- Член од
- 5 март 2018
- Мислења
- 17.962
- Поени од реакции
- 20.834
И шо е битно дали сме последни или сме претпоследни ? Посекако сме дно дна, учествуваме колку да не видат дека постоиме на мапата, ќе напрајме неколку галерии со Кутлеш знамето ќе се покурчиме малку по медиуми и толку.Добро испадна некако ова, можеме да бидеме и 21 некако.
Освен ако не изгубиме 10+ разлика утре, па може и последно место да бидеме
..ама сакам да верувам дека не сме до толку...или сме?
Сеедно, математиката во моментов е:
БиХ: -28 гол разлика
Нашиот, а и ваш јужен сосед: -28 гол разлика
Екипи што ќе се борат да избегнат последно месо заедно со нас:
Романија: -19 гол разлика после 2 меча, играат со Хрватска
И толку се.
Тоа се екипите во кој ранг сме и ние.
Ние имаме исто како и Романија -19 разлика.
Ако изгубиме со 10 разлика, ќе бидеме најверојатно најслаба репрезентација на ова првенство (освен ако Романија не изгуби со повеќе)
Ако изгубиме со 9 разлика ќе бидеме на исто ниво со Босна и Грчка, а ако изгубиме со 8 или помалце од 8 разлика ќе бидеме 22 или 21, во зависност од резултатот на Романија-Хрватска.
Е сега интересно е што..
Швајцарија има шанса да се пласира во следната фаза, а за такво нешто да се случи треба Германија да ја победи Франција, а Швајцарија да ја доминира Македонија.
Франција има +10 гол разлика, а Швајцарија има -13![]()
А прво игра Швајцарија, па потоа Германија, па ќе може и математика да се прави
Ама еве, да речеме Германија би победила минимално, со 1 гол разлика против Франција.
Тогаш, победа на Швајцарија од 23 голови разлика ќе гарантира пласман на Швајцарија во следната рунда.
Забавно![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
Имаше малку радост и еуфорија кога играа Кире и стара багра, сега сме резилок од светски рамки