Ама така е брат, јас не знам што запнале нашите со таа Европа и веќе преку глава ми е од читање секакви коментари од типот на тоа како убаво се живеело во Европа, а ние Македонците сме биле простаци и не знам си што.Ние не сме најсовршени кај нас има многу работи што недостасуваат ние не можеме пак да се споредуваме со Европа, ама нека не ја величаат до толку таа Европа кога и они се на слично рамниште со нас, за нијанса може се подобри од кај нас кога станува збор за соживот, за економија веќе е друга тема ама кога станува збор за соживот и другите работи кои што ни ги проповедаат тие не се подобри од нас.
Не сум нешто особено приврзан за Македонија, мене Македонија ми донела само безработица и голгота и период каде сум морал да работам и по 15 саати за да донесам дома за леб, па и една година живот без струја, ама сега нека не јадат премногу бурек да му се сневиди.....