Како мислиш во однос на приказна или на рејтинзи? За приказна не го гледам често ама имам доста спојлери ако сакаш може да ти ги пишам или да ти дадам линкови.
Важи, ако стигнам овие неколку дена ќе ги средам, ма да не верувам зошто имам премногу обврски. После одам Бугарија до 18-ти некаде, па најверојатно кога ќе се вратам ќе ги средам. Се надевам дека не ти се брза премногу.
Јустинијан I е во Центар, до него се Филолошки и Филозофски и карши него Економскиот. Од Пелагонија до правен пеш стигнуваш за малку повеќе од пола саат.
Во Пелагонија мислам дека плаќаат околу 3000 месечно. Инаку воопшто не е блиску до Карпош, ама можеш со автобус, веројатно за до електротехнички факултет ти треба? Ќе си ги прашаш Скопјани кои автобуси те носат од Кисела вода до Карпош и обратно зашто јас не ги користам услугите на ЈСП.
Инаку не би знаела кој е најдобар студентски зашто не сум живеела во студенски, во стан сум. Сум спиела само 2-3 пати во Пелагонија и ми се допадна, сега нормално сегде има предности и недостатоци, ама ко што ми имаат кажано Кузман и Пелагонија се со најдобри услови.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.