Premier League - 2025/26

  • Креатор на темата Креатор на темата Johnny B
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе освои?

  • Ливерпул

    Гласови: 19 26,4%
  • Арсенал

    Гласови: 17 23,6%
  • Манчестер Сити

    Гласови: 8 11,1%
  • Челзи

    Гласови: 9 12,5%
  • Манчестер Јунајтед

    Гласови: 14 19,4%
  • Тотенхем

    Гласови: 2 2,8%
  • Њукасл

    Гласови: 0 0,0%
  • Некој друг

    Гласови: 3 4,2%

  • Вкупно гласачи
    72
  • Гласањето ќе се затвори: .

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
12.008
Поени од реакции
12.871
1718703852101.png

PREMIER LEAGUE 2025/26


Новата сезона од најинтересната и најдобрата фудбалска лига во светот е на прагот.
Натпреварот од Комјунити Шилд помеѓу Ливерпул и Кристал Палас кој ќе се одигра денес на Вембли ќе биде вовед за сезоната која ќе стартува за неколку дена односно на 15ти Август со натпреварот помеѓу Ливерпул кој е бранител на трофејот и Борнмут.

Ќе започнам токму од Ливерпул.
Ја освоија 20тата титула конечно пред публика и тоа после заминувањето на Клоп. Кога сите мислеа дека толку е од Ливерпул, Арне Слот покажа дека се работи за одличен стручњак и практично без засилувања го направи тоа што не му успеа на Клоп сезона претходно.
Сезонава влегуваат како актуелни шампиони и со доста изменет состав.
Одбраната ќе биде променета, десниот бек со број #66 го напушти клубот, го донесоа Џереми Фримпонг како замена. Лево ќе стартува Милош Керкез што значи дека ќе има два нови бекови во стартен тим.
Нападот ќе биде практично сменет и како стојат работите само Салах и Гакпо ќе останат од старата гарда. Диаз замина во Баерн, Дарвин Нуњез во Ал Хилал, се очекува да си оди и Федерико Киеза, додека пак Диого Жота трагично го загуби животот во сообраќајка.
Колкави последици ќе остави ова ќе видиме. Можеби тимот ќе се воздигни и ќе изигра баш за Жота.
Ливерпул направи и рекорден трансфер и го донесе Флориан Вирц што треба да му даде дополнителен буст на тимот. Во нападот дојде и Хуго Екитике. Доколку дојде и Александер Исак тогаш тимот ќе има одличен напад. Се очекува и засилување во одбраната.

Арсенал како второпласиран веќе 3 сезони со ред, останува да видиме дали ќе направат сериозен исчекор. Го донесоа Зубименди како замена за Парти. Исто така од Челзи пристигна Мадуеке.
Конечно купија и напаѓач - Виктор Ѓокереш.
Исто така ги доведоа Кепа, Москера и Норгард.
Артета сега нема изговори и после скоро потрошена милијарда, сега од него ќе се очекуваат резултати. Можеби ќе успеат да земат и лево крило и дополнително да го засилат тимот, но за тоа ќе мораме да почекаме.

Манчестер Сити откако освоија 4 со ред, лани некако спласнаа и имаа лоша сезона за нивни стандард. Уште во зимата започнаа реконструкција. Летово го донесоа Рејндерс како и Аит Нури, додека пак Кевин де Брујн го напушти клубот после цела декада таму. Ќе видиме како ќе функционираат и дали ќе направат уште некој трансфер. Дали ова ќе биде последна сезона на Пеп Гвардиола или пак ќе се врати пак на врвот ќе дознаеме сезонава.

Челзи по освојувањето на Конференциска лига и светското клупско првенство, сигурно ќе сакаат да направат чекор напред и да освојат уште нешто.
Како и обично, прават куп трансфери, летово го донесоа Делап, Жоао Педро, пристигнува талентираниот Естевао, го купија и Гитенс. Истото така го зедоа и Хато од Ајакс кој е голем талент, а се очекува да го купат и Чави Симонс.
Сигурно и ќе продадат доста играчи. Останува да се види како ова ќе го вклопи Мареска.

Манчестер Јунајтед. После катастрофалната сезона лани, најлоша откако јас гледам фудбал, веројатно не можат полошо. Аморим сега има доволно време за да го спреми тимот.
Комплетно го променија нападот, Мбеумо, Куња и Шешко. Се очекува да земат некој во средината. Нема да играат во Европа што значи повеќе време за одмор и воигрување на тимот. Дали Аморим ќе оди чекор напред или ќе го снајде тоа што ги снајде и неговите претходници ќе видиме во наредниот период.

Тотенхем почнува со нов тренер. Откако Постекоглу ја прекрши клупската политика и освои трофеј, доби отказ. На негово место доаѓа Томас Франк од Брентфорд.
Го зедоа и Мохамед Кудус од Вест Хем.
Од тимот си отиде легендарниот Сон.
Имаат добар тим и доколку ги заобиколат повреди ќе биде интересно да се гледаат.

Њукасл има кошмарно лето.
Откако куп играчи ги одбија, сега и Исак сака да си оди и не сака да игра.
Дали ќе успеат да купат замена и да земат уште некое засилување ќе видиме. Ги очекува тешка сезона, ќе играат на два фронта си засега работите не изгледаат сјајно. Ако успеат да донесат неколку играчи ќе бидат интересни за гледање.

Астон Вила за малку не успеа да се пласира во ЛШ. Унаи Емери имаше добра сезона лани, ги одведе и до 1/4 финалето од ЛШ.
Сезонава очекувам комплетен фокус на Лига Европа и освојување на ова натпреварување. Сепак, на клупата го имаат Гуд Ебенинг кој е експерт за ова натпреварување.

Накратко тоа е тоа, не очекува возбудлива и неизвесна сезона.
 
Последно уредено:
Ливерпул и Челзи за титула. Првите некако најдобро лето имаат, се вторите како да ми се најуграна англиска екипа последните месеци.

Сити нема се да се врати на старите патеки, сумљиви трансфери направија.

Арсенал ќе биде најголемо разочарување сезонава. Артета стана Мурињо, премногу се фокусира да не прими гол. Овој Арсенал не е оној од пред 3 години.

Јунајтед ќе биде интересен. Повторно активни на пазарот, уште десно крило им фали и одат во топ 4. Ама во суштина повторно сумљиви трансфери. Ќе флопнат бајги.
 
1. Арсенал
2. Ливерпул
3. Сити
4. Челзи
5. Јунајтед(ако го донесат Балеба и Донарума)
6. Њукасл
... другите сеедно.

Фаворити за титула ми се Арсенал од проста причина што ова им е сезона во која стварно веќе немаат изговори и се доволно воиграни и костурот е тој веќе неколку сезони. Со оној долгото име во средина и со Ѓоко у напад добија засилувања кроени по нивен терк и најверојатно ќе достават. Едина слаба тачка им е тоа лево крило ама Мартинели можда ќе се врати во форма, можда Мадуеке стванро ќе научи да игра лево али како и да е и со таа позиција малце послаба од другите, сепак имаат тим за највисок дострел и без изговори.
Ливепрул сите го ставаат број 1 ама ја нема да го ставам од прост аспект што донесоа многу играчи што ќе им треба време да се адаптираат во ПЛ а многу се очекува од нив. Сезонава веќе сите ги знаат што играат и како така да очекувам екипите уште подобро да се спремени со нив и нема да имаат лесни мечеви, сумњиви ми се некако во средина ама сепак се шампиони и би ги ставил како конкурент број 1 од сенка ако Арсенал биде Арсенал и пак чоукнат.
Сити ќе има боља сезона од лани, тоа е сигурица ама не верувам да се борат за титула, нешто како да не им функционира со Пеп веќе, не знам што е ама мислам дека ќе завршат пред Челзи, Њукасл и Јунајтед лагано.
Челзи изгради одлична основа и игра која треба да ја продлабочат и донесат левел погоре, дали ќе биде тоа така, ќе видиме. Тимот е уште подобар од лани, изгледаме добро и да се надеваме дека ќе продолжиме во оваа траекторија. Дали ова ќе биде доволно или што сме тенки во лидерство, голман и одбрана пак ќе дојде до израз, ќе видиме. Нападот со Делап и Педро исто ќе биде знак прашалник ама би требало да бидеме бољи ама сезоната непочната а еден столб и лидер во одбрана веќе искина лигаменти. Ради оваа причина сметам дека каскаме во однос на Арсенал и Ливерпул и плус тоа што немаме искуство и константност ама добро и далеку помлада екипа сме и летото уште не е завршено.:D
Јунајтед ако ги донесат Балеба и Донарума ќе пишам подолго и ќе ги котирам доста високо, ако не, тогаш ќе продолжат со јојо формата.
 
Нека ни простор за дискусија мора сФетските шамиЊони да освојат. :D
 
Родри рикнал пак, изглеа си еба мајката овој после кинењето АЦЛ.
 
Родри рикнал пак, изглеа си еба мајката овој после кинењето АЦЛ.
Ништо чудно, го прегореа од играње за Сити и репрезентација, греота. Буквално не го ни вадеа на 5 минути од утакмица.
За истото ме плаши и за Каиседо кај нас.
 
1. Сити
2.Арсенал
3.Ливерпул
4.Челзи
5.Тотнем
6.Астон Вила
7.Њукасл
8.Јунајтед
 
Челзи или Ливерпул зима. Гласав за Челзи но сметам дека имаат исто шанси.
Манчестер Сити и Арсенал 3-4 место.
Изненадување очекувам од Тотенхем у топ 4 да улетаат.
Манчестер Јунајтед и Астон Вила, Лига Европа сигурица или 5-7 место.
Њукасл сметам дека ќе паднат сезонава негде меѓу 6 -10 место. Таман Тонали да се наљути, да побара трансфер и велкам бек.

И за крај Вест Хем се надевам дека после катастрофата од лани годинава ќе догураат на позиција меѓу 7-10 место.
 
Салах уште на одмор изгледа, каков ужасен меч, разбирам Комјунити Шилд е ама сепак.
Вирц и Керкез имаа солиден меч, Екитике ќе излезе тешка превара како ми изгледа.
 
Сметам дека Ливерпул пак ќе се прошета, а Арсенал ќе биде најнепријатното изненадување. Во топ 4 ги гледам: Ливерпул, Челзи, Сити и Арсенал. Испаѓаат: Лидс, Сандерленд, Барнли. Очекувам Јунајтед и Тотенхем да бидат барем во првата половина на табелата.
 
Манчестер е црвен а Јунајтед е вечен шампион во моето срце.

Ај да гледаме добар фудбал како и секоја сезона. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom