Њукасл ке го продаде Исак летово, 100% сум сигурен. Прво, ова PSR ке ги убие ако го остават на клупа, премногу пари се во прашање, кои може да ги реинвестираат во други играчи. Лани мораа Елиот Андерсон и Минте да ги продадат, за не бидат казнети заради прекршувањето на истиот, а кои важат за доста талентирани играчи, и Хау беше против нивно продавање.
Замрзнување на играч може само ако навистина има некоја мала сума како понуда, како што Челси сега се обидуваат да го купат Гарначо за 25 милиони фунти, а играчот е на мала плата. Гарначо зима 45к неделно, помалку од третиот голман на Јунајтед. На ваков, може да тренираш строгост, ниту некој нуди добра сума, за разлика од Исак, ниту пак е на повисока плата. Исак чинам е на 130к неделно некаде. Јунајтед комотно може да го стави во резерви до 2028-ма, до кога му истекува договорот. Ама не може тоа да го направи со Санчо, Рашфорд, зашто се на луди плати, кои сериозно влијаат на PSR.
Второ, Хау шанси нема да го врати во тимот после сите пиздaрарии што им ги приреди. Oдби да иде на турнеја, глумеше дека е повреден, отиде во Шпанија да тренира во Сосиедад без да каже на клубот, еве сега и јавно им кажа дека не сака да игра за нив и дека сака да си оди.
Њукасл ги ебе тоа што немаат спортски директор и внук му на Еди Хау е вработен да работи на трансфери. Низа играчи ги одбија летово, Куња, Мбеумо, Екитике, Жоао Педро, Делап, Шешко, ги одраа за Еланга. Да беа паметни, ке го продадеа на почетокот на летото за 120+ бонуси, и ке си составеа саглам тим. Вака кој знае дали ке купат саглам напаѓач. Уште на Виса од Брентфорд чекаат.
Наредната утакмица на Њукасл им е против Ливерпул баш.