- Член од
- 30 ноември 2007
- Мислења
- 7.478
- Поени од реакции
- 5.932
Пред скоро време косовските граѓани можат со своите возила со РКС таблици можат да се движат низ Србија, а од друга страна Србија не издава веќе српски таблици за косовските срби.
Ги призна сите косовски документи на кои пишува Република Косово.
Последната и најголемата услуга ја направи со повлекување на сите вработени срби од Косовските институции, ги презедоа албанците општините на север, па издадоа дозволи да се обноват куќите на протераните албанци, се затворија сите паралелни српски институции на Косово, остана само уште училиштата на север и болниците.
25 години србите не плаќаа ни еден цент струја, од лани почнаа да плаќаат.
Се затворија српските поштии, банки, се отворија косовски.
По прв пат после 25 години, албанците отворија бизниси на северно Косово, буквално сред плоштад на северна Митровица имаш албански продавници, албанците слободно се движат веќе таму, а пред некоја година полицијата не смееше да влезе.
После нападот кај манастирот Бањска, Вучиќ му го отвори патот на Курти за да го освои северот, после тој настан илјадници млади срби го напуштија Косово, заедно со нив избегаа и насилниците под контрола на Вучиќ, сега истите ги користи против опозицијата во Србија.
Вучиќ го уби Оливер Ивановиќ, и место него назначи бандити за да ги водат србите.
Терористот Радојчиќ стана милијардер, бидејќи заедно со Вучиќ го цицаа буџетот на име на опстојување на Косово, имаш истражување на кое се гледа како крадат пари на патриотски проекти.
Ценам дека Вучиќ инсталираше селацизам кај српскиот народ.
Вучиќ по однос на Косово го заврши делот што требаше, де факто го призна Косово, им остави на следните само де јуре да го сторат тоа.
Си договори Охридски договор со Косово, тоа е де факто признавање.
Не ми се допаѓа типот бидејќи е непредвидлив лажго, секој втор збор му е лага, зборува за некој економски бум а сепак 700 илјади срби исчезнаа за 10 години, иако имаат прилив од срби од околината.
Непредвидлив е бидејќи за да ја сочува власта е спремен да го убие сопственото чедо, треба отварање очи четири за такви почитичари.
Не исклучувам крвопролевање на Косово или Српска за да проба да се извлече. (Со тоа само ќе ги докрајчи србите на тие простори). Да не беше таа негова спремност за глупости, ќе го подржев да им служи на србите до смрт.
Албанците не треба да ги плаши човек како Вучиќ туку некој како Ѓинѓиќ.
Последно уредено: