0 импресии иам од Новак, го слушам Киргиос и у право е, цело време збори за тоа дека има фрки што ги крие и за кои не збори, ама најверојатно е зглобот а не настинката ради која не тренираше пред 2 дена, зашто ко што вика Ник, два меча по ред ваков пасивен форхенд и толку многу грешки од тој удар за тенисер ко Новак можат да се изнудени само од некаков проблем, доволно е да се спореди лани каков форхенд имаше и да се измери јачината на ударите и сега први 2 кола.
Класика со третиов сет, доби сет каде беше далеку полош, и спаси 4 сет топки на свој сервис, и да победи денес не верувам дека ваков каков што е е способен да направи било што позначително, мислев дека е инцидентно она од прво коло ама еве денес истата слика, прелош е едноставно и несвојствено за него на овој терен каде во глобала владее. Чудно е што ова го пишувам а води денес 2-1, класична кражба беше третиов сет, не дека е нереално, многу пати ова сме го виделе ама секогаш е импресивно ко да е прв пат, 0-40 имаше и 3 врзани сет топки за Попирин, публика нормално на негова страна, и на крај пак се извлече и го доби сетот.
Ко да има некој тригер, и крева магично ниво баш во такви моменти, и сервис и у размени, диктираше све на секоја сет топка на Попирин, шанса не му даде. ТБ се знаеше дека ако се отиде, Попирин ќе чоукне, неискуство и факт што беше пред освојување на сет го угуши и го потона, правеше грешки што до тој ТБ не беа типични за него.