Иран

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.479
Поени од реакции
24.717
iran poveke od 2 god ima nuklearki... ne e objaveno ama gi ima, zatoa nikoj ne mu vraka denovive.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
Не реков дека ќе им дадат, ги наведов можните вектори за набавка - пошто имаат што да понудат за трговија, посебно на „сунитскиот“ Пакистан. А со оглед на развојот на другите технологии, кој вели дека немаат развиено и нуклеарна технологија и дека досега немаат збогатено ураниум.
Немаат.
Во спротивно ќе беа бомбардирани.
Иран изгуби неколку научници што работеа на нуклеарната програма во атентати.
Голем дел од капацитетот за збогатување на ураниум им беше уништен во сајбер напад.
И најбитното, Иран дозволува инспекции (засега) за да покажи дека не збогатува ураниум за нуклеарно оружје.

Русија беше една од државите кои воведоа санкции против Иран во врска со нуклеарната програма.
Нема сеуште некој доволно ненормален во ненормалниот Пакистан да помисли да соработува со Иран, уште помалку со нуклеарна технологија.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.795
Поени од реакции
34.046

Значи логиката (твоја) е дека Иран сега не се напаѓани затоа што немаат нуклеарки... Но да имаа нуклеарки веднаш ќе ги нападнеа? :unsure:
Автоматски споено мислење:

Сериозен проблем имаш со логично резонирање... Неколку моменти како за да ги размислиш:
- Иран е огромна држава, веруваш дека целата нивна територија е под инспекции?
- Иран односно Персија, и претдходниците на сегашнава Русија имаат водено војни но во моментов не само што не се противници туку имаат добра соработка - благодарение на заедничкиот непријател. Сегашните водачи на САД не само што успеаја да ги приближат Русија и Кина - нешто против што цел живот работеа поспособните претходници како Кисинџер - туку ги приближија и Русија и Иран кои наназад биле историски противници.
САД несакајќи го обединуваат светот... ПРОТИВ НИВ. :D

Можеби пропушти, завчера РФ и Иран потпишаа воен договор за заедничка одбрана. Не преку ЦСТО туку билатерален (и без ограничувањата на ЦСТО). Ако работите дојдат дотаму да стратешките цели на РФ висат на конец - зарем ти навистина мислиш дека нема да испорачаат пар нуклеарни глави на Иран? Да, можеби тоа е блеф... Но дали тоа е блеф или не, тоа е западен проблем и дали западните можат да си дозволат тоа да го разберат како блеф? Мисли малку.
Патем Пакистан... Иран и Пакистан имаат заеднички проблем со Белучите, а убедливо поголемиот дел од Белучистан е во Пакистан. Понатаму уште ова: Индија е блиска до Израел, а Паките по дифолт идат контра на Индија.
Автоматски споено мислење:

Последно уредено:

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
Значи логиката (твоја) е дека Иран сега не се напаѓани затоа што немаат нуклеарки... Но да имаа нуклеарки веднаш ќе ги нападнеа? :unsure:
Автоматски споено мислење: пред 29 минути
Сериозен проблем имаш со логично резонирање... Неколку моменти како за да ги размислиш:
- Иран е огромна држава, веруваш дека целата нивна територија е под инспекции?
- Иран односно Персија, и претдходниците на сегашнава Русија имаат водено војни но во моментов не само што не се противници туку имаат добра соработка - благодарение на заедничкиот непријател. Сегашните водачи на САД не само што успеаја да ги приближат Русија и Кина - нешто против што цел живот работеа поспособните претходници како Кисинџер - туку ги приближија и Русија и Иран кои наназад биле историски противници.
САД несакајќи го обединуваат светот... ПРОТИВ НИВ. :D

Можеби пропушти, завчера РФ и Иран потпишаа воен договор за заедничка одбрана. Не преку ЦСТО туку билатерален (и без ограничувањата на ЦСТО). Ако работите дојдат дотаму да стратешките цели на РФ висат на конец - зарем ти навистина мислиш дека нема да испорачаат пар нуклеарни глави на Иран? Да, можеби тоа е блеф... Но дали тоа е блеф или не, тоа е западен проблем и дали западните можат да си дозволат тоа да го разберат како блеф? Мисли малку.
Патем Пакистан... Иран и Пакистан имаат заеднички проблем со Белучите, а убедливо поголемиот дел од Белучистан е во Пакистан. Понатаму уште ова: Индија е блиска до Израел, а Паките по дифолт идат контра на Индија.
Не, не се сите кусогледи.
Иран никогаш нема да добие помош од Русија кога се работи за нуклеарно оружје.
Моментално САД се заедничкиот непријател, но како што САД планира да замини од Блискиот Исток, Иран и Русија повторно ќе ги вкрстат мечевите, бидејќи се природни непријатели.
Не би сакала Русија со свој камен по глава, давајќи им нуклеарно оружје.
Затоа и ти пишав погоре, единствениот начин Русија да им испорача нуклеарки на Иран е преку ICBM. :D

Да, САД намерно создаваат непријатели.
Кога имаш чекан, зошто да не го решиш секој проблем како шајка?
Досега успешно им оди, зошто би прекинале сега?

И да, ако Иран е блиску до нуклеарно оружје, ќе биде нападнат веднаш.
Израел си го кажа своето. Делуваше против Ирак и Сирија кога едните и другите пробаа да развиваат нуклеарни оружја.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.795
Поени од реакции
34.046
Ваљда ти е јасно дека СЕГА во моментов и РФ и Иран водат војна против САД... Ти сериозно сакаш да кажеш дека прва работа на ум не им е да ја преживеат таа војна? И што би им направил Иран на РФ со неколку нуклеарни глави... Додека истовремено што таквите би направиме во Израел (на пример).

Сериозно не ја гледаш иронијата кога ти од сите луѓе зборуваш за „кусогледост“. :LOL:

Затоа и ти пишав погоре, единствениот начин Русија да им испорача нуклеарки на Иран е преку ICBM. :D
Зошто побогу на РФ би им требале интерконтинентални балистички проектили за да го гаѓаат Иран... Па одма преку Каспијско им се, а флота со Калибри имаат таму. :unsure:
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
Ваљда ти е јасно дека СЕГА во моментов и РФ и Иран водат војна против САД... Ти сериозно сакаш да кажеш дека прва работа на ум не им е да ја преживеат таа војна? И што би им направил Иран на РФ со неколку нуклеарни глави... Додека истовремено што таквите би направиме во Израел (на пример).

Сериозно не ја гледаш иронијата кога ти од сите луѓе зборуваш за „кусогледост“. :LOL:
Супер што го спомна Израел.
Со задоволство би им ја вратил "услугата", праќајќи им исто такво оружје на Украина, и многу повеќе.
Ама толку е размислувањето.
Кусогледост.

Зошто побогу на РФ би им требале интерконтинентални балистички проектили за да го гаѓаат Иран... Па одма преку Каспијско им се, а флота со Калибри имаат таму.
Е, нешто и ти да погодиш.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.795
Поени од реакции
34.046
Супер што го спомна Израел.
Со задоволство би им ја вратил "услугата", праќајќи им исто такво оружје на Украина, и многу повеќе.
Ама толку е размислувањето.
Кусогледост.
Украина е 100% марионетска држава, немаат ни модикум од независност. Ако Украина употреби нуклеарно оружје врз Русија, Русија ќе вратат директно на САД пошто не се толку глупи да не разбираат што е магарето а што е самарот... А ти ова ако не го разбираш, не знам зошто дискутираме.

Израел без разлика не нивната генеза, имаат одредена независност во сите сфери на политиката (надворешна, внатрешна). Зборуваме за целосна независност дури и од САД, додека се под делумна контрола на олигархијата која е истата таа на САД. Мислам дека нивните сегашни лидери намерно го одбраа моментов за ресчистување со Палестинците (етничко чистење), затоа што сега САД се на неколку фронтови зафатени и со идеја дека нема да можат да ги спречат. Ги ставија САД пред свршен чин каде можат само да ги поддржат. Но извесно си ја прерачунаа сопствената можност да го спроведат чистењето на Газа и Западниот Брег.
Нејсе. Проблемот на Израел, е што неколку нуклеарки се доволни за тие да станат минато, додека истовремено тие самите дури и целосно да го уништат Иран (а нема пошто тоа не можат дури ни со нуклеарки) потоа секако иранските проксија ќе ги уништат нив самите. Сето тоа е без ги ни ставаме Арапите во равенката, а треба.
Ова е причината зошто САД не дозволуваат Израел да го нападне Иран, ниту па самите ќе го направат тоа.

Тоа е малку пошироката слика за релациите, а во секој случај инфантилно е да мислиш дека е паметена досетка тоа што си „сетил“ дека Израел можеле да им дадат нуклеарки на Украина. Во било која констелација на настаните, ако Израел даде нуклеарки на Украина - тоа ќе биде последното нешто што ќе го направат како држава. Најбуквално.
Автоматски споено мислење:

Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.795
Поени од реакции
34.046

Автоматски споено мислење:

Автоматски споено мислење:

@Ska Maniac со тебе зборувавме лани дека Азерите и Балочите се двата веројатни вектори за правење бунт и обоена револуција во Иран? Епа ете, и двата вектори беа активирани во распон од нецела година.
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.897
Поени од реакции
13.022
Тешки курвичиња британски се Пакистанците.

Не за џабе се активираа и го сјебааа демократски избраниот претседател.
“Муслиманите” што никогаш не завзеле некој тврд став па еве каузата за Палестина да ја бранат.

Дали ќе ги користат против Иран, е нејасно. Ама со оглед на тоа дека ги користеа како куртони во Ирак и Афганистан.

И како земја и како култура мене секогаш ми биле одбивни. Посебно после искуствата во Европа со “избеглиците” од Пакистан.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.795
Поени од реакции
34.046
Во моментов Балочистан е алатката против Иран, инаку Пакистан се дефакто под америчка контрола. Се виде по тоа како лесно се дозволи да го сменат Кан кој очигледно рабоше во пакистански интереси кога го сменија. Е сега дали се толку под америчка контрола за да се самоубиваат (како европските вазали на САД), тоа тек останува да го видиме.

Во случајов Паките очигледно во договор со Иран делуваат против Балочите кои се и поголем проблем за Пакистан отколку за Иран. Балочите извесно тие што прават бељи во Пакистан потоа се кријат во Иран, и обратно.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.454
Поени од реакции
5.176
Иначе Иран прави прилично ризични потези. Дали ова им е искалкулирано ќе видиме.
Не бе па ти, коцкари се тоа влечат ризични потези.
Сериозно мислиш дека воени акции се преземаат туку така?

Тешки курвичиња британски се Пакистанците.

Не за џабе се активираа и го сјебааа демократски избраниот претседател.
“Муслиманите” што никогаш не завзеле некој тврд став па еве каузата за Палестина да ја бранат.

Дали ќе ги користат против Иран, е нејасно. Ама со оглед на тоа дека ги користеа како куртони во Ирак и Афганистан.

И како земја и како култура мене секогаш ми биле одбивни. Посебно после искуствата во Европа со “избеглиците” од Пакистан.
Иран и се околу е многу покомплицирано отколку се претставува.
Кина има добри односи и со Иран и со Пакистан, по се изгледа имаат посрдувано за да не дојде до пресметка.
Индија, би сакала да го нема Пакистан а во исто време има и комплицирани односи со Кина.
Индија од сите таму има недефинирана позиција во однос на тоа што сака, не ги сака западниве ама во исто време работи против зајакнувањето на БРИКС+++++, РФ е посредникот во конфликтот Индија-Кина.
Пакистан е во многу комплицирана позиција. Има судир со Индија, империјата им подари нуклераки за да не биде прегазен од Индија затоа и денес постои, но не може никогаш да ја игра улогата на Израел, едноставно народот во Пакистан таквата власт ќе ја изеде за појадок.

--------
Пакистан ги нападна Ослободителна војска на Балуџистан и Ослободителниот фронт на Балуџистан, а кои се на територијата на Иран.
За разлика од исламистичката група Џаиш Ил-Адл која беше цел на Иран, овие две се левичарски и секуларни формирани некаде во 1970-тите.

...еве го и медиумскиот покровител на Пакистан кој е задолжен за промоција на Пакистан низ ЕУСА.

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.795
Поени од реакции
34.046
Можно е Иранциве и Пакистанциве да имаат преќутен договор да ги требат овие нивниве учкари што им се пребацуваат преку граница ?
Или тоа, или влажните соништа на би-би-си и западните медиуми прават филм во обид фантазијата некако да стане реалност. Како за Украина што постојано јавуваат дека победува (ама никако да победи). :)
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.556
Поени од реакции
26.308
Или тоа, или влажните соништа на би-би-си и западните медиуми прават филм во обид фантазијата некако да стане реалност. Како за Украина што постојано јавуваат дека победува (ама никако да победи). :)
Значи на крај ваљда ќе искочи дека тие Балошите (учкарите ) се америчко прокси за дестабилизација на Иран и Пакистан.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.795
Поени од реакции
34.046
Значи на крај ваљда ќе искочи дека тие Балошите (учкарите ) се америчко прокси за дестабилизација на Иран и Пакистан.
Накратко - да.
Инаку се работи само за уште една трагична судбина на народ кој останува без држава во границите направени после Сајкс-Пикот договорите (Британија/Франција). Балучите се ирански народ ама со сунитскоисламска вероисповест во рамките на иранската шиитска сфера на владеење. Сличен народ, сроден народ ама верата не ги остава да се асимилираат во мнозинството сонародници... Се разбира дека западните опортунисти ќе се обидат да ги искористат. Претходно на северот се обидоа со иранските Азери (исто Сунити) и со Курдите.

Пакистан не се обидуваат да го дестабилизираат колку што си ги „гајат“ Балучите за ако затреба да им се закануваат на Пакистан.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom