Нинџа, знам дека вие не ги прајте цените, и дека вие што не живеете од туризам сте позаебани од нас, вие цела година ги плаќате тие цени. Никој не вика Охрид да има исти цени со Стење, Претор итн. Но, ипак малку треба да се симнат угостителите и тие што имаат удел во туристичката понуда на земја, и да сфатат дека подобро е да продадеш 1000 Нескафиња со 50 денари заработка, него ли 50 Нескафиња со 100 денари заработка, ама како и да е нека тераат како мислат.
Ете го тука немој да се навредиш, вашиот скрооос погрешен пристап, кој по се изгледа дека џабе се надевам, ама очигледно никогаш нема да го искорените: „Ако не ти се бендисвит, сеј си Стење итн“ ...Јас ќе ти речам „Ок е брат, ќе си одам Пефкохори, Црна Гора итн. Не сте единствени, од мал сум во Охрид. Ќе дојдам еден ден во летото, да ми помини ќефот, со кола, ќе се искапам, денар нема да ви оставам..“ И ти мене ќе почниш да ме плукаш: Преку тасета ако не идиш, наместо Охрид ги оставаш парите Грција, Црна Гора, Бугарија итн..Јас ќе ти речам: „Да, ги оставам. Одам да видам нешто ново, нешто што немам искусено, и да уживам“. Преку тасета, мене, на другиот, на петтиот, на 1000тиот и кај е крајот? Не сум незаменлив, ама не сум ни единствен..Охрид крај краева ми е виден, имам доста поминато таму, сите места ги имам по 100пати посетено, а ти не ми даваш нешто ново да ме заинтригира да се одлучам пак да дојдам во Охрид на годишен одмор, згора на тоа ми лупаш цени за 4 дена во Охрид, како да сум 10 дена во Венеција...
Наместо да ми речиш „Чекај брат, што ти фали во Охрид? Што би направило за пак да ти биди интересен за годишен одмор? Кои се твоите мислења сугестии, идеи што треба да се реализираат за ти како турист пак да го посетиш Охрид? А не на секоја добронамерна критика, одма со зборојте Сеј си стење за тие пари...Вејт а минт..За помалку пари ќе одам ќе се капам во море, кое да не се лажиме е неспоредливо со езеро, и сега наместо да се запрашаш чекај бе чоеков да напрам да го привлечам, ти ми велиш сеј си стење..Па ќе си седам бе брат..Ќе седам јас, другиот, третиот, четвртиот...Овие малишаните 15-18 години што ви се најчести гости (оти од дома не ги пуштаат подалеку) ќе пораснат и тие ќе сакаат нешто ново, новите генерации уште повеќе се у гасу сам, и од 15 ќе почнат да одат по мориња..А вие ќе си продолжите ко оние старите од Мапет Шоу на тарасата...Ак не ви чинит сејте си Стење.....
Градот е преубав, има места за посета од секаква природа, има потенцијал да понуди нешто и за најмлада возраст, и за 80+ но ајде да се надеваме дека ќе добиете откровение, и ќе се обидите нешто да направите пред да биде предоцна...
п.с. 2 месеци летна сезона, е многу малку за потенцијалот што го поседува Охрид..Охрид има потенцијал да има фул туризам 10 месеци во годината, ама со правилен развој, со компетентни луѓе кои ќе се залагаат за развој на туризмот, и со мора малку, отварање на чакрите во вашиот мозок и уривање на вашиот еготрип каде сте вие незаменливи, и дека туристите се река која не пресушува...