плус какви состави пишеше ,патриотски родољувбиви емотивни прсото да неверуеш
Пак ќе се роди жито...
Секоја година во текот на ЈУНИ месец се жнее пченица во главно, но и јачменче, овес и некои други растенија кои живот значат.
Пчелите мед прават, печурките за деликатес, тревките здравје чуваат и тоа секоја година, повторно и повторно не чуваат, шанса за живот ни даваат.
Кој е нашиот однос, како ние се однесуваме кон нив, кон него, кон животот?????/кон совршенството што бог го создал.
НИКАКООО, се однесуваме примитивно и максимално глупо на сопствена штета, се самоубиваме..
МОТИВОТ за таквото нуклеарно глупо живеење, суштествување се ПАРИТЕ, некаква шарена хартија која Ви ги решава сите проблеми како и да говорите мислам на јазик, во која црква да одите, што и да размислувате, секогаш се со Вас, во Вас и околу Вас.
Пре долго доминираат, пре долго погрешно не учат, влијаат тие пусти пари, сите проблеми ни ги решаваат.
ДЕЕНЕС нај големата дилема е, како човекот да научи тој да ги КОНТРЛИРА парите, а не тие НЕГО, ЧОВЕКОТ.
Парите денес се и еден вид ФАРМАЦИЈА, директно влијаат на нашата ПСИХА, состојба, здравје, ПАРИТЕ денес се и мотив за сериозни МАСОВНИ убиства како одвратниот случај на ОНКОЛОГИЈА кој скоро го заборавивме, ПАРИТЕ денес се и официјална СВЕТСКА РЕЛИГИЈА.
Од ВОЈНИТЕ, до финансирање и помагање на неверојатно талентирани човечки суштества, од Бога надарени, на крајот се се сведува околу тоа, кој колкав дел од купот пари во светов ќе ги поседува, контролира.
Човечката природа не е таква, ПАРИТЕ се систем кој се наметнува, СИСТЕМ кој е силен и ја менува нашата човечка природа од бога подарена., ПАРИТЕ се пркос на БОГА и ПРИРОДАТА, Македонскката измислица и патент кој најдобро ги опишува е драмскиот наслов “ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА.“
Дедо ми Јордан секогаш ми велеше: “Не се секирај дете, пак ќе се роди жито“ до ден денешен ми ѕвони тоа во ушиве, во лејкава.
Тогаш многу мал ја научив мудроста на ДЕДО МИ, од тогаш научив да се борам во СИСТЕМОТ на БОГА, а не на сатанава да верувам, поганам, туку сосема обратно, смирен, со вера во БОГА да суштествувам.
Од таа реченица се црпи силата, верата, од таа реченица се спие како “БЕБЕ“, од таа реченица можете да го видите СВЕТОТ кој е гаден и Ве опкружува, со таа мудрост гледате нај добро, јасно и чисто.
Затоа, без паника, бидете упорни, посветени на Македонците и нашите колективни интереси, бидете доследни затоа што Македонецот е нај емотивното и социјално нагласено суштество кое неможе самото за себе да суштествува. Мораме да бидеме заедно со или без политика сеедно.
Времево кое е сега и во блиска иднина е полно со неправди и искушенија, само оние Македонци кои од бога се откажале, а по цел ден во црква се пикаат, не им се лутете туку едноставно почнете да ги жалите. Тие таквите се гревови затоа што се исплашени и загубени, секоја секунда умираат, исчезнуваат.
Македонското време доаѓа, тоа е циклус кој се повторува имаме збор кој се вика ЧУДЕСИЈА.
За претстојниве избори е доцна за некаква колосална победа на Македонецот над душманот, но бидете внимателни, слушајте, широко отворете очи и гледајте, кој колку и што ветува, а знаете, добро знаете дека тоа е не изводливо.
Сите сме свесни дека ДПШНЕ е во моментов со клиенти мотивирана нај организирана. Клиенти гладни за уште повеќе кеш кого веќе во сериозни количини го имаат па затоа за разлика од нас нормалните, тие клиентите на ДПШНЕ се силно организирани и со не морал мотивирани.
Силно ја буткаат вратата на пеколот во кешо да се бањаат, па токму затоа отворете им ја вратата од пеколот нека се џиткаат во кешон државен нека се бањаат, нека се препелкаат.
Тоа е периодот пред нас кога и нај расипаниот и врескавиот же замолчи, ќе се срамува од неговите ДЕНЕШНИ ЗБОРОВИ и ПОЛИТИКИ без разлика дали сте или не за или контра денешната опозиција.
Затоа по 100ти пат ќе Ви повторам, не ме мрзи: “не се тие воопшто СИЛНИ, туку ние Македонците сме слаби“. Браќа и сестри Македонци, едно е да кажеш, а сосема друго да направиш, едно е да сакаш, а сосема друго е да мораш, едно е да мислиш, а сосема друго е да тврдиш.
Пред нас е период во кој ќе учиме, бориме, цена плаќаме за СЛОБОДАТА секогаш како и векови наназад, но сето тоа мораме да го правиме во исто време.
Мораме многу да учиме, оти многу не знаеме, а тоа пак не прави погани и лоши, меѓусебно се изедовме.
СЛОБОДАТА на Македонецот нема мерка, нема димензија, ниту некој може да ја УКРАДЕ ако ние претходно од неа не се откажеме, а се откажавме без притоа да бидеме свесни што загубивме.
Нај одговорно ТВРДАМ денес 4 Ноември 2023 година, Македонецот сеуште не знае што е тоа СЛОБОДА, не знае да се бори за неа, за апсолутната КАУЗА над сите можни КАУЗИ, со име СЛОБОДА, да одлучуваш заедно, да суштествуваш заедно до последен Македонец, а сето тоа да биде едно големо РАВНОВЕСИЕ, кое само БОГ може да го створи, направи..
Затоа денес е ЗАДУШНИЦА и секако уште рано по сабајле ми текна на дедо ми Јордан и татко ми СЛАВКО и тоа не е случајно, ќе не биде, ќе ја биде...“ПАК ЌЕ СЕ РОДИ ЖИТО“ во Македонија, за Македонците...[/QUOTE]