Не можам да речам дека не си во право. Јас досега ти опонирав ама како велат, пред фактите и боговите молчат. Ова навистина пие вода, Палчо не е глупав човек да направи убиство па така да остави пиштол некаде, сигурно го очистил, го фрлил во Вардар или едноставно уништил за да нема трага.
Навистина на овој дел не се сетив, браво!!!!!
Токму тоа и јас викам. Не може човек кој бил ГОСПОДИН човек, значи тој бил бизнисмен, имал своја партија, веќе и луѓето се гледа дека многу го засакаа пошто ја говори секогаш вистината ете така преку ноќ наеднаш да стане убиец.
Има тука нешто.
Тој почна многу вистини да открива, не само за овие нашите тукашниве туку веќе и на големо целеше, за светските влади во сенка и како мене ми се чини ова е некоја голема игра.
Во најмала рака немаше да излези на тој поткаст и да продолжи најнормално, сигурно не е виновен и еве дури и од Турција не го оставаат да проговори и да ја кажи вистината.
Некој голем е замешан во сето ова.