Како “стареам” сфаќам дека најголема клетва во животот било да си син единец.
Ексик све се приврзувам за братот и сестрата на сопругата како родени да ми се.
Камо да имав бар еден брат/сестра.
Сакајте ги и почитувајте ги Вие што ги имате и не се расправајте за пола декар смрдлива земја од прадедови мочана скапана во некоја селендра.
Draga, taman nasata draga forumska koleska ja otkri grupata, kluc mu kladoja na istata. Molba do nejze, pokje da ne tarasfa po fb i instagram, se ke ispozatvori
Ако она што го носат студентите во Србија е крај на тоталитаризам, тогаш зошто профилот на Јелена Карлеуша на Инстаграм е стопиран? Пошто искажа поддршка за Вучич? Пошто не сака тинејџери без грам животно искуство, да и ја кројат иднината на Србија? Како тоа ти носиш слобода, ако си го банирал профилот на жената со најголем број следачи на Балканот на Инстаграм, од Атина до Белград?
Не верувам во вакви излитени револуции кајгано. Видовме што се случи кај нас. Последниот кој треба да одлучува за земја се деца манипулирани на емотивна база од некоја трета страна која нема најчисти намери ни кон Македонија ни кон Србија. Не верувам на ниедна стока што со сила се продава ко добра, на овој ебан свет.
Не сум седнал да се напијам саглам одамна ама нешто така ми доаѓа момент хаха. Прееска сипав две три голтки една специјал домача, како виски е, па ми стана слатка па уште пола чаша. Би останал на работа уште неколку саати да сркам, само што знам која мака е пијанството и колку пати сум се мачел па таа мисла ме одвраќа. А какво е времево само за такви некои џаболебарски подвизи е. До душа ако решам да пијам ќе биде со црно вино строго, литро ипол ќе заврши работа, да не претерам многу а и да не биде малку. Пролет е а како да е есен, така се осеќам.
Нашата генерација сведочи на нешто што е крахот на една империја, која со сите сили агресивно ќе пробува да остани во игра. Да видиме која ќе е нејзината официјална разврска, крахот и следува однатре како што е редот на сите големи. Немора ни името да и го спомнам, сите гледаме, сите знаеме која е.
Води економски војни против Европа, Кина, Русија ја чепка со Украина веќе една деценија. Балканот (кој му даде Струја на светот) го здроби до бол и неповрат во 90ти.
Не можиш против сите, без разлика колку мислиш дека си битна. Посебно не со нејзиното општество во кое луѓето клетнички се мразат еден со друг. Оваа земја нема ништо квалитетно повеќе, за да му понуди на светот. Крај.
Gi citam muabetite za kjerkite i stvarno ne znam na koj poke strav mu e, na tatkovcite kako gi tretirale zenskite ili na majkite ko bile zenski pa kako bile tretirani i nemale problem so toa
#prasanjakoimemacat
Работата ни овозможува да комуницирам со луѓе од цел свет. Сретнав еден постар американски пар. Оделе да си ги видат внуците во Германија и шетале низ светот. Имале пет деца! Од каде бре толку нерви за пет? - ги прашав.
Стариот одговори: тајната е да имаш купче земја во дворот. Секогаш кога некое не слуша, ќе посочев кон купчето и ќе им речев: се сеќавате на брат ви Џими? Вие одлучете дали ќе слушате или ќе завршите како него.
Се изнасмеавме, им посакав пријатен ден и на одење стариот ми рече: млада си сеуште, роди си уште три деца и не заборавај да си ставиш купче земја во дворот.
25 ми е омилен број, ама оваа 2025. година ми однесе неколку драги личности плус се случија неколку трагични настани, така да се прашувам што ново ке приреди?
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.