Влијанието на социјалните мрежи во врска или брак? * разведени и сингл жени после 35та

Дали социјалните мрежи имаат улога во еден брак или врска?

  • Да

    Гласови: 67 76,1%
  • Не

    Гласови: 21 23,9%

  • Вкупно гласачи
    88
J

joli1

Гостин
Темава ја почнувам после неколку месечна дискусија со пријатели и пријателки, како и со познаници, но и како резултат на некои мои претходни животни искуства.

Сметам дека она што се занемарува денес е влијанието на социјалните мрежи во секојдневниот живот на луѓето, па така и влијанието на социјалните мрежи во врските, браковите, како и во дејтањето и пред истото.

Се со цел да се поттикне дискусија во темава и форумашите и форумашките да го кажат сопственото мислење за оваа тема, ќе ги споделам моите мисли и ставови во врска со ова прашање, а истовремено ќе очекувам од форумашите со меѓусебна почит да разговараат на оваа тема, да споделуваат мислења и искуства и да го почитуваат мислењето на соговорниците, како и тоа да бидат објективни во нивните постови.

Јас лично сметам дека социјалните мрежи се нешто налик пазар3, реклама5 и слични сајтови за рекламирање, само што во овој случај се работи за саморекламирање т.е рекламирање на сопствениот живот како и на сопствениот изглед се со цел добивање одредена количина на пажња и/или валидација од најблиските и (најчесто) спротивниот пол, како и обид за издигање на сопствениот социјален статус во општеството завиткано како платформа која служи за меѓусебна дигитална интеракција со содржини кои најчесто само го губат времето на индивидуата, ствараат комплекси кај одреден тип на луѓе, даваат некоја нереална слика за многу животни прашања, но и истовремено најчесто освен проблеми и детрименталност, ништо друго не носат во животот на двајца кои се во врска или пак во брак.

Многу луѓе со кои што имам разговарано на оваа тема, без разлика на полот, одбиваат да признаат дека најчесто валидација и/или пажња често бараат по пат на социјални мрежи, преку постирање на краткотрајни сториња, постирање слики од самиот себеси и слично, како да е воопшто погрешно да тражиш пажња, а според мене воопшто и не е е се додека примарен извор на добивање на пажња, валидација и самодоверба не ти се социјалните мрежи, сметам дека човечка природа е да тражиш пажња и валидација од луѓето во својата околина и најблиските, но за истото треба да си свесен наместо тие работи да ги правиш скроз потсвесно.

Проблемот настанува кога ваквите навики продолжуваат во една врска или брак - секојдневно или пак често постирање на селфи сториња, постирање на провокативни (за спротивниот пол) слики, лајкување на слики на луѓе кои не ти се блиски или пријатели, а се од спротивен пол, враќање на пораки на луѓе од спротивен пол кои очигледно имаат поразлични тенденции од тоа да бидете пријатели и углавном дигитално тражење на пажња и валидација од луѓе кои што не се твојот партнер/ка.

,,ама бррат ммногу си несигурен!1! зашо ти мислиш има врска тоа шо ќе стае лајк или стае слика од сам/а себе!?!11?" - секој од нас на социјалните мрежи дневно му излегуваат милион мажи/жени (зависно од полот) кои што биолошки ни се атрактивни, но со самото ставање на лајк или било каква реакција на тие постови, ние даваме дознаење на личноста која што ја има постирано сликата дека ни се допаѓа тоа што го гледаме (најчесто личноста која што е на сликата), а истовремено според мене и покажуваме непочит спрема сопствениот партнер со истото, како и даваме причина за личноста на која што и имаме лајкнато да старта конверзација со нас, нели?

Што добро за една врска или пак брак излегува од истото? Даваш до знаење на друга личност дека ти се допаѓа тоа што го гледаш (за мене лично емоционално варање), покажуваш делумна непочит спрема сопствениот партнер, даваш причина за некој/а од спротивен пол да ти пишува и да створиш револт со истото кај сопствениот партнер, или пак грешам?

Се почести се емоционалните превари, како прва скала пред и самиот чин на сексуална превара и уништување на заедницата, дали брак дали врска во која што си вложувал труд и најбитното - време.

Нажалост се почесто и почесто приметувам дека профилите на голем број на луѓе кои што се ептен активни на социјалните мрежи воопшто и не ни укажуваат дека имаат партнер/ка, најчесто за да дознаеш дека имаат партнер/ка потребно е да отвориш некоја од сликите и swipe-аш едно четири слики кои што се lust trap најчесто и оп, слика со партнерот и станува ептен очигледно дека истата личност и не е толку зафатена колку што можеби делува, или можеби е, но сигурно дава дојам дека не е кога партнерот го крие после четири други lust trap слики од самиот или пак самата себеси, лајкува слики на луѓе кои што воопшто ги нема сретнато во живот, а се од спротивен пол, итн, итн.

Да не го должам многу затоа што би сакал да се наддодадам со некои дополнителни мои мислења во темава чим се развие дискусија, сепак сметам дека најголемата причина за неуспех на денешните врски како и причина за најголемиот дел од разводи, превари и слично се социјалните мрежи.

Ме интересира ваше мислење, дали социјалните мрежи имаат позитивно или негативно влијание врз една врска или брак?
 
Последно уредено:
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.143
Поени од реакции
860
Јас реално не сум посведочил на распадната врска/брак поради социјални мрежи, но знам дека се случува во светот.
Кога ќе видам дека женет тип/мажена типка агресивно лајкуваат туѓи thirst traps, прво што ме наведува е дека се во отворена врска/брак :ROFLMAO:
 
Тоа и беше зборот што го тражев - thirst trap(s).

Не гледам како лајкување на такви слики може да донесе нешто позитивно во било која врска или брак. :coffee:
 
Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.414
Поени од реакции
2.395
Абе ако сака да те изневери не му треба фејсбук или инстаграм, ќе го направи тоа и на друго место, во 80тите години кога модерно било да се има швалерка и мажите кои изневерувале,биле сметани за ултра-мачо-фраери, немало социјални мрежи така?

Да. Немало. Не велам дека не може да се случи, но ако премногу се стега ременот на крај ќе пукне, јас лично сум доста љубоморна и посесивна во врска, доколку приметам нешто, ако ми се случува пред очи, ми се има случено повеќепати да му се пуштаат отворено пред мои очи и тогаш знае да се случи љубоморен испад, а еднашка и се искарав со една баш ради тоа, а што се однесува до социјални мрежи, давам слобода,тоа што не го знам не ме боли,само му ги имам блокнато потенцијалните, зашто имаше неколку случаи кај гледав да му праќаат срциња во коментари, беа блокнати и толку.

Во поглед на движење, немам ограничувања може да иде кај сака. Што се однесува до фб, го имам ставено во хибернација профилот, зашто не гледам никаква сатисфакција во тоа да се докажувам пред светот, и да барам валидација од некого, за мојот живот, каде одам, со кој се дружам, што јадам и пијам, и помирна сум, неголи во времето кога постирав се и бев активна, баш онака губење време ми било тоа постирање.

Не љубоморам на луѓето што постираат и се фалат со одмори, скапи, некој ресторани, и излети. Зашто реално ништо од тоа не е показател дека се среќни. Насмевката може! И редовно се одглумува! Среќата е само фасада и не се купува со материјални работи!

Знам од личен пример, пример од Дојран имам прекрасни и убави спомени далеку поубави, неголи кога сум била во Макарска на одмор. А сум се чувствувала одвратно.

Не ги прават убавите спомени скапите ресторани и скапа локација. Туку други работи, среќата е емоција, а не дестинација.
 
Никој не го негира тоа дека ако сака некој да вара во врска дека истото ќе го направи, без разлика дали користејќи социјални мрежи или не.

Проблемот е во тоа што социјалните мрежи го прават емоционалното варање и секое друго варање т.е превара далеку подостапно, далеку полесно и далеку подискретно.

,,му ги имам блокнато потенцијалните" само ми укажува дека сепак по пат на социјални мрежи постоело шанса истите детриментално да влијаат на твојот брак или пак врска, нели? Претпоставувам дека истиот ги има блокирано по твоја желба или евентуален ултиматум, или пак самиот по сопствена желба го има истото направено?

Да речеме дека не си му ги блокирала и сте влегле во некоја поголема расправија и како резултат на створен револт кај партнерот, тој решава да врати на тие пораки од ,,потенцијалните" и од таму почнува на почеток емоционалната превара, која што може на крај да резултира во сексуална превара и крај на вашата врска/брак, во тоа е и според мене опасноста на социјалните мрежи.

Иако зависи од човек до човек, не значи дека секој би постапил на тој начин при расправија и слично.

Далеку покомплицирано е во вистински живот да најдеш некој што ќе ти дава сигнали, па истите да ги сфатиш, да собереш храброст да направиш таков гнасен чин зад сопствениот партнер отколку што е сето тоа го започнеш преку социјални мрежи.
 
Претпоставувам дека не си родител, по напишаново.
Не велам дека лесната достапност на социјалните платформи и мрежи не ги значително "олеснува" шансите за неверство, точно е дека ги олеснува. Јас мојот личен став го искажав, се додека не гледам(не се случува пред мои очи), не ме боли. А дека можеш секој чекор на партнерот да го исконтролираш, не можеш. Кога ќе излезе, не знам кај оди, така? Дали на кафе со другар му како што вели или на друго место. Не можам да му забранам да излегува. Јас само велам дека не сум оптеретена со тоа, давам слобода, зашто не ми е тоа на прво место. На прво место ми е син ми. А тој ако сака да изневерува нека изневерува, само нека биде дискретен, зашто ако го фатам на дело може да му вратам дупло.
 
Ne, ne sum roditel seušte, se nadevam deka vo idnina kje sum.

Ti go razbiram stavot, no jas lično ne bi sakal da živeam so nekoja koja što možebi pred mene kje bide super, a pozadi grb kje flertuva, emocionalno prevaruva i komunicira so ,,potencijalni" ili kako što ti spomna ,,se dodeka ne se slučuva pod moi oči".

Najdobro e da se najde partner/ka koja što ne e takva, no dokolku si se zaebal vekje togaš postavuvanje na nekoi granici e neophodno t.e najdobro e istoto da se preventira se so cel da se zaštitiš sebesi i zaednicata vo koja što ja gradiš i si vložil trud i vreme.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.201
Поени од реакции
20.868
Да. Немало. Не велам дека не може да се случи, но ако премногу се стега ременот на крај ќе пукне, јас лично сум доста љубоморна и посесивна во врска, доколку приметам нешто, ако ми се случува пред очи, ми се има случено повеќепати да му се пуштаат отворено пред мои очи и тогаш знае да се случи љубоморен испад, а еднашка и се искарав со една баш ради тоа, а што се однесува до социјални мрежи, давам слобода,тоа што не го знам не ме боли,само му ги имам блокнато потенцијалните, зашто имаше неколку случаи кај гледав да му праќаат срциња во коментари, беа блокнати и толку.
Сакаш да кажеш дека имаш маж во животот кој дозволил ти да му блокираш "потенцијални" кои му ставиле срце на пост/коментар? :icon_lol:

А после какање, ти му го бришеш газето?
 
Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.414
Поени од реакции
2.395
Сакаш да кажеш дека имаш маж во животот кој дозволил ти да му блокираш "потенцијални" кои му ставиле срце на пост/коментар? :icon_lol:

А после какање, ти му го бришеш газето?
Не те разбирам
 
Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.715
Поени од реакции
951
@Ocajna , ај жити мене објасни ни како си успеала да ги блокираш потенцијалните на маж ти. Му го хакна профилот или тој те пушти сам или па можеби му го знаеш пасвордот итн. Оти јас ниту и ги знам лозинките на социјалните мрежи на кои има профил жена ми , ниту па ме интересира што прави на нив . Исто и обратно , ни таа не ги знај моите ниту па треба да ја интересира што правам јас на нив ( додуша само на Фејсбук имам профил а и таму сум ептен слабо активен :) ) . Иначе треба да ти импонира ако некоја/некои му праќале срцки на маж ти а не да му ги блокираш , оти никој никому не му праќа лајкови ако него/неа не го/ја бива :)
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.016
Темава ја почнувам после неколку месечна дискусија со пријатели и пријателки, како и со познаници, но и како резултат на некои мои претходни животни искуства.

Сметам дека она што се занемарува денес е влијанието на социјалните мрежи во секојдневниот живот на луѓето, па така и влијанието на социјалните мрежи во врските, браковите, како и во дејтањето и пред истото.

Се со цел да се поттикне дискусија во темава и форумашите и форумашките да го кажат сопственото мислење за оваа тема, ќе ги споделам моите мисли и ставови во врска со ова прашање, а истовремено ќе очекувам од форумашите со меѓусебна почит да разговараат на оваа тема, да споделуваат мислења и искуства и да го почитуваат мислењето на соговорниците, како и тоа да бидат објективни во нивните постови.

Јас лично сметам дека социјалните мрежи се нешто налик пазар3, реклама5 и слични сајтови за рекламирање, само што во овој случај се работи за саморекламирање т.е рекламирање на сопствениот живот како и на сопствениот изглед се со цел добивање одредена количина на пажња и/или валидација од најблиските и (најчесто) спротивниот пол, како и обид за издигање на сопствениот социјален статус во општеството завиткано како платформа која служи за меѓусебна дигитална интеракција со содржини кои најчесто само го губат времето на индивидуата, ствараат комплекси кај одреден тип на луѓе, даваат некоја нереална слика за многу животни прашања, но и истовремено најчесто освен проблеми и детрименталност, ништо друго не носат во животот на двајца кои се во врска или пак во брак.

Многу луѓе со кои што имам разговарано на оваа тема, без разлика на полот, одбиваат да признаат дека најчесто валидација и/или пажња често бараат по пат на социјални мрежи, преку постирање на краткотрајни сториња, постирање слики од самиот себеси и слично, како да е воопшто погрешно да тражиш пажња, а според мене воопшто и не е е се додека примарен извор на добивање на пажња, валидација и самодоверба не ти се социјалните мрежи, сметам дека човечка природа е да тражиш пажња и валидација од луѓето во својата околина и најблиските, но за истото треба да си свесен наместо тие работи да ги правиш скроз потсвесно.

Проблемот настанува кога ваквите навики продолжуваат во една врска или брак - секојдневно или пак често постирање на селфи сториња, постирање на провокативни (за спротивниот пол) слики, лајкување на слики на луѓе кои не ти се блиски или пријатели, а се од спротивен пол, враќање на пораки на луѓе од спротивен пол кои очигледно имаат поразлични тенденции од тоа да бидете пријатели и углавном дигитално тражење на пажња и валидација од луѓе кои што не се твојот партнер/ка.

,,ама бррат ммногу си несигурен!1! зашо ти мислиш има врска тоа шо ќе стае лајк или стае слика од сам/а себе!?!11?" - секој од нас на социјалните мрежи дневно му излегуваат милион мажи/жени (зависно од полот) кои што биолошки ни се атрактивни, но со самото ставање на лајк или било каква реакција на тие постови, ние даваме дознаење на личноста која што ја има постирано сликата дека ни се допаѓа тоа што го гледаме (најчесто личноста која што е на сликата), а истовремено според мене и покажуваме непочит спрема сопствениот партнер со истото, како и даваме причина за личноста на која што и имаме лајкнато да старта конверзација со нас, нели?

Што добро за една врска или пак брак излегува од истото? Даваш до знаење на друга личност дека ти се допаѓа тоа што го гледаш (за мене лично емоционално варање), покажуваш делумна непочит спрема сопствениот партнер, даваш причина за некој/а од спротивен пол да ти пишува и да створиш револт со истото кај сопствениот партнер, или пак грешам?

Се почести се емоционалните превари, како прва скала пред и самиот чин на сексуална превара и уништување на заедницата, дали брак дали врска во која што си вложувал труд и најбитното - време.

Нажалост се почесто и почесто приметувам дека профилите на голем број на луѓе кои што се ептен активни на социјалните мрежи воопшто и не ни укажуваат дека имаат партнер/ка, најчесто за да дознаеш дека имаат партнер/ка потребно е да отвориш некоја од сликите и swipe-аш едно четири слики кои што се lust trap најчесто и оп, слика со партнерот и станува ептен очигледно дека истата личност и не е толку зафатена колку што можеби делува, или можеби е, но сигурно дава дојам дека не е кога партнерот го крие после четири други lust trap слики од самиот или пак самата себеси, лајкува слики на луѓе кои што воопшто ги нема сретнато во живот, а се од спротивен пол, итн, итн.

Да не го должам многу затоа што би сакал да се наддодадам со некои дополнителни мои мислења во темава чим се развие дискусија, сепак сметам дека најголемата причина за неуспех на денешните врски како и причина за најголемиот дел од разводи, превари и слично се социјалните мрежи.

Ме интересира ваше мислење, дали социјалните мрежи имаат позитивно или негативно влијание врз една врска или брак?
Јас не гледам поента кога си со некој во врска или поготово брак да ставаш повеќе провокативни слики, се знае која е целта на тие слики ама за жал денеска голем дел од мажите не знаат кај се наоѓаат и го имаат изгубено компасот на тоа како треба да изгледа еден маж во една врска, која е неговата улога од традиционален аспект па се до природен и биолошки, преполно е со мажи кои служат само за да ги наместат да се сликаат за на стори и као ете нели дај да се омажам, да не ме викаат стара мома и да не ме замараат моите. На една ваква случка поврзана до некаде со темава бев сведок на автобуска во Скопје, каде детево најкултурно и постави прашање као кој е ликот на кој му ставила огинче или срце небитно, оваа лом го направи, и почна со тие срања, приватност, модерни времиња, пријатели имала она не била како него, на што после 5 минути почна да го мести 1 саат за да се сликаат. Толку ми падна жал за детето што во автобусот до Штип го мислев, ако некогаш како деца бевме сведоци на грозни моменти каде низ влезови или во кола некој ја шамара женска му, денеска се повеќе сум сведок на вакви јавни понижувања на дечкото/сопругот кое се дел од психичко насилство. Малку надвор отидов од темата ама се почнува од ова првото, повеќе не се знае улогата во врската и тука е проблемот.
 
Eve i ništo da ne pravela (seksualno) so tie momci na koi što lajknuvala i prakjala reacts, sepak štetata e evidentna i po vrskata, po doverbata vo istata, kako i vo samodoverbata na drugata ličnost.

Ona što mnogumina od maškiot rod ne go sfakjaat e deka ima mnogu ženi koi što komuniciraat so povekje maži, kako i so niv samo zatoa što se zavisni od pažnja (prv čekor kon promiskuitet) i zavisni od notifikacii, pa zatoa so niv komuniciraat samo koga im e dosadno, vo kasni saati i slično, repliciraat posle dvocifren broj minuti itn.

Da ne me razberat pogrešno forumaškite, ima i maži koi istoto go pravat, no sepak radi maško-ženskata dinamika, povekjeto vakvi ličnosti se ženi.
 
Последно уредено:

Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.414
Поени од реакции
2.395
@Ocajna , ај жити мене објасни ни како си успеала да ги блокираш потенцијалните на маж ти. Му го хакна профилот или тој те пушти сам или па можеби му го знаеш пасвордот итн. Оти јас ниту и ги знам лозинките на социјалните мрежи на кои има профил жена ми , ниту па ме интересира што прави на нив . Исто и обратно , ни таа не ги знај моите ниту па треба да ја интересира што правам јас на нив ( додуша само на Фејсбук имам профил а и таму сум ептен слабо активен :) ) . Иначе треба да ти импонира ако некоја/некои му праќале срцки на маж ти а не да му ги блокираш , оти никој никому не му праќа лајкови ако него/неа не го/ја бива :)
Две сам блокираше одкако се искарав со него, а една начекав уклучен фб и сама ја блокнав. Сега појасно е? ;) :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom