Исчезнати лица

Invisible Force

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.191
Поени од реакции
9.904
Замисли пред секои избори слушаме прекрасни пораки и за младите и за сите како ќе теле мед и млеко, и после го јадеме стапот...
Па тоа викам не ги бараат убијците таму кај што треба туку таму кај што им смета некој...Но небитно. Терајте...
 

Ivan898

they see you, but you don't see them!
Член од
3 јуни 2020
Мислења
417
Поени од реакции
792
Па тоа викам не ги бараат убијците таму кај што треба туку таму кај што им смета некој...Но небитно. Терајте...
Друже на снимките(кај србинот и кај фуркан) Палевски се гледа.Вие од Десна комплет во Бардовци треба да ве носат.Уште ќе ми го оправдуваш монголоидот од Велес и оној Кишиев..
Обични типови кој ги пцујат по кафани политичариве, па кога ке ги видат у живо им се приклаљаат.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.418
Поени од реакции
4.328
Сега според твоето прашање дали јас брзоплето треба да заклучам дека можеби ти си член на некоја партија штом те интересираат вакви "партиски прашања"?
Немој вака "интелигентни" прашања да ми поставуваш ќе ме ставиш у незгодна ситуација. Еве нека биде Палчо ја убил и сите чекаме фактички докази за стореното дело. Јас немам ништо повеќе да додадам на оваа тема после вакви прашања.
Незнам какви се тие ,,фактички докази,, али небитно, ваљда мислиш на докази за вината на палчо. Моментално не ги знаеме сите докази и тоа е нормално, во истрага не се кажуваат многу работи. Од досега кажаното доказ за вината на палчо се изјавите на тројца сведоци кои и самите учествувале во злоделото. Претпоставувам има и изјави од лицата кои му го дале Реното како и снимки од камери од кои некои веќе протекоа и во јавност. Доказ е и неговото бегство. Докази се обдукциите. Сето тоа се докази во постапката а сигурно има и други докази. Во корелација со обезбедените докази ке се изведе како доказ и реконструкција на настанот. Не ми е јасно на какви докази мислиш, не е ваљда да мислиш дека едино е доказ видео снимка како палчо пука во детето...
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Па тоа викам не ги бараат убијците таму кај што треба туку таму кај што им смета некој...Но небитно. Терајте...
Такви како Палевски што ги зборат овие работи има уште десетици, па наеднаш сега Палчо им засметал, после 5-6 години гомна јадење. И тоа сега, а не кога ги уценуваше со снимките на Верушевски.

И кога ќе ти смета човек, има многу подобри ефективни методи да го тргнеш, како на пример обична сообраќајка, иницирање на срцев удар и мал милион разно разни глупости или едноставно, место да се мачат да го убиваат Велешанецот, па да комплицираат со неговата кола да бидат фатени, па киднапирање на девојчето... Можда поедноставно би им било да го киднапираат него лично и да го закопаат некаде. Кој би си ја комплицирал работата со убиство на дете за да го намести, кое BTW е потомок на таа елита што владееше во МК во 90тите години.

Тоа ти е исто како јас да организирам убивање на мое дете, за да наместам некого да лежи во затвор.
 
Последно уредено:
Член од
5 март 2018
Мислења
17.141
Поени од реакции
19.539
Бесмислено е да мислите дека некој го мести Палчо заради уцените кои ги упатувал кон некои политичари од проста причина што ако им сметал ќе го ликвидирале брзопотезно него, немаше да убиваат дете од 14 години.
Плус тие снимки и фајлови ако постојат кои ги спомнувате сигурно се направени двеста копии од нив, во случај Палчо да го нема веќе.
Единствено ако овие кои се осомничени за киднапирањето сакаат да се исперат од делото и го местат него оти ги остави на цедило, ова зборам ако претходно се имаат договорено за таква изјава
Ама на распит тешко, не ми делуваат за интелигентни луѓе кои можат да ја надмудрат полицијата.
 

Invisible Force

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.191
Поени од реакции
9.904
Бесмислено е да мислите дека некој го мести Палчо заради уцените кои ги упатувал кон некои политичари од проста причина што ако им сметал ќе го ликвидирале брзопотезно него, немаше да убиваат дете од 14 години.
Тогаш кој е мотивот за убиството? А што ако убијците или убиецот навистина сакал/е да изнуди/ат пари за да го наплатат долгот на таткото?
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.782
Поени од реакции
8.159
Тогаш кој е мотивот за убиството? А што ако убијците или убиецот навистина сакал/е да изнуди/ат пари за да го наплатат долгот на таткото?
Кој долг на таткото бе? Ниеден лихвар не ти дава заем без да му обезбедиш колатерал. Вие што мислите така е тоа седиш на покер маса до тебе е брз кредит од Арачиново и ти само кажуваш 100, 200, 300 иљади…миљон! Не ме јеби еден Фуфо се извади жив не па ситна риба ко овој.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Тогаш кој е мотивот за убиството? А што ако убијците или убиецот навистина сакал/е да изнуди/ат пари за да го наплатат долгот на таткото?
Да бе и наместо да го наплатат долгот, ќе ризикуваат доживотен затвор за убиство на дете. Ем без пари, ем во затвор.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.141
Поени од реакции
19.539
Тогаш кој е мотивот за убиството? А што ако убијците или убиецот навистина сакал/е да изнуди/ат пари за да го наплатат долгот на таткото?
Па допрва ќе има истрага и судење и ќе дознаеме.
Нема логика да сакале да изнудат пари а ја убиваат по два сати. Да сакале да изнудат Вања сеуште ќе беше жива.
И тоа со муабетот дека се испаничиле и ја убиле и тоа нема никаква смисла. Ако се испаничиле ќе избегале и ќе ја оставеле, немаше да ја убиваат ладнокрвно и тоа ако не се лажам во пределот на главата и е пукано.
Освен ако убиството настанало при некоја расправија, можеби Вања пробала да се измолкни па ја застрелале тогаш во паниката.
Што и да се случило тие се сторителите, е сега кој меѓу нив е главниот егзекутор и нарачател на убиството ќе покажи истрагата.
Толку гнев има во тие поткастите на Љупчо шо не знам зошто ве чуди дека тој е убиецот, истото важи и за оној Кешишев со мачетата. Ќе ме чуди да се сомничи некој миротворец, некој професор, интелектуалец ама оние бандити би ги лишила од слобода и да не се виновни, 4 психопати помалку
 
Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.231
Прекрасна порака за младите. И замисли после две недели ќе почне да убива дека власите го изнервирале?
Која прекрасна порака бе човек? Да се бореле младите Македонци против душманската геополитика со баталување на техниката и да разговарале млади со стари? Не викам дека е нешто лоша пораката сама по себе, ама има 2 клучни моменти надвор од реалноста: 1) младите Македонци треба да се најдат себеси во рамки на таа геоолитика која никој на Балканот не може ни милиметар да ја промени а не пак да се бори со истата и 2) истата таа техника е последната сламка што нормален млад Македонец го држи овде (заработка користејќи интернет на најразлични начини).
Јас со постарите во мојот живот редовно комуницирам и сите се бориме максимално што можеме во животот.

Во цел говор единствено нешто позитивно и реално е дека Македонците од цел свет треба да се анимирани на разни начини за секој да ина макар и најмал придонес за татковината (некои и да се вратат назад, зошто да не).

И сумирано, ништо лошо ама и ништо спектакуларно кажано, тројца дедовци од моја улица кажуваат нешто слично само не се снимени и објавени јавно. Следствено, апослутно ништо за што некој пази, не да му наштети на било каков друг начин туку би го местел за убиство на дете ни помалку ни повеќе, па макар било тоа и некоја албанска мафија како што кажуваш.

Па тоа викам не ги бараат убијците таму кај што треба туку таму кај што им смета некој...Но небитно. Терајте...
Може да приложиш некоја информација или податок за бројност и влијание на Десна? Колку членови има, како котира на анкети и слично. Кога веќе тезата ти е дека е местен затоа што сметал оти на интернет ширел Македонштина, тоа би било твојот аргумент - дека имал влијание кое и натаму расте, огромен залет кој ќе направи суштински политички пореметување па ајде да го тргнат.

Од тоа што гледам на интернет канлите и низ комуникација со луѓе, ниту имал било каква значајна бројност ниту пак влијанието има значаен растечки тренд за до изборите на пролет.
Автоматски споено мислење:

Морам да го поздравам @puno на темава, читај како изгледа нормална реакција на нормални луѓе кога ќе се случи монструозен настан.
Сите кучешки протести за бранење неодбранливи работи низ нос ќе ви излезат, ќе се задавите со сопствени гомна без никој од страна нешто да ви направи.
 
Последно уредено:

Invisible Force

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.191
Поени од реакции
9.904
Може да приложиш некоја информација или податок за бројност и влијание на Десна? Колку членови има, како котира на анкети и слично. Кога веќе тезата ти е дека е местен затоа што сметал оти на интернет ширел Македонштина, тоа би било твојот аргумент - дека имал влијание кое и натаму расте, огромен залет кој ќе направи суштински политички пореметување па ајде да го тргнат.

Од тоа што гледам на интернет канлите и низ комуникација со луѓе, ниту имал било каква значајна бројност ниту пак влијанието има значаен растечки тренд за до изборите на пролет.
Ајде еве нека биде се како што напиша во главно се согласувам со тебе. Но што ќе добие со тоа што ќе убие 14-годишно дете? Па дури и да му ги дале парите ако навистина е тој убиецот повторно не се знае дали би била жива или не. И да ги добил парите повторно би бил во бегство и гонет и каде би завршил? Не гледајте краткорочно на работите. Ниту сум член на партијата ниту знам бројност ама чат пат му ги следев подкастите понекогаш и не ги ни догледував пошто ми се приспиваше поготово од муабетот за геополитика. Јас немам намера да го бранам ако е виновен би сакал најмалку доживотен затвор да добие но секако ако се уредно се докаже дека тој е навистина убиецот. Осомничените првпат ги гледам у живот. Ги собрал Палчо се ќоро и сакато и регистрирал партија. Ниту имале насилни протести ниту повикувал на насилни протести. Верувам дека секој подкаст му е на место. И камо среќа сите помали партии да баратаат со документи и да обвинуваат политичари криминалци. Преку неговите подкасти би дознал повеќе информации отколку јас нешто што знам. Тоа е се што знам во врска со партијата "Десна".
Автоматски споено мислење:

Нема логика да сакале да изнудат пари а ја убиваат по два сати.
Можеби убиството е одговор на тоа дека биле одбиени. Некои велат дека за брзо време по киднапирањето е убиена. Не знаеме на што да веруваме.
Автоматски споено мислење:

Морам да го поздравам @puno на темава, читај како изгледа нормална реакција на нормални луѓе кога ќе се случи монструозен настан.
Каква реакција ќе има ако се укине рамковниот договор од 2001-ва година би сакал да знам...
Автоматски споено мислење:

Да бе и наместо да го наплатат долгот, ќе ризикуваат доживотен затвор за убиство на дете. Ем без пари, ем во затвор.
Или тоа или убиството е одговор дека биле претходно одбиени. Мислам на тоа да го наплатат коцкарскиот долг на таткото. Тоа е лично мое мислење со кое не мора никој да се сложи овде.
Автоматски споено мислење:

Не ме јеби еден Фуфо се извади жив не па ситна риба ко овој.
Како мислиш ситна риба нели Александар е имотен и богат човек? Ако знаеш нешто повеќе напиши за него би било убаво да се знае во врска со темава.
 
Последно уредено:
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.506
Поени од реакции
990
плус какви состави пишеше ,патриотски родољувбиви емотивни прсото да неверуеш


Пак ќе се роди жито...
Секоја година во текот на ЈУНИ месец се жнее пченица во главно, но и јачменче, овес и некои други растенија кои живот значат.
Пчелите мед прават, печурките за деликатес, тревките здравје чуваат и тоа секоја година, повторно и повторно не чуваат, шанса за живот ни даваат.
Кој е нашиот однос, како ние се однесуваме кон нив, кон него, кон животот?????/кон совршенството што бог го создал.
НИКАКООО, се однесуваме примитивно и максимално глупо на сопствена штета, се самоубиваме..
МОТИВОТ за таквото нуклеарно глупо живеење, суштествување се ПАРИТЕ, некаква шарена хартија која Ви ги решава сите проблеми како и да говорите мислам на јазик, во која црква да одите, што и да размислувате, секогаш се со Вас, во Вас и околу Вас.
Пре долго доминираат, пре долго погрешно не учат, влијаат тие пусти пари, сите проблеми ни ги решаваат.
ДЕЕНЕС нај големата дилема е, како човекот да научи тој да ги КОНТРЛИРА парите, а не тие НЕГО, ЧОВЕКОТ.
Парите денес се и еден вид ФАРМАЦИЈА, директно влијаат на нашата ПСИХА, состојба, здравје, ПАРИТЕ денес се и мотив за сериозни МАСОВНИ убиства како одвратниот случај на ОНКОЛОГИЈА кој скоро го заборавивме, ПАРИТЕ денес се и официјална СВЕТСКА РЕЛИГИЈА.
Од ВОЈНИТЕ, до финансирање и помагање на неверојатно талентирани човечки суштества, од Бога надарени, на крајот се се сведува околу тоа, кој колкав дел од купот пари во светов ќе ги поседува, контролира.
Човечката природа не е таква, ПАРИТЕ се систем кој се наметнува, СИСТЕМ кој е силен и ја менува нашата човечка природа од бога подарена., ПАРИТЕ се пркос на БОГА и ПРИРОДАТА, Македонскката измислица и патент кој најдобро ги опишува е драмскиот наслов “ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА.“
Дедо ми Јордан секогаш ми велеше: “Не се секирај дете, пак ќе се роди жито“ до ден денешен ми ѕвони тоа во ушиве, во лејкава.
Тогаш многу мал ја научив мудроста на ДЕДО МИ, од тогаш научив да се борам во СИСТЕМОТ на БОГА, а не на сатанава да верувам, поганам, туку сосема обратно, смирен, со вера во БОГА да суштествувам.
Од таа реченица се црпи силата, верата, од таа реченица се спие како “БЕБЕ“, од таа реченица можете да го видите СВЕТОТ кој е гаден и Ве опкружува, со таа мудрост гледате нај добро, јасно и чисто.
Затоа, без паника, бидете упорни, посветени на Македонците и нашите колективни интереси, бидете доследни затоа што Македонецот е нај емотивното и социјално нагласено суштество кое неможе самото за себе да суштествува. Мораме да бидеме заедно со или без политика сеедно.
Времево кое е сега и во блиска иднина е полно со неправди и искушенија, само оние Македонци кои од бога се откажале, а по цел ден во црква се пикаат, не им се лутете туку едноставно почнете да ги жалите. Тие таквите се гревови затоа што се исплашени и загубени, секоја секунда умираат, исчезнуваат.
Македонското време доаѓа, тоа е циклус кој се повторува имаме збор кој се вика ЧУДЕСИЈА.
За претстојниве избори е доцна за некаква колосална победа на Македонецот над душманот, но бидете внимателни, слушајте, широко отворете очи и гледајте, кој колку и што ветува, а знаете, добро знаете дека тоа е не изводливо.
Сите сме свесни дека ДПШНЕ е во моментов со клиенти мотивирана нај организирана. Клиенти гладни за уште повеќе кеш кого веќе во сериозни количини го имаат па затоа за разлика од нас нормалните, тие клиентите на ДПШНЕ се силно организирани и со не морал мотивирани.
Силно ја буткаат вратата на пеколот во кешо да се бањаат, па токму затоа отворете им ја вратата од пеколот нека се џиткаат во кешон државен нека се бањаат, нека се препелкаат.
Тоа е периодот пред нас кога и нај расипаниот и врескавиот же замолчи, ќе се срамува од неговите ДЕНЕШНИ ЗБОРОВИ и ПОЛИТИКИ без разлика дали сте или не за или контра денешната опозиција.
Затоа по 100ти пат ќе Ви повторам, не ме мрзи: “не се тие воопшто СИЛНИ, туку ние Македонците сме слаби“. Браќа и сестри Македонци, едно е да кажеш, а сосема друго да направиш, едно е да сакаш, а сосема друго е да мораш, едно е да мислиш, а сосема друго е да тврдиш.
Пред нас е период во кој ќе учиме, бориме, цена плаќаме за СЛОБОДАТА секогаш како и векови наназад, но сето тоа мораме да го правиме во исто време.
Мораме многу да учиме, оти многу не знаеме, а тоа пак не прави погани и лоши, меѓусебно се изедовме.
СЛОБОДАТА на Македонецот нема мерка, нема димензија, ниту некој може да ја УКРАДЕ ако ние претходно од неа не се откажеме, а се откажавме без притоа да бидеме свесни што загубивме.
Нај одговорно ТВРДАМ денес 4 Ноември 2023 година, Македонецот сеуште не знае што е тоа СЛОБОДА, не знае да се бори за неа, за апсолутната КАУЗА над сите можни КАУЗИ, со име СЛОБОДА, да одлучуваш заедно, да суштествуваш заедно до последен Македонец, а сето тоа да биде едно големо РАВНОВЕСИЕ, кое само БОГ може да го створи, направи..
Затоа денес е ЗАДУШНИЦА и секако уште рано по сабајле ми текна на дедо ми Јордан и татко ми СЛАВКО и тоа не е случајно, ќе не биде, ќе ја биде...“ПАК ЌЕ СЕ РОДИ ЖИТО“ во Македонија, за Македонците...[/QUOTE]
 

Invisible Force

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.191
Поени од реакции
9.904
Тоа ти е исто како јас да организирам убивање на мое дете, за да наместам некого да лежи во затвор.
Веројатно попрво било или таткото или децата. Се крие нешто големо јас верувам дека се работи за голема сума на пари. На крај краева да убиеш дете со пиштол не е баш македонска традиција...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom