Член сум од 2007 со овој јусер нејм, арно ама тоа ми беше златниот период, активно се дружев излегував и имав дечко со кој шетав, па така од 2004 до 2009 не го отворив форумов, дека ми беше фантазија животот, најубавите години и спомени од животот ми беа тогаш, после кога се се сруши како кула од карти отворив нов 2009 јануари Филозофка се викав, се затворив во 4 ѕида и на форум постирав нон стоп, запознав еден дечко тука, со кој си ги лечевме раните 2010 и 2011 година, локајќи пиво во парк и одејќи по журки со разни друштва, поздрав до него, иако не е веќе активен, се наљути нешто, ми фали за муабет, пиши ми знаеш кој си,

понатаму западнав во една прилика која мислев дека ќе ми донесе зелена ус карта, да конечно побегнам, ама среќа заврши и не бев активна после 2011.
Ми текна на форум пред некоја година, арно ама од неактивност сум си го заборавила и мејлот и пасвордот и се на Филозофка профилот, па го замолив Ацид, да ми го врати но ништо, нема врска како и да е тука сум, сад ме видиш и невидиш хехе, нормално кога иам време пишнувам по некој бисер. Чао тути.