Интер не ги плати ефтино Лаутаро, Барела и остали кога ги земаа али им се исплатеше.
Ние сме имале само 3 такви трансфери у понова историја, Андре Силва што испадна мивка, Леао и Де Кателаре.
Се друго се трансфери од бувљак.
Пред некој да рипне за Тео, не го пишувам затоа што релативно ефтино го земавме, а и никој не очекуваше премногу од него, самите Реал го пуштија.
Тео е земен за само 2 милиони помалку од Лаутаро. Томори е земен за 5 милиони повеќе, а Чуквуезе 5 милиони помалку. И Пулишиќ е тука некаде.
И колку се тие "остали"?
Пулишиќ е фудбалер што може да игра во тим што се бори за ЛШ, доколку има континуитет и не се повредува. Или многу блиску до тоа ниво. Него повредите му се проблем во кариерата, не квалитетот.
Инаку, без пари не бива ништо, не сме откриле Америка ако го напишеме тоа. Но, важно е и како ќе ги трошиш.
Сити нема потрошено многу повеќе од Јунајтед, на пример, но резултатите се многу различни. Може да ги ставиме и Ливерпул и други за споредба. Сити не купува ѕвезди, освен Халанд.
Но, не е битно тоа за нас толку, затоа што ние сме доста далеку однив, тие клубови заработуваат многу, многу повеќе од Милан. Не дупло, туку трипати и повеќе.
Затоа Милан мора да се снаоѓа поинаку и да оди по спореден пат, а во меѓувреме да ја намалува разликата во приходите, песимист сум дека можеби некогаш и ќе ги стигнеме.
Ако се вратиме во реалноста, проблемот кај Милан е тоа што изминативе сезони има најмногу инвестирано од италијанските клубови, а тоа не се гледа на терен. Тука мора да се променат работите. Можеби со тие први сезона-две на Кинезите, Интер е нешто во предност.
Едноставно кажано, ние нема да бидеме Реал и Сити. Тие заработиваар 800 милиони, одат накај милијарда. Ние се надеваме за четири години да стигнеме до 500-600 милиони. Дури и со шеици тоа ќе оди тешко, но веројатно е единствен начин, со нивни богати спонзорски договори, барем некогаш да се приближиме.
Ставање на Милан во иста реченица со овие клубови е само за да се покаже колку сме далеку од нив, а не што треба да направиме следното лето.