од саше политико текстот као палчо бил влезен во револуционерен вмровски комитски филм како мисс стоун
ГИ СЛЕДАМ НАСТАПИТЕ НА ПАЛЧО СО ГОДИНИ, ВО ПОСЛЕДНО ВРЕМЕ СЕ ГЛЕДАШЕ СЕ ПОГОЛЕМА РАДИКАЛИЗАЦИЈА И БЕШЕ ОПСЕДНАТ СО ВЛАСИТЕ, МОЖНО Е УБИСТВОТО ДА ИМА И ЕТНИЧКА ПОЗАДИНА
Немаше емисија во која немаше на долго и со голема омраза да зборува за Власите како најголема опасност за државата. За него власите владееја со земјата, сите најголеми предавници беа Власи, и Заев и Ковачевски и владиката Партениј кој најмногу го мразеше. Беше опседнат и со Хари Костов, директорот на Комерцијална Банка, немаше емисија да не го спомене, го нарекуваше банкстер, навредувачки термин со корен во зборот гангстер но со додавката банкар но во негативна конотација.
Секоја втора емисија му беше за банките, имаше некаков гнев кон нив, можеби сакаше да го рекетира но исто така можно е да имаше лична омраза поради својот банкрот, тој порано беше голем бизнисмен во 90-тите, се фалеше дека неговата градежна фирма имала обрт од десетици милиони евра, но за потоа да му срушат згради поради некаков заговор?!
Дали е убиството поврзано со таа негова опседнатост и омраза кон Власите, затоа што се шпекулира дека несреќната Вања по мајка и дедо е влаинка?! Дали оваа банда лудаци влегле во некаков филм дека ја ослободуваат Македоња со битка против власите, земање на нивните пари и убивање на нивното потомство?!?! Само лудачки ум може да смисли таква приказна во главата.
Дали овие монструми влегле во некој Мис Стон филм како пред 100 години ког била киднапирана американската мисионерка Мис Стон и било барано откуп за да се купат пушки за борба со клетите Турци? Дали овие лудаци предводени од Палчо сакале со парите да ја финансираат партијата Десна за да се борат против киднаперите на Македоња?!? Мислам дека на тој начин ги убедил овие морони да му помогнат да ја киднапираат несреќната сирота Вања која е жртва на една болна пореметена психа на неколку лудаци кои забегале со политички фантазии измешани со лична алчност и суровост…
Палчо го следам со години, тоа ми е работа како новинар да ги слушам сите тие забегани поткасти во кои гостуваат некогаш и политичари, па и самиот Палчо беше политичар и јавна личност. Кај него се забележуваше се поголем гнев и порив за радикални чекори, често во последно време знаеше да каже ЗОШТО НИКОЈ НЕМА НАПАДНАТО НЕКОЈ ПОЛИТИЧАР, ЗОШТО ВЛАКНО НЕ ИМ ФАЛИ?!?! Зошто само фб активизам, зошто нема радикални чекори да се удри по политичарите, да се земе кубурот?! Такви му беа изјавите во последно време, се чувствуваше очај и гнев што неговото политичко движење не зема поголем замав во јавност, се нервираше што го нема во медиумите, што медиумите го игнорираат…
еве линк ама тешко за читање на неколку реда става реклами во фаца скокат
Немаше емисија во која немаше на долго и со голема омраза да зборува за Власите како најголема опасност за државата. За него власите владееја со земјата, сите
maktel.mk