Freakonomics ми е порачана од Америка пред еден месец и кај и да е треба да ми стигне, ја имам и како e-book, но повеќе сакам да читам од книги

Ми ја има препорачано колега кој за вакви книги е гениј, па чекав поволна понуда и ја купив. Колку пари беше на штандот од Икона? Мислам дека беше 900 денари без попустот, јас ја глеав SuperFreakonomics но некако повеќе ми се исплаќа да ја земам од интернет, ваму и со попуст беше околу 1.400-1500 денари, а од интернет нова би ме фатила околу 1.000 денари. Не знаев дека Икона имаат толку многу странска литература, да знаев ќе разгледав прво што книги имаат па после ќе купував, не сум од тие кои на саем одлучуваат каква книга да купат, обично се ми е однапред испланирано, барам прво критики на нет, па после се одлучувам. Мислам дека имаа од Икона имаа напишано веб страна на штандот, само што не обрнав многу внимание, па ако ја знаеш кажи ја

Инаку јас купив шест книги од штандот на Три, сите на македонски.