Здраво,
Како нов член на овој форум, потребна ми е одредена помош, како не би ге прекршил правилата.
За почеток би сакал да се вклучам во делот Фотографија и да поставам слики кој јас ги имам направено.
Ме интересира, како да закачам слика и во која максимална големина може да биде.
Дали според Вас на овој форум постојат членови кој се занимаваат професионално со фотографија и кој се тие? Така ке можам да посветам повеќе внимание на нивните критики за да го подобрам својот аматерски пристап кон фотографирањето. Јас од неодамна поседувам Panasonic FZ35/38 кој според критиките е солиден модел за аматерска фотографија па би сакал да научам како правилно да го извлечам максимумот од него. Благодарам