Иран

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.795
Поени од реакции
34.046
Потврдија дека удриле во Пакистан.

Изгледа Иран или има нјукс или отидени се скроз со мозокот.
Нема подобро време од сега... Особено кога непријателот е со смолкнати гаќи на неколку фронтови, истиот непријател кој лани проба да организира оружен бунт во северот на Иран и пред некоја недела/месец истото се обиде да го направи на југоисток во Балочистан. Сега после последниве две напади против Кудите и Балочите, сите сегашни и идни (потенцијални) амерички проксија добро ќе размислат дали да извршуваат американски наредби - посебно штом очигледно америте не можат да ги заштитат. САД побрзаа да кажат дека немале жртви, што од дипломатски аспект значи „во моментов нема да направиме никаков агресивен потез“.

Потезите на Иран изгледаат ризични, и секако има ризик во нив, но да не заборавиме дека САД активно работат против нив. Два атентати на видни ирански фигури, пред пар години генералот на гардата, пред нецел месец главниот во Сирија. Потоа два обиди за организирање активен оружен бунт (и несомнено со амбиции да прерасне во цивилна војна и/или државен удар)... Сегашниве потези на Иран во основа се дефанзивни, и одмерени. Исто и во Либанпотезите им се целосно дефанзивни (Хезболах напаѓаат само набљудувачка инфраструктура во израелските погранични региони).
Офанзивни се само потезите во/со Јемен, преку нивните прокси Хутите. Тоа е најагресивниот потег и таму ќе биде најинтересно во наредниот период.

И нешто многу многу важно што од синојќа чекам некој нешто да каже, колку да видам колку се следат работите... Но да не пишувам, еве го Дима од милитари каналот (првите ~7 минути):

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.053
Поени од реакции
9.432
И нешто многу многу важно што од синојќа чекам некој нешто да каже, колку да видам колку се следат работите... Но да не пишувам, еве го Дима од милитари каналот (првите ~7 минути):
Член 5, руска верзија....чекаа да момент да станат супериорни у однос на оружјето за масовно уништување и ете сме таму кај што пишував тука пред год. дена. Ова е насочено кон деескалација на Блискиот Исток....евентуално да ги натрераат израелците да се повлечат.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.795
Поени од реакции
34.046
Член 5, руска верзија....чекаа да момент да станат супериорни у однос на оружјето за масовно уништување и ете сме таму кај што пишував тука пред год. дена. Ова е насочено кон деескалација на Блискиот Исток....евентуално да ги натрераат израелците да се повлечат.
Повеќе од јасно е дека има поголема реална тежина од членот 5 на НАТО, потпишан е меѓу две суверени држави а не меѓу газда и вазали. Две суверени држави кои делат ист интерес во многу геополитички театри. Прашањето дали Иран има нуклеарно оружје (ако не нуклеарна технолгија), мислам дека е одговорено.
Пази ова не е во рамки на ЦСТО, ги нема ограничувањата и регулациите кои одат со ЦСТО... Билатерален договор, чија содржина не е изнесена во јавност.
 
Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.053
Поени од реакции
9.432
Повеќе од јасно е дека има поголема реална тежина од членот 5 на НАТО, потпишан е меѓу две суверени држави а не меѓу газда и вазали. Две суверени држави кои делат ист интерес во многу геополитички театри. Прашањето дали Иран има нуклеарно оружје (ако не нуклеарна технолгија), мислам дека е одговорено.
Пази ова не е во рамки на ЦСТО, ги нема ограничувањата и регулациите кои одат со ЦСТО... Билатерален договор, чија содржина не е изнесена во јавност.
Нема нуклеарно оружје, и затоа е целава работа со ова. Да се заштитат у евентуален крах на Израел...односно да ги обесхрабрат да продолжат со овој поход. Иначе би имале у некој нареден период...година две ако запнат и со асистенција на Русија, ма да не би било у интерес на Русија тоа. Не сум сигурен дека би асистирале у таа насока затоа што тоа е веќе отварање на пандорината кутија со сите нишани...ако веќе не е отворена.
Има елементи моментално на блеф овде, не сум сигурен баш у приказнава.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.795
Поени од реакции
34.046
Тука е дилемата (на западните, и на Израел), дали навистина им дале некоја нуклеарна глава или блефираат. Ракетна технологија секако имаат, како што видовме и деновиве.
 
Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.053
Поени од реакции
9.432
Тука е дилемата (на западните, и на Израел), дали навистина им дале некоја нуклеарна глава или блефираат. Ракетна технологија секако имаат, како што видовме и деновиве.
Види, западот сериозно прекрши све што било некое правило до сега ама се држат до тоа да не стане земјава нуклеарна прашина на овој или оној начин. Ваков потез на Русија би бил ептен лош, ќе доведе до голема нестабилност која и вака е ризична.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.200
Поени од реакции
22.816
Иран во еден ден испотепа и Американци и Пакистанци и Евреи и Арапи. За сега без никаква контра реакција. Импресивно. Останаа уште Труците и Азерите.
 
Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.097
Поени од реакции
9.412
Тука е дилемата (на западните, и на Израел), дали навистина им дале некоја нуклеарна глава или блефираат. Ракетна технологија секако имаат, како што видовме и деновиве.
1705499835512.jpeg

Затоа сакаат нуклеарки.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
Точно, но, доколку Иран успее да развие нуклеарно оружје, ќе дојде до голем дисбаланс на силите на Блискиот исток, а тоа нема да го дозволи никој, првенствено регионалните сили, С. Арабија и Турција.
Да не зборуваме за Израел и САД, особено Израел кој побрзо ќе го нападни Иран со нуклеарки отколку да дозволи да развие нуклеарно оружје.
За несреќа на Иран, токму тоа ќе ги снајди ако стигнат до нуклеарно оружје.
 
Damned if you don't, damned if you do.....

Најдобрата Кореја успеа да развије нуклеарки и сега сите многу повнимателно ги земаат во обзир.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.795
Поени од реакции
34.046
Точно, но, доколку Иран успее да развие нуклеарно оружје, ќе дојде до голем дисбаланс на силите на Блискиот исток, а тоа нема да го дозволи никој, првенствено регионалните сили, С. Арабија и Турција.
Да не зборуваме за Израел и САД, особено Израел кој побрзо ќе го нападни Иран со нуклеарки отколку да дозволи да развие нуклеарно оружје.
За несреќа на Иран, токму тоа ќе ги снајди ако стигнат до нуклеарно оружје.
Ај сеа во истава реченица наместо Иран стави Израел и врати се наназад едно ХХ години - па коментирај.

САД денес (наводно) евакуирале воена база на северот на Сирија.
С.Арабија и Иран ги приближија односите под покровителство на Ши. Турција води војна против америчко прокси во Сирија... Сите имаат попаметна работа од тоа да се замараат со Иран сега во оваа ситуација (кога и Турција и Арапите ги оштрат ножевите во надеж дека Израел може да биде на мени).

Мое онака чисто шпекулантско мислење е дека е можно Иран да имаат набавено пар нуклеарни глави (од РФ или СК/Пакистан). Секако ќе развијат нуклеарно оружје во догледно време.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.030
Ај сеа во истава реченица наместо Иран стави Израел и врати се наназад едно ХХ години - па коментирај.

САД денес (наводно) евакуирале воена база на северот на Сирија.
С.Арабија и Иран ги приближија односите под покровителство на Ши. Турција води војна против америчко прокси во Сирија... Сите имаат попаметна работа од тоа да се замараат со Иран сега во оваа ситуација (кога и Турција и Арапите ги оштрат ножевите во надеж дека Израел може да биде на мени).

Мое онака чисто шпекулантско мислење е дека е можно Иран да имаат набавено пар нуклеарни глави (од РФ или СК/Пакистан). Секако ќе развијат нуклеарно оружје во догледно време.
Израел е во постојан дисбаланс, особено пред ХХ години, барем во поглед на големина на армии.
И покрај тоа, во војните во кои учествувал не употребил нуклеарно оружје.

Турција води војна 40+ години против Курдите, се погоди само последните 10 години САД да е позади Курдите поизразено.

САД си имаат еден куп бази во Сирија, Ирак повеќе од деценија, две. Исто толку ја делат Сирија за да не постои копнена конекција Иран-Хезболах. Израел се погрижува за воздушната конекција постојано бомбардирајќи ги аеродромоите во Дамаск и Алепо.

Твојата шпекулација е само шпекулација.
Сунитскиот Пакистан ќе им дадел нуклеарки на шиитскиот Иран. Ок.
Русија би му ги доставила нуклеарките на Иран преку ICBM.
Кај ви текнуваат овие глупости...
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.703
Поени од реакции
42.289
реално никој не може да го спречи Иран да си створи своја бомба. Можат да бомбардираат постојки, но со тоа и да предизвикаат голема хаварија. А не верувам да имаат муда за тоа цел свет да ги осуди и да се сврти против нив.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.311
Поени од реакции
7.045
и да нема нуклеарки држава како иран сигурно години наназад работи да постави терористички ќелии кои би активирале валкани бомби во даден момент,најбитното го достигнаа,ракетирање на израел е веќе можно......секоја употреба на нуклеарно оружје од израел само може да го приближи Судниот Ден,пошто никој не сака да биде употребено такво оружје на негова територија......овде може да биде ситуација - ммебм кој прв почна
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.795
Поени од реакции
34.046
Не реков дека ќе им дадат, ги наведов можните вектори за набавка - пошто имаат што да понудат за трговија, посебно на „сунитскиот“ Пакистан. А со оглед на развојот на другите технологии, кој вели дека немаат развиено и нуклеарна технологија и дека досега немаат збогатено ураниум.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom