Мило, јас само да ти кажам за уште една работа за тие инекции ( инаку, освен инекциите, постојат и таблети ). Не е препорачливо 5-6 години по ред да ја вакцинираш, бидејќи тоа е на хормонска база и после подолготрајна употреба може да дојде до хормонско пореметување, лажна бременост, пиометра ( болест на матката од која мачката може да умре, доколку не се реагира на време )...
Доколку не планираш воопшто да ја париш, а сакаш здраво милениче, сепак би ти препорачала на стерилизација да ја однесеш. Не мора да значи дека ќе стане безволна и ќе биде како “мебел“, бидејќи знам примери за мачки кои што станале дури и подружељубиво после стерилизацијата. И наидов на податоци дека што поскоро се направи стерилизирање ( пред или по првиот циклус ), помали се шансите за појава на тумори на млечната жлезда и нема можност за пиометра, бидејќи матката се вади.
А доколку само привремено решение ти треба, тогаш слободно можеш со инекции.
Бубни ја Бети од мене.:back: