По се, не било збогум.
Вчера го видов пак Хрватот, пиев само тоник (без Бомбаи џин во него). На некој работи гледав ептен појасно. Можебо мојата проценка е грешна, но ми се причини дека му фали мојата љубов. Но, повеќе ја нема, посебно вака трезно. Ми вели, имам чувство дека потиснуваш некои чувства во себе - доста манипулативен коментар,
знам исти сме, двајцата Близнак во хорсокоп, судено ни е да сме Ѕидари, само ние да ги држиме конците. Му вратив дека - нема да го жртвувам
пријателството со него, заради чувства. Четири месеци, а само Бог знај колку Викенди во колку градој заедно. Љубовта и емпатијата можеше да ги намириса уште на 3ет Дејт. Ќе му останев лојален до гроб.
Во моментов во мојот живот влезе еден Евреин, или јас во неговиот, незнам точно. Требаше да е само забава. Запримети дека ја посматрам уметноста по ѕидовите на неговиот пентхаус. Запримети и дека ми е незгодно и дека не сум лик за едно-вечерни штандови. За време на забавниот дел...ги отворив очите неколку милиметри над неговото лице, заприметив дека цело време додека ми беа затворени ме посматрал. Тие 5 секунди фиксиран поглед меѓу моите кафени ко коњак и неговите сини ко океан очи, меѓу двајцата беа далеку поинтимни и посрамотни од целиот друг акт.
Го заприметив, како ме посматра дури се облекувам на крајот како да ја мереше мојата висина со поглед. За разлика од Хрватот, овај лик знај што сака.
Се што има да ми понуди Хрватот е Сабота да одам на геј журка (ова не ми прај забава мене).
Се чини Македонецот ќе му припадни на некој далеку попаметен од нас двајца заедно, Капетане Кроациен.
Евреинов има така нурнато во својата душа, не сум сретнал лик да се познава себе така добро. Толку достоинство има во него. Помал е од мене, ја има најбелата кожа на светот. Најтоплото тело кое било кога било до мене, бетер од радијатор уклучен на 4ка.
Бонус Византиски Левис 500-то,кец.
Моето не беше Плацебо. Но, сега веројатно не е ни битно.
^ Јака фуфа, tho.