Ова кој ќе ги гледа и не држи многу вода, затоа што во ЛШ нема многу термини, како на СП, па дали е Селтик, Пафос, ЦЗ, ДЗ, не менува многу, освен за нивните навивачи. Имаш четири термини во два дена, од кои само во оној од 15 за 7 некогаш нема да има добар избор поради овие клубови.
Кога ќе играат клубовите од најсилните лиги, а такви ќе има секое коло и во вторник и во среда, исто е дали е Селтик или Пафос, повеќето ќе гледаме Реал и Њукасл, отколку и некој натпревар помеѓу Борусија Дортмунд и Селтик, што по имиња исто би требало да е атрактивен.
Е сега дали ЦЗ, Селтик или Пафос, сигурно дека има нијанси, не е се исто, некое гостување би било потешко, некое полесно, но откако Платини направи полесно да влегуваат овие клубови, има повеќе вакви кои тешко освојуваат бодови.
Од една страна и не е лошо, треба малку егзотика или давање малку живот за полумртвите некогаш големи клубови од Источна Европа.
Проблем е што со овие пари од европски натпреварувања, се "наштети" на конкуренцијата во националните првенства. Како да победиш конкуренција која зарабтува 10-20 милиони евра, а како првак има двапати право на кикс, може да изгуби во квалификациите за ЛШ, па за ЛЕ и да е во игра за ЛК, каде пак ќе земат неколку милиони?!