Aх бе другар, луѓево убедени дека ако го сментат Мицко, Заев Рајко Трајко Петко, дека системот магично ке почне да функционира. Ние 2 децении сме дозволиле да се поткопува државата, и тука проблемот го наоѓам во тој трет, четврт ешалон на власта.
Сигурно Мицко или Заев не му кажале на тој кретенот во Кочани да ја потпише лиценцата за работа. После Друмо, истата мисла од погоре, сега ке се стегнат работите со превозот. Секој ден некаде се запалува по еден автобус на ЈСП, фала богу што нема жртви. Овој Дурмо пак го фатија без некоја лиценца, само овој пат во новорегистрираната фирма.
Нажалост, не гледам како ке се реши случајот со корупцијата, зашто е распростанета на сите нивоа. Ако го смениш Премиерот, кој и да е, уште 7 нивоа под него зимаат мито. И тоа се луѓе кои исто, како двата примера погоре, потпишуваат дозволи за места каде што има огромна фрекфренција на луѓе. Нас ни треба целосно нова администрација, тренинг за да разберат каква одговорност носи нивниот потпис, и највисоки казни за корупција.
Замисли, само замисли, детето на тој дебилот што дал дозвола ова да се користи како дискотека, да било синоќа внатре. Само тогаш би разбрал како им е на другите родители. Него ајде, ко што пишаа погоре, не е време за политика. Ке се има доволно време да се користи настанов за добивање политички поени.