читај и плачи е бате ѓаол скапан
Ново признание за „Принцот од Рим“
Капитенот на Рома, Франческо Тоти е избран за најдобар активен фудбалер во анкета на дневникот „Газета дело Спорт“ во кој учествуваа 100 одбрани представници на италјанскиот фудбал.
Добитни на ваквото признание наведе дека ваквото нешто многу му значи што за да го добие добил гласови од личносто од различни сфери во друштвениот живот во Италија.
„Ќе докгажам дека нивниот суд беше исправен.“ - порача 33-годишниот Тоти кој според гласовите на испитаниците беше подобар од соиграчот во Рома, Даниеле Де Роси и играчот на Милан, Андреа Пирло.
Тоти во дресот на Рома досега одиграл 434 натпревари и постигнал 188 погодоци, додека боите на „азурите“ ги бранел на 58 натпревари со учинок од 9 погодоци.