Не верувам Переира да го нокаутира Анкалаев.
Анкалаев знае што треба да прави со него.
Ќе оди од прва секунда на борење. Мора!
Па и да му стои стендап, не верувам да го нокаутира.
Переира се мачеше со Блахович. Но Блахович знае да се брани и паметно одигра и покрај тоа што ја загуби борбата.
Очекувам и сега нешто слично, а тоа е победа со одлука. А борбава ми е 50-50 некакако....
Го гледав сега од УФЦ документарецот за 297, и си реков да си напишам што мислам.
Шон има квалитетно борење: излегоа снимки како се бори со Анкалаев, двајцата се спремаа за нивните борби. Ако одиш toe to toe со Стрикланд, сигурно си добар и во стенд ап. Следно, Стрикланд има вежбано и со Переира, што ја прави ситуацијава уште поинтересна.
Јас верувам дека Анкалаев е доволно способен да боксува со Переира, но ударите по листот ќе го направат парче, Блахович буре го направи Анкалаев со ударите по бут. Анкалаев нема да сака да се бори кога му се празниците, рамазан или веќе не знам што конкретно им е наредните месеци. Ова кажува дека Анкалаев најверојатно ќе се бори со победникот од Переира - Хил.
Се навлеков на еден српски подкаст (ММА институт) и ми дојде на памет една добра тема за разговор, а не сакам да отварам нови теми и онака 5-6 души коментираме овде.
Ме интересира колку клубови има во Македонија? Колку борци има отприлика се на се? Порано знам двајца од Куманово тренираа и одеа во борби. Неверојатно е во се да доцниме, па и во овој спорт. Неверојатно како ММА зема голем замав, а во нашата земја како и секогаш ништо не се случува. Таленти не се сомневам дека имаме, кадар можеби имаме, сепак со семинари и тренинзи може да се надогради знаењето, посебно кога денес е се достапно и тренинзи и борби итн.
Плус го имаме Волк како шампион (Ок, таму е роден, ама има наше потекло). Хрватите го отекоа со еден Миочиќ, да не кажам дека кога отиде во Хрватска направи бум, да не кажам овде што ке се случи ако дојде Волк, а не е дека некој не може да го доведе.
Строго MMA, со квалитетни тренинзи и спремања, мислам дека е само The Strongest (не знам колку им се квалитетни тренинзите, искрено, но ми изгледаат за најдобри во државава). Од таму борец е Стефан Пецевски, ако не се лажам 5-0 е во профи лига. Адора не знам дали имаат ММА. Надвор од Скопје има клубови за Кик-Бокс и клубови за Борење, друго ништо не знам.
Порано имаше борби, Неготино беше центар за тоа. Сега веќе не знам.
Ipon mk ставаат вести поврзани со боречки вештини во Македонија. Провери таму, може ќе најдеш нешто интересно.