J
joli1
Гостин
Темава ја почнувам после неколку месечна дискусија со пријатели и пријателки, како и со познаници, но и како резултат на некои мои претходни животни искуства.
Сметам дека она што се занемарува денес е влијанието на социјалните мрежи во секојдневниот живот на луѓето, па така и влијанието на социјалните мрежи во врските, браковите, како и во дејтањето и пред истото.
Се со цел да се поттикне дискусија во темава и форумашите и форумашките да го кажат сопственото мислење за оваа тема, ќе ги споделам моите мисли и ставови во врска со ова прашање, а истовремено ќе очекувам од форумашите со меѓусебна почит да разговараат на оваа тема, да споделуваат мислења и искуства и да го почитуваат мислењето на соговорниците, како и тоа да бидат објективни во нивните постови.
Јас лично сметам дека социјалните мрежи се нешто налик пазар3, реклама5 и слични сајтови за рекламирање, само што во овој случај се работи за саморекламирање т.е рекламирање на сопствениот живот како и на сопствениот изглед се со цел добивање одредена количина на пажња и/или валидација од најблиските и (најчесто) спротивниот пол, како и обид за издигање на сопствениот социјален статус во општеството завиткано како платформа која служи за меѓусебна дигитална интеракција со содржини кои најчесто само го губат времето на индивидуата, ствараат комплекси кај одреден тип на луѓе, даваат некоја нереална слика за многу животни прашања, но и истовремено најчесто освен проблеми и детрименталност, ништо друго не носат во животот на двајца кои се во врска или пак во брак.
Многу луѓе со кои што имам разговарано на оваа тема, без разлика на полот, одбиваат да признаат дека најчесто валидација и/или пажња често бараат по пат на социјални мрежи, преку постирање на краткотрајни сториња, постирање слики од самиот себеси и слично, како да е воопшто погрешно да тражиш пажња, а според мене воопшто и не е е се додека примарен извор на добивање на пажња, валидација и самодоверба не ти се социјалните мрежи, сметам дека човечка природа е да тражиш пажња и валидација од луѓето во својата околина и најблиските, но за истото треба да си свесен наместо тие работи да ги правиш скроз потсвесно.
Проблемот настанува кога ваквите навики продолжуваат во една врска или брак - секојдневно или пак често постирање на селфи сториња, постирање на провокативни (за спротивниот пол) слики, лајкување на слики на луѓе кои не ти се блиски или пријатели, а се од спротивен пол, враќање на пораки на луѓе од спротивен пол кои очигледно имаат поразлични тенденции од тоа да бидете пријатели и углавном дигитално тражење на пажња и валидација од луѓе кои што не се твојот партнер/ка.
,,ама бррат ммногу си несигурен!1! зашо ти мислиш има врска тоа шо ќе стае лајк или стае слика од сам/а себе!?!11?" - секој од нас на социјалните мрежи дневно му излегуваат милион мажи/жени (зависно од полот) кои што биолошки ни се атрактивни, но со самото ставање на лајк или било каква реакција на тие постови, ние даваме дознаење на личноста која што ја има постирано сликата дека ни се допаѓа тоа што го гледаме (најчесто личноста која што е на сликата), а истовремено според мене и покажуваме непочит спрема сопствениот партнер со истото, како и даваме причина за личноста на која што и имаме лајкнато да старта конверзација со нас, нели?
Што добро за една врска или пак брак излегува од истото? Даваш до знаење на друга личност дека ти се допаѓа тоа што го гледаш (за мене лично емоционално варање), покажуваш делумна непочит спрема сопствениот партнер, даваш причина за некој/а од спротивен пол да ти пишува и да створиш револт со истото кај сопствениот партнер, или пак грешам?
Се почести се емоционалните превари, како прва скала пред и самиот чин на сексуална превара и уништување на заедницата, дали брак дали врска во која што си вложувал труд и најбитното - време.
Нажалост се почесто и почесто приметувам дека профилите на голем број на луѓе кои што се ептен активни на социјалните мрежи воопшто и не ни укажуваат дека имаат партнер/ка, најчесто за да дознаеш дека имаат партнер/ка потребно е да отвориш некоја од сликите и swipe-аш едно четири слики кои што се lust trap најчесто и оп, слика со партнерот и станува ептен очигледно дека истата личност и не е толку зафатена колку што можеби делува, или можеби е, но сигурно дава дојам дека не е кога партнерот го крие после четири други lust trap слики од самиот или пак самата себеси, лајкува слики на луѓе кои што воопшто ги нема сретнато во живот, а се од спротивен пол, итн, итн.
Да не го должам многу затоа што би сакал да се наддодадам со некои дополнителни мои мислења во темава чим се развие дискусија, сепак сметам дека најголемата причина за неуспех на денешните врски како и причина за најголемиот дел од разводи, превари и слично се социјалните мрежи.
Ме интересира ваше мислење, дали социјалните мрежи имаат позитивно или негативно влијание врз една врска или брак?

Последно уредено: