Конкретно, доста корисна ми се гледа статистика за бизнис и економија... опширна е книгата, опфаќа повеќе теми и поубаво се објаснети работите, така што максимално ќе ја искористам за последниов колоквиум.
Останатите учебници не стигнав подетално да ги проанализирам, иако видов по неколку предмети што ќе ги имам во втора и трета, па верувам ќе се најдат ако за ништо друго колку за координација со нашиве книги
Преводите претпоставував дека се катастрофални, ретко да сме превеле нешто коректно... но тоа е тоа, во крајна линија ако се решам да купам преферирам тоа да биде во оригиналната верзија на англиски, тука нема утка... а кога сме веќе кај англискиот, не знам дали го посети саемот, на штандот на икона имаше доста интересни економски дела од повеќе автори, го имаше Котлер, нешто од Harvard Business School, The Economist, а земав и еден доста познат бестселер Freakconomics - во случај да не ги го прочитал го препорачувам.