DBack,
Те гледам чоек во години и по малку темпераментен па чисто ме интересира од аспект на субјект дали и колку ја имплементираш атеистичката доктрина во околината која те сублимира.
Да бидам попрецизен ќе кажам мојот случај, значи јас сум хардкор атеист во душа (хехех душа како термин), но лично не го наметнувам мојот став се додека некој не ме испровоцира доволно и тоа ќе го направам јасно и концизно.
Пример на слава кај дедо ми викам викам "Ајде со госпо напред", или пак по роднини и пријатели на крштевки "Ајде госпо догодина чупе/машко да ви дај" повеќе од традиционален бонтон не од нешто друго.
Се случи сега брзо да бидам кум на една свадба и мораше да ги терам сите адети во кој меѓу другото е и да кажеш дека веруваш во бог или нешто слично ама на крај памет не ми падна да им ја упропастам венчавката на младите и да се развикам како Џордано Бруно.
Мислам ме разбра што сакам да кажам, и ако ти е прашањево премногу лично не мора да го одговориш или пак пиши го по пп.
Поздрав