UEFA Champions League - Season 2024/25

  • Креатор на темата Креатор на темата Johnny B
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе освои?


  • Вкупно гласачи
    80
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Тука всушност е спротивното. Екипи како Селтик во ЛЕ имаат шанси да направат подобар коефициент отколку во ЛШ.
Коефициентот се рачуна на последни 5 сезони па затоа екипи како Рома, Фиорентина Вест Хем имаат висок пласман иако не играле ниту еднаш ЛШ во последните пет сезони.
Истото важи и за лигата, што повеќе победи толку поголем коефициентот а Ренџерс и Селтик во ЛЕ би имале многу повеќе шанса да го одржуваат тој просек кој им носи две места во ЛШ.
Имаат кур мој, мизерни екипи двете.
 
Ова кој ќе ги гледа и не држи многу вода, затоа што во ЛШ нема многу термини, како на СП, па дали е Селтик, Пафос, ЦЗ, ДЗ, не менува многу, освен за нивните навивачи. Имаш четири термини во два дена, од кои само во оној од 15 за 7 некогаш нема да има добар избор поради овие клубови.

Кога ќе играат клубовите од најсилните лиги, а такви ќе има секое коло и во вторник и во среда, исто е дали е Селтик или Пафос, повеќето ќе гледаме Реал и Њукасл, отколку и некој натпревар помеѓу Борусија Дортмунд и Селтик, што по имиња исто би требало да е атрактивен.



Е сега дали ЦЗ, Селтик или Пафос, сигурно дека има нијанси, не е се исто, некое гостување би било потешко, некое полесно, но откако Платини направи полесно да влегуваат овие клубови, има повеќе вакви кои тешко освојуваат бодови.

Од една страна и не е лошо, треба малку егзотика или давање малку живот за полумртвите некогаш големи клубови од Источна Европа.

Проблем е што со овие пари од европски натпреварувања, се "наштети" на конкуренцијата во националните првенства. Како да победиш конкуренција која зарабтува 10-20 милиони евра, а како првак има двапати право на кикс, може да изгуби во квалификациите за ЛШ, па за ЛЕ и да е во игра за ЛК, каде пак ќе земат неколку милиони?!
 
За фудбалските фанови што не разбираат, едноставно е.

Направи ја ЛШ 20 екипи

По 5 од Англија/Италија/Шпанија/Германија. Ако не успее да се пласира Јунајтед/Барса/ПСЖ, одново ќе се играат квалификации и тоа е тоа .

Пафос и Каират ли се криви што влегле регуларно преку квалификации? За Барселона квалификацијата е едно од првите 4/5 места во лигата. И тие и тие го исполниле условот.

На времето имаше плачки, Рубин Казан кога им кинеа бодови на големите, ладно било у Русија. Ако не на Тенерифе да се играат сите утакмици и тоа е тоа.
 
За фудбалските фанови што не разбираат, едноставно е.

Направи ја ЛШ 20 екипи

По 5 од Англија/Италија/Шпанија/Германија. Ако не успее да се пласира Јунајтед/Барса/ПСЖ, одново ќе се играат квалификации и тоа е тоа .

Пафос и Каират ли се криви што влегле регуларно преку квалификации? За Барселона квалификацијата е едно од првите 4/5 места во лигата. И тие и тие го исполниле условот.

На времето имаше плачки, Рубин Казан кога им кинеа бодови на големите, ладно било у Русија. Ако не на Тенерифе да се играат сите утакмици и тоа е тоа.
Мани ќе испаднеме пак, не сме спремни за елитни натпреварувања.
 
Да не се праиме наудрени сеа бројот на екипи се зголеми само и само заради повеќе пари. Не можеш на фан на "голема" екипа да му објасниш шо е поентата со Каират и Пафос. Ги гледав против Селтик односно Ѕвезда, и не беа толку лоши. Факт е дека Каират се цврсти ама да, офанзивно скоро нишо не понудија у последниов двомеч.

Ја навивам да се формира таа Супер Лига и да одјебат више еднаш. Сапуница ебате беља. Шо убаво било у 90-ти или ете 80-ти, цело време нокаут рунди, без групна фаза, не иделе првите 4 у ЛШ. Без разлика што на пример Атлетик или Аталанта не би припариле до ЛШ.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom