Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
што е најлошо не ти го ни покрива крилото, имаш играч помалку, па мора со празен гол да играш...
добро што последна е со австријанците, да не се вадат на неуиграност...
австрија не е пласирана
 
Добра работа е тоа што Германија убива Господ у Швајцарија без милост, 13 разлика, барем ќе има екипи со далеку полош резултат од нас
 
@LeoMessi10
Не е играч кој може да повлечи и да направи разлика, пола од головите ги даде од крило, во одбрана е под просечен. Браво најискрено но многу коцки му се поклопуваат дека е форсиран од селекторот.

Реално и друг играч да беше ќе ја искористеше таа шанса, но немаше подобро да ја искористи од тоа како тој ја користи.
 
@LeoMessi10
Реално и друг играч да беше ќе ја искористеше таа шанса, но немаше подобро да ја искористи од тоа како тој ја користи.
Таман тргнав да ти реплицирам на првиов дел, се поправи.

Многу добиле шанса и ништо не направиле ради Х причини. Дечкото покажа највише реално да збориме тие 2-3 гола што му ги пикна меѓу нозе на голманот, многу немаа муда низ годиниве да шутнат под контакт, он ја испали 2-3 пати рандом и влезе. Не е увек све у талентот има нешто у работа и инаетот. Гатузо е вечен пример за ова (друг спорт знам ама аналогијата е таа)
 
има нешто у работа и инаетот.
Да таа е одликата на оваа слика која ја гледаме до посветеноста и инаетот, но дечкоте е преценет, да ко џокер вреди да го бркаме 10-15 мин но не е играч од кого би можеле да очекуваме повеќе во иднина. Митев, Галевски, двете пикерчиња од младинци/кадети заедно со Лазаревски ќе бидат темел за иднина.
Овие играчи надополнети со веќе незаменливите Кузмановски, Талевски, Велковски, Томовски, Костески ќе бидат основа на репрезентацијата, и надополнета со Савревски, браќата Атанасијевиќ, Ѓоргоски, Стојановиќ, Калајџиески, Белистојаноски, Поповски и Митев јуниор.
Има репка солидна но треба трпение.
 
Импресиите ми се дека Митев малку го сопре критериумот на судиите а и млад е, французите на почетокот колку убиствено изгледаа и брзо, реално имаат капацитет да играат 60 минути страшен ракомет, Костески си мислев ќе покаже повеќе, Талески беше под нивото и во одбрана, Лазаревски голот што го даде од 10 метри беше воодушевувачки и во одбрана се снајде, Велкоски тапа во одбрана кај него се правеше вишок, поточно тој сам си правеше вишок, тактички немаше некоја подготвеност за во напад и резултатот е 100% реален дури и оптимистичен, неочекуван.

Главниот проблем е што пример Лазаревски или Костески или било кој против Дика Мем и сличен калибар ќе играат пак дури следна година и со тоа не се во физички егал, колку и да се посветени индивидуално, едноставно натпревар во МК лига не продуцира вредност било судии, ќотек од квалитетна одбрана или квалитетен напад, притисок од публика и сите други параметри се неспоредливи.

Позитивен тренд се гледаше во прво полувреме во борбеноста, но затоа во второ цепелин, украдени топки и технички грешки се тука да не потсетат за тоа како се бориме. Искрено подобро да играме со помал фокус првите 40 минути подобри резултати ќе имаме, вака и +4 да имаме успеваме да промашиме зицери, глупи грешки и слично, и ни прават и тотални пресврти. Се касни за гол-два и со тајм-аутите. Во секој случај подобро од претходните настапи.

Се надевам дека ќе одиграме со жар и против Германија, многу посреќен би било ако извојуваме < 5 против Германија од победа над Швајцарија, таа утакмица ќе биде тотално нерелевантна од аспект на мерење квалитет, ниедна од екипите ќе има некаква шанса за понатаму, чиста формалност.

Н. Маркоски по мое видување исто одигра коректно, ама веќе е испукана петарда, не може да направи никаква разлика, подобро да греши некој помлад да се окуражи за во иднина кога веќе се во составот.

Оптимална постава според мене е Петар(Манасков), Џонов, Лазаревски, Кузмановски, Омерагиќ/Марковски место Пешевски, Костески, Велкоски овој секад да чува крило ако не го смени голманот. Штета што релацијата Стоилов со Лазаревски не е пресликана и во Лазаров со десниве бекови кои за жал изгледаат толку неурането/несериозно/некоординирано и ако не мрднат е огромен хендикеп за репрезентацијата..
 
Павле Петровиќ од Пелистер на десен бек? Апсолутно да.
Во Македонија се брусеше детето, а има и македонски пасош, неопходен е само повик.
Можеби не е нешто посебно, ама верувајте за овие е Лазаров во најдобрите денови. :)
Без човек на десен бек ќе делуваме подобро, одколку што се овие во игра.
Тотално со ништо не придонесуваат, а имаат по 738281773 грешки на натпревар.
Дури и Павле Атанасијевиќ да го земеше за десен бек, ќе одиграше подобро од овие.
 
@Vardarecc @Tomasino за Џонов уште не ви е јасно сеа?
Дај боже така да продолжи јас ќе сум најсреќен, но една ластовичка пролет не носи, останувам на тоа дека е просечен играч, засега ок за ротација.
 
Павле Петровиќ од Пелистер на десен бек? Апсолутно да.
Во Македонија се брусеше детето, а има и македонски пасош, неопходен е само повик.
Во Македонија престојува 4 години и сеуште се води ко странец, дури нареден Јануар ќе има право на македонски пасош.
 
Првиот меч помина, уште 2 ни останаа - да се радувме додека играме бидејќи престојот на ЕП првенства ни е краток.

Се на се просечен натпревар со Франција. Добри моменти во првите 15 минути, лоши завршетоци на двете полувремиња. Французите изиграа онолку колку што мораше - не форсираа. Ние со толку многу грешки и одбрана која скоро и да не направи фаул нема што да бараме. Неколку коментари што ми оставија впечаток:

- Очаен перформанс на десен бек, повеќе изгубени топки од шутеви и успешни клучни додавања заедно изгенерираа Велковски и Јагуриноски. 0-2 шут, со 2 асистенции наспроти 6 изгубени топки. Едноставно со толкава дупка на десен е тешко да се игра на ЕП и да се очекуваа резултати. Што е пострашно не гледам некоја опција ни во иднина - десен бек ни е најслаба позиција и во младите генерации - 2002 / 2004 / 2006. Серафимов и Савревски се другите кандидати (првиот е подобар офанзивно, ама дупка во одбрана, вториот обратно). Ако случајно некое од десните крила се развие во добар одбранбен играч, можеби тогаш ќе можеме со Серафимов нешто да покриеме... Ќе видиме...

- 21 изгубена топка или 33% од нападите завршија со изгубена топка - Тоа е едноставно премногу. Додека не го сведеме тој број на под 13-14 односно под 20% едноставно нема што да бараме во модерен ракомет кој е целосно базиран на транзиција и користење на најмалите дупки кои се појавуваат заради напад-одбрана измени, па дури и заради вкрстување на позициите кога се враќаат играчите. И заради изгубените топки слаб ни е ефектот офанзивно 29/64=45% успешно реализирани напади - тоа е премалку за европски/светски ракомет. Мора да бидеме блиску до 60% за успех. Со 45% против јаки екипи, ќе си се бориме за некаде меѓу 15-25 место во Европа.

- Не сум задоволен ни од борбеноста, пред се во второто полувреме. Особено ми оставија впечаток 2 различни ситуации во последните 15тина минути, кога при отпадок топка на подот, Никола Маркоски, односно Кузмановски не се фрлија по топката, а французите кои имаа водство беа побробени и колку што се сеќавам Карабатиќ односно Наи го направија тоа и ја освоија топката. Едноставно недозволиво е Франција да биде побробена од тебе ниту на момент. Е заради ова мора да се вложува во играчи како браќата Атанасијевиќ на пример кои без размислување ќе се бореа за топката. Потребни ни се такви карактери да ни го повлечат тимот.

- Џонов одигра солидно. Си ја заврши работата - мислам дека е добар играч за ротација на повеќе позиции. Прав џокер од клупа - има иднина за него во репрезентацијата си ја користи шансата.

- Митев на моменти се гледа дека тој е еден од ретките што може да направи разлика, но се гледаaт и младоста и неискуството. Во секој случај, мислам дека одигра коректно, не беше "изгубен" воошто на специфичниот терен.

- Во одбрана едноставно сме физички инфериорни и се додека тоа не се среди ќе нема резултати. Скоро ниту еден добиен дуел (многу малку фаули), а кога нема одбрана, нема ни транзиција, за која постепено се преориентираме и на репрезентативен и клупски план, но се е попусто без почетната фаза на транзицијата - освоена топка без примен гол.

- Кузмановски и Талески одиграа во рамки на можностите. Не би ги пцуел непотребно. Толку можат кога се зависи од нив. Каков таков Кузмановски беше во ситуација да мора да повлече и скоро се да зависи од него во барем пола натпревар, и даде 4/10 шут со 8 асистенции наспроти 4 изгубени топки. Тоа е прифатливо. Талески беше нешто послаб, ама па повеќе зависи од него во одбрана. Пак ќе кажам - не е кај нив проблемот. Проблемот е што немаме повеќе играчи на нивно или повисоко ниво.
 
Во Македонија престојува 4 години и сеуште се води ко странец, дури нареден Јануар ќе има право на македонски пасош.
Абе ако сакаат можат да го средат тоа, МекКејлеб не знаеше кај сме на мапа си зема пасош. Не верувам да не го приметиле до сеа, ама ваљда и Кирца се држи до она неговото, ако више натурализираме треба да бидне апла квалитет. Од др страна, па нема апла квалитет познат за натурализација така да дај шта даш, нема што да изгубиме. Јагуриновски имаше мал скок и напредок, ама тоа беше доволно за МК стандарди, за на европска сцена, уште му фали.
 
Абе ако сакаат можат да го средат тоа, МекКејлеб не знаеше кај сме на мапа си зема пасош. Не верувам да не го приметиле до сеа, ама ваљда и Кирца се држи до она неговото, ако више натурализираме треба да бидне апла квалитет. Од др страна, па нема апла квалитет познат за натурализација така да дај шта даш, нема што да изгубиме. Јагуриновски имаше мал скок и напредок, ама тоа беше доволно за МК стандарди, за на европска сцена, уште му фали.
Различни се условите за натурализација на играчи во секој спорт.
Во кошарката е најлесно, кој стигне игра за различни репрезентации, дозволено е само еден странец во состав.
Во фудбал скоро невозможно е да натурализираме некого ако нема македонски корени. Не смее да има ни една секунда одиграно за друга репрезентација на официјален меч и мислам дека треба 5 години да живее континуирано во државата за која ќе игра. Може и да ја зголемија оваа бројка на години. Нема менување на репрезентации, ептен ретко ФИФА прави исклучоци и дозволува нешто такво.
Во ракометот критериумите се некако измеѓу, но мислам дека се заострија во меѓувреме. Може да смениш репрезентација ако се поминати 2 години од последниот настап во друга репрезентација. Но за разлика од кошарката каде што можеш да натурализираш секого, слично како и во фудбалот, овде мора неколку години да има живеено во државата за која ќе треба да настапува како натурализиран странец. Мислам дека порано границата беше пониска, а сега ја ставија на 5 години. Не сум сигурен, но во некој од спортовите можно е и да се бараше континуирано да живее во државата, а не на повеќе периоди. Знам при натурализацијата на Вугринец имавме таков проблем.
За разлика од кошарката каде смее да имаш само еден натурализиран играч, во фудбалот и ракометот нема ограничување се' додека ги исполнуваат строгите критериуми кои не постојат во кошарката.

Значи не е дека можеме кого сакаме да си натурализираме, пак треба да бидат играчи кои играат во македонско првенство.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom