Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Интересно… А со години се тераше наратив дека странците у Вардар го уништуваат Мак Ракометот.

Ако читаме меѓу редови веројатно ова значи носење на нови странци пред се во Алкалоид, и апел до другите клубови како Охрид и Тиквеш да носат квалитетни странци па биле и во помал број, отколку повеќе странци а да се третокласни.
Проблемот е кога имавме квалитетни странци, нашите млади таленти не можеа да учат од нив, зошто ние не ни имавме млади таленти тогаш, затоа што ВООПШТО НЕ РАБОТЕВМЕ СО МЛАДИ ИГРАЧИ.
Многу ретко кој од ракометните стручнаци во наводници, говори дека од 84-85 до 96та генерација прашање е дали извадивме 1 или 2 играчи, момент што отвори голема дупка во репрезентација после заминувањето на Кире, Жути, Стоилов, со 96та искрпивме 4 години, и вака или така го задржавме континуитетот на големите првенства.
Не дајбоже да бевме во ситуација да ги изгубевме 2000/2002/2004, ќе ги чадевме главите, генерации од каде што излегоја и доппрва излегуваат новите носители на репрезентација.
Автоматски споено мислење:

Нека земе Кире со Серафимов еден ден во неделата да вежбаат по 2 саати еден на еден во сала (со или без голман, небитно) и нека го спреми да биде шутер барем приближно до него. Има материјал таму, мора да се одработи.
Имаше коментар од Лазаров за Серафимов дека тој самиот се гледал и сакал да игра повеќе на дуел игра отколку да е шутер, шо нормално му било нелогично на Лазаров, а ако остане со тој физикус ни едното ниту пак другото нема да го совлада.
 
Последно уредено:
Ако сме паметни Фитиљ на лев бек треба да го користиме, има скок и јак шут, го покажа денес тоа
Под хитно требит во репрез. да се вратит Жути и само индивидулно да работит со Митев ,Џонов...,а Столе да работит со пикерите....не е толку мрачно колку шо мислиме имат многу дијаманти само треба добро брусење (не морат да се носат во антверпен за брусење)
 
Го подзаборавивме малце у цела ука и бука, ама Кизиќ кога доби шанса ја зграби, и тоа уште како. Мислам дека треба да делат минутажа со Томовски и Митревски и да се прави скаутинг на противникот, според тоа кај шутираат како играат да им се пушта еден од овие 3ца затоа што се сите со различни карактеристики и стилови на бранење
 
Се слагам дека тие тројца сега за сега се добра голманска постава.

Најкласичен голман ми изгледа Томовски и од него мислев дека до сега ќе бидне и нешто повеќе не дека ја девалвирам неговата досегашна кариера. Сепак голманите созреваат подоцна вака во просек земено плус можат добро да ја вршат својата работа солидно до подоцна отколку играчи на други позиции.

Со подобра одбрана голманите ќе ни заличат уште повеќе но не сме ни блиску до добра одбрана сега за сега.
 
Абе види од друга страна и боље вака него да отиде во екипа каде што нема да брани. Во Вардар има супер минутажа, на крај краева и Борко отиде во Барселона по стари години. Океј сме со голманите реално.

Што вика Рајдер и Галевски доаѓа, на последниот собир доста добро си ја заврши работата, ќе видиме оваа година надежите како ќе се покажат.

Него ме интересира што се случи со Јоновски и Ангеловски нели исто беа дел од стручен штаб на репката, сега не ги гледам
 
Ние уствари никогаш не сме имале голман од тој тип како Галевски, да го наречам модерен, висок со долг распон на раце и нозе, да може цел гол да го покрие, нешто како Ландин, Коралес, Халгримсон и така натаму, не викам дека ќе го достигне тоа ниво, само е прв наш голман со такви предиспозиции.

Претходно ние најчесто произведувавме голмани од два типа, едниот беа дечки со некое кило вишок, како Борко, Диви, Зенга, Дупјачанец... Станале голмани зошто во младинци не можеле да им најдат позиција.
Другиот тип, ниски брзи голмани, како Митревски, Трајкоски, Паунов...

Нешто слично се случува и со пикерската позиција, од буциња пикери како Столе, Ванчо, Пешевски, кои поради физикусот може да се користат само во еден правец сега стигнавме да вадиме високи, јаки и подвижни пикери што можат да се користат во два правци, како Стојковиќ, Карасманакис, Ристевски, Аларов...
Со тоа се отвараат многу нови можности во играта, прво и најбитно не се губи време за замена и со тоа опасност од примање брз и лесен гол, колку пати во минатото сме примале гол додека ја извршиме дефанзивната замена Јоновски-Маркоски.:tapp:
Второ може да играме брз центар, да повлечеме транзиција, брзо да префрлиме топка на противничка половина и со тоа да ја нападнеме нивната одбрана уште не спремна целосно, да казниме грешка на противникот.

Овие работи вака може изгледаат небитни ама во денешниот ракомет кој се игра се побрзо и технички прецизно многу "ситници" можат да бидат клучни за конечниот исход.
Добро е што конечно и ние се прилагодуваме и почнуваме да го следиме трендот на големите репрезентации, само така во иднина ќе може да се спротиставуваме на сите репрезентации и да бидеме редовни на првенствата.
 
Него ме интересира што се случи со Јоновски и Ангеловски нели исто беа дел од стручен штаб на репката, сега не ги гледам
Еден по еден ги снема ,Жути,Јоно и Бране...дали заради тоа шо Кире не им даде многу слобода во работата или ....јас мислам чисто се работит за Пари можеби само Кирка успеа да напрајт Џандар збира од рфм ,другите трошки......
 
Уште еден поглед кон статистиката на првенството по првата групна фаза:

Детално по играч за Македонија
1705521505147.png

Напад
1705521714121.png

Реализација
1705521775714.png

Одбрана
1705521864625.png

Неколку работи што паѓаат во око:
1. На крај 49% од нападите ни завршуваат со гол (просек е 54%), на делба на 17то сме од 24 екипи. Притоа 47% ни била успешноста на позициските напади (исто 17ти, 52% просек)
2. Останавме 24ти, последни, по изгубените топки и после нешто подобриот настап против Швајцарија - на крај 29% од нападите ни завршија со изгубена топка, просек е 19%.
3. Од друга страна 65% реализација на шутеви, со што сме на делба на 8-10 место, просекот е 62%. Со мала проста математика може да се пресмета дека ако губевме топки како нормална екипа место да сме 24ти, со оваа реализација ќе имавме по 3-4 гола повеќе по натпревар во просек (а плус и дефанзивно ќе имавме ќар). Инаку во реализаторски аспект, добри бевме од крило и на влезови, лоши во контра и од пенал.
4. Голманите одбраниле 24% од шутевите, со што сме на делба од 17то место (просек е 28%).
5. Индивидуално забележително е дека Кузмановски има 17 асистенции + 1 изнуден пенал што ќе беше супер да не беа 13те изгубени топки (повеќе од пола во катастрофалниот натпревар против Германија). Пешевски со најдобро првенство за него досега: 15/17 шут, 2 асистенции и 5 изнудени пенали. Митев со одлични 11/12 шут и прифатливи 7 асистенции на 6 изгубени топки. Од друга страна Велковски 1/4 шут со 2 асистенции на 6 изгубени топки - Ауч.
6. И за крај интересно е што имаме прилично распоредена минутажа. Реална ротација на 13 играчи + 3ца со повремени појавувања
 
Уште еден поглед кон статистиката на првенството по првата групна фаза:

Детално по играч за Македонија
Прегледај го приврзокот 403972

Напад
Прегледај го приврзокот 403975

Реализација
Прегледај го приврзокот 403976

Одбрана
Прегледај го приврзокот 403978

Митев е исто така со најмногу breakthroughs/успешни влезови на 6 кој завршиле со гол, 6/7, пред Фитиљ 3, Џонов 3, и генерално стоиме добро како тим на 9 место по успешни breakthroughs/успешни влезови на 6 кој завршиле со гол, пред репрезентаци како Франција, ПОртугалија, Србија, Холандија, на делба со Норвешка и Фарски.
Иако мора да се земи во предвид дека игравме со доста јаки одбрани Франција, Германија, Швајцарија, сигурно статистиката ќе изгледаше подобро доколку од 4ти шешир место Швајцарија добиевме противник како Босна/Грузија, и во втор шешир место Германија добиевме противник како Австрија.
 
Да се надеваме за следен собир на листиве нема да има туристи. Имаш некој си Омерагиќ, Давид Ставревски, Иван Ѓорѓиев кои првенството беа да слушаат тајмаути и да се радуваат на гол, додека Павле Атанасијевиќ, Танковски, Цветан Кузмановски, Димитар и Дарко Димитриевски го гледаа европското од малите екрани. Сигурен сум дека заборавив уште некој што вреди да се спомне. Никаква логика
 
artworks-SHjjYMpEGyGRcpp7-Q2nVOg-t500x500.jpg

За последните двајца се надевам дека тролаш, иако знам дека не.
За Павле јас верувам дека Кире ќе го земеше да не беше таа повреда која го одалечи малце од натпреварувачки ритам. Танкоски имаше шанси не ги искористи во репката, сеа треба да изигра цела една врвна сезона за да добие пак повик, ќе има шанса на пролет се надевам, глава доле и работа само.

Цветан - озбилно? Место кого? Петар? Цветан е океј крило, но имаше една лоша серија во репрезентацијата и влезе у црна дупка како Талевски. Талевски е среќен што немаме други и мора да бидне викнен, иначе на лошите игри во минатото немаше да бидне повикан сигурно доколку имаше подобри играчи на тие позиции. Цветан се изнапромашува и немаше самодоверба во многу ситуации кога ќе дојдеше топката до него. Петар си заврши повеќе од коректно работата за дебитант и мислам дека позицијата на лево крило му е загарантирана доколку оддржува форма.

Уште еден поглед кон статистиката на првенството по првата групна фаза:

Детално по играч за Македонија
Прегледај го приврзокот 403972

Напад
Прегледај го приврзокот 403975

Реализација
Прегледај го приврзокот 403976

Одбрана
Прегледај го приврзокот 403978

Неколку работи што паѓаат во око:
1. На крај 49% од нападите ни завршуваат со гол (просек е 54%), на делба на 17то сме од 24 екипи. Притоа 47% ни била успешноста на позициските напади (исто 17ти, 52% просек)
2. Останавме 24ти, последни, по изгубените топки и после нешто подобриот настап против Швајцарија - на крај 29% од нападите ни завршија со изгубена топка, просек е 19%.
3. Од друга страна 65% реализација на шутеви, со што сме на делба на 8-10 место, просекот е 62%. Со мала проста математика може да се пресмета дека ако губевме топки како нормална екипа место да сме 24ти, со оваа реализација ќе имавме по 3-4 гола повеќе по натпревар во просек (а плус и дефанзивно ќе имавме ќар). Инаку во реализаторски аспект, добри бевме од крило и на влезови, лоши во контра и од пенал.
4. Голманите одбраниле 24% од шутевите, со што сме на делба од 17то место (просек е 28%).
5. Индивидуално забележително е дека Кузмановски има 17 асистенции + 1 изнуден пенал што ќе беше супер да не беа 13те изгубени топки (повеќе од пола во катастрофалниот натпревар против Германија). Пешевски со најдобро првенство за него досега: 15/17 шут, 2 асистенции и 5 изнудени пенали. Митев со одлични 11/12 шут и прифатливи 7 асистенции на 6 изгубени топки. Од друга страна Велковски 1/4 шут со 2 асистенции на 6 изгубени топки - Ауч.
6. И за крај интересно е што имаме прилично распоредена минутажа. Реална ротација на 13 играчи + 3ца со повремени појавувања
Кога би се нормализирале со изгубените топки искачаме сосема коректна репрезентација, Пешевски и Митев на грб ја изнесоа репрезентацијата, Костески коректно си заврши работа кога имаше топка до него. Капа доле. Голманите не се лоши, но за успех ќе треба подобро, но тоа е шкаклива ствар бидејќи многу ствари ти зависат од одбраната, ако ги бушат како ементалер и Ландин ќе има лоша статистика.

Некој погоре пиша дека боље ќе пројдевме да ни се паднеше Австрија, заборавајќи дека Австрија изигра реми со Хрватска и Шпанија со што ги исфрлија Шпанците, нешто што се нема случено многу време. Нема веќе лесни репрезентации, мораш да играш врвно и дисциплинирано и пак да не бидне доволно. Еве ги на пример Србија, на хартија многу солидна репрезентација, со супер селектор но во клучни моменти кикснаа, немаа концентрација кога беше најпотребно и се спакуваа дома да одат.
 
Според мене Талевски во репрезентација треба исклучиво да се фокусира на дефанзивни задачи,односно да биде специјалист за одбрана.Во напад не може сам да искреира позиција за себе а доколку се случи тоа во повеќето случаи топката не завршува во мрежа.
 
Со неговите 43 кила не може да биде специјалист у одбрана. Едноставно џабе е висок, ниту има добар залет и силен шут, ниту има особено некој скок, пошо со неговите 2 метри јаде банани, што е недозволиво за толку висок бек, а у одбрана едноставно не постои, преслаб е и не може физички да се носи со јаки играчи. Мнооогу работа има пред него за да стане сериозен играч, а мислам дека полека му проаѓа времето.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom