Па не баш... Linux, уствари е името на кернелот, и ништо повеќе. Целото име на оперативниот ситем е GNU / Linux. GNU знаеш што е сигурно... е сеа, типциве почнале да си развиваат кернел, ама не им идело баш многу (очигледно

), а во меѓувреме Линус развил кернел кој што е помалку или повеќе POSIX компатибилен (да не речам UNIX-like). Пошто се покажал кернелот како добар, решиле да го земат како база за оперативниот систем, кој што, поради тоа што се состои од Linux како кернел и GNU, како остатокот од оперативниот систем е наречен GNU / Linux. Е сеа, пошто е комплицирано уствари името (а и малце грдо

)... најчесто ќе го најдеш пишан или ќе го чуеш само како Linux.
Иначе, тоа што го нарекуваш “оперативни системи“ (претпоставувам мислиш на дистрибуциите), се е само еден оперативен систем (we are The Borg

)... И Убуну, и Сузе и Федора.. сите се GNU / Linux...
Се изнафилозофирав... не знам дали бев јасен

Ако не, пиши пак
