Конкретно примерот ми беше за Трн и Мериџејн, знаеш зошто, вадење очи у галерија, а супер дружба на собиранки.
И не би рекла баш дека е лицемерие, поише се работи за тоа дека не си го сваќаат форумот лично (никој од нас не треба лично да го сфаќа) и ги разграничуваат личностите кои се на форум и личностите кои се во реалноста.
Да речеме дека секој член овде е двојна личност

Тоа не значи дека глумиме лудило и дека си лечиме тука комплекси на нижа вредност правејќи се мадафакери а во суштина сме лузери; туку факт е дека НИКОЈ, колку и да сака, не може да се испрезентира исто овде, преку пишан фактор, и надвор во реалноста, преку контакт во живо.
На крај краева, за заебанција се работи и Трн и Мериџејн многу добро ги имаат разграничено тие работи.
Мада не очекуем да се согласиш со мене за ова, зошто по мое мислење, и ти спаѓаш во оние што премногу лично си го сфаќаат овој фиктивен свет
