Тоа со таткото што си го снимил детето до мајката наркоманка во повраќаници и овие и дале старателство е ништо за разлика од случаевите што можам јас да ги кажам, како што реков и во една друга тема горење гениталии на бебе, намерно горење во камин се со цел старателство, ама и тоа е ништо ако се почне муабет за стари и немоќни што немаат никој, за бездомници, а постојат толку манипулативни суштества што онака површно нема ни казна за паркирање а дома гаси од бебето цигари. И тој е жртва.. Пример.
И на оваа тема секогаш се оди бесно, во афект, агресивно, од старт со осуди и не дека јас бранам некој, го бранам само тој што е вистинската жртва а од препукавања меѓу мајката, таткото и центрите ќе страда најмногу таа. И тоа е детето. Не не бива нас како луѓе и од таа и од оваа страна како сакаш пресметај. Станати сме монструми без душа на кои само материјалните нешта и зло кон другиот им се битни.. Така да, секогаш ќе биде така и полошо со време.