Умрелица од пра(дедо) или пра(баба) родени пред 1918 и потврда од друштво, документите ќе ги предадеш во конзулатот и ќе си чекаш, јас така го добив указот на рака за 2 години и 4 месеци, со едно одење во Бугарија за сликање за лична карта и пасош....
Aко не ти дале ден, земи си сам....ако и тоа не можеш тогаш ноќта ти е твоја.....абе лажи, кради, шо знаеш прави само указот земиго оти може да те чини колку 100 такви денови што не ти ги даваат...
Точно е, малку се досадни луѓево ама да дефинираме дека се најмногу зависи од среќата а не толку од документите....јас немав ни стар документ, ни брат, ни сестра, ни вујко, ни родител, едноставно извадив извод на умрени од дедо роден пред 1918-та и потврда од здружение.....година и четири месеци...
Интервју 16 Фебруари во Битола, Удостоверение во Јуни 2017, вчера пасош и лична карта во раце, со мало закаснување од финансиски причини и немање слободно време од работни обврски......само со Извод на умрени од дедо роден пред 1918 во Македонија..... бидете трпеливи сите со Македонска...
Бидете упорни ќе стигне, јас чекав 4 месеци и го подигнав пред некој ден, ако одите Софија побарајте некаква потврда од амбасада....Удостоверението се подига лично по правило од местото каде сте го правеле интервјуто....
Kако што читам на форумов може, ама ќе те чини скоро исто како со посредник, плус малтретирање и гњаважи колку сакаш, луѓето си ја знаат работата и за некое евро плус барем ќе заврши агонијата...а и за земање ти бараат адреса со две слики пасош формат...
Не ме чуди, кај многумина стасува брзо по електронски пат, ама кај некои како кај мене не е сеуште испратен во Конзулатот, за сопругата веќе го зедовме. Токму затоа службеничката ми посочи да им пишам на посоченната адреса за да го препратат, но адресата не функционира деновиве како што гледам...
Aбе од 01.01.2019 сите кој поднеле документи за Бугарско Државјанство а се Македонци ќе го добиваат по забрзана процедура, да не се секирате многу, знам оти чекањето убива......ама стрпете се малку....
Абе се јаувам во Конзузулатот Битола по преписката дека ми е потпишан указ и ми вика службеничката дека моето Удостоверение сеуште не било пратено да почекам...Е сега по скоро три месеци ми вели да сум напишел е-маил на посочената адреса и да ги замолам да го препратат во Битола нормално со...
Знае ли некој дали работи е-мајлот на
bgcitizen@justice.government.bg
bgcitizen2@justice.government.bg
се обидувам да испратам порака за да го испратат удостоверението во Битола кое го чекам скоро три месеци, но покажува дека пораката не е испратена, или адресата како да не постои?
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.