беа несоодветни за нивните цели.
- И дека поради тоа оттогаш решението било да се зборува за турските Бугари што историјата ги познава како „Прабугари“ и да се каже дека овие Прабугари се измешале со Словените, што резултирало со нација која била словенска иако се нарекувала бугарска.
- Обелоденува дека не е посветено посебно внимание на „научното“ докажување на тврдењата за спојување. Ова се гледа, на пример, од тоа што „претопувањето“ во бугарските историски описи се чини дека се случило во еден миг, како во еден удар (дури и во рок од една година).
- Потсетува дека пописите на населението на Отоманското Царство не биле вршени врз етничка, туку врз религиозна основа. Уште во XIX век, поделбата на христијани и муслимани главно го дефинирала начинот на кој луѓето го разбирале својот идентитет: покрај Словените, постоеле и Mуслимански и Христијански Турци.
- И дека тогаш бугарскиот идентитет не постоеше, но беше роден, како што е прикажано погоре, вештачки од панславистите предводени од Русија во текот на XIX век.
- Ни кажува дека името што Гагаузите го користат за словенските Бугари, дури и денес, е „Тукан“.
Прегледај го приврзокот 456237
@Zlatikevichius и останатите учесници да се изјаснат што мислат во врска со горенапишаново.
P.S.: @Zlatikevichius, остана ли уште некој тукан за кубење или сите ги испобанира?
За Александар Македонски имаат докази дека кога освојувал со Букефал. Букефал бил на бугарски таблички. После му ставил мк.Што да мислам, се е ова јасно како ден. Они се нација со фејк идентитети, со украдени историја, култура, уметност, музика... До толку се отидени што крадејќи од се по малку, стигнале дури до Франција па и „мерси“ им го украле. Којзнае, можеби мислеле дека некаде во иднината Франција ќе биде „слаба“ како Македонија, па ќе тврдат дека Наполеон бил Бугарин и слични будалаштини што само они можат да ги измислат. Смешки се!
Не им го валкај името на Киргизите, ти се молам.