Декстер моментално ми е ставен во мирување.

Види вака. Мене уште од првата епизода ми беше јасно дека е добра и квалитетно направена серија, само што имам “проблем“ со ликот на Декстер.
А башка и дека не е до толку оригинална идејата за човек од законот да го “земе“ законот во свои раце. Имало еден куп филмови и серии со вакви карактери, ама па Декстер е и превише екстремен со начинот на кој ја “задоволува“ правдата.
Третата сезона не знам со што е, а за четврта видов (на фокс фатив една епизода) дека е со Џон Литгоув (одличен глумец) и верувам дека има супер интересни и одлично одиграни сцени, и најверојатно само поради него ќе се “натерам“ да ја догледам серијава.