Ја видов оваа опција за контакт со пријатели па да ја проверам

Читам ова со ,кикомц, добро му одговори. Оние со кои се поистоветуваше стариот систем навистина се вселија во ДПМНЕ, тие или нивните деца. Им се потрефи кризата во СДСМ да стекнат опасна моќ. Се согласувам дека на овие око не би им трепнало да можат и логори ќе отвараат, и не е чудо следно за да го заштитат ликот и делото на ,свети Никола, и вербални деликти да вратат во КЗ.
Проблемот е што народов е како хипнотизиран и нивната моќ може да се доведе во прашање само ако се разоткријат со некое предавство кое веќе виси во воздух. Нормално ако е тоа цената секој патриот попрво ќе одбере да трпи уште 4 години, само нека не менуваат име, нека не ја федерализираат Македонија.
Но, расплетот не зависи само од нивниот лажен патриотизам, стегнати сме од сите страни, ке видиме времето што ќе ни донесе. Би било добро овие другите (СДСМ) да престанат да ,паѓаат,, зашто се растура една моќна политичка инфрастуктура, а нема нејзина алтернатива. Таков вакум е опасен за државата. Зашто која демократија со индијанциве. Кога ќе ми текне со каков ентузијазам ја правевме ВМРО-ДПМНЕ, и кој дојде, всушност она што си му го пишал на ,скај дог, ,,Тешко другарче,многу тешко во овие нови повампирени комунистички стеги само со портокалови бои,, и беше поводот да ти ја пратам оваа порака. Ни на сон не сум можел да претпоставам дека еден Зинго, еден Павле, еден Стојан еден Тито ќе станат војводи, а за Тачи па да не зборувам.
Времето кое доаѓа барем нема да е досадно

Поздрав