Исчезнати лица

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.508
Од полицајци имам разбрано дека признанијата на осомничените се потпишани по салам ќотек јадење. Најверојатно сите тројца осомничени иммаат алиби, демек цврсти докази дека биле на друго место во тоа време. Информацијава е од втора рака па земете ја со резерва.
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.631
Поени од реакции
30.303
Од полицајци имам разбрано дека признанијата на осомничените се потпишани по салам ќотек јадење. Најверојатно сите тројца осомничени иммаат алиби, демек цврсти докази дека биле на друго место во тоа време. Информацијава е од втора рака па земете ја со резерва.
Друже, ако сакаат нека ме отепаат од ќотек, ако не сум сторил нешто сигурно нема да потпишам дека сум убил дете па цел живот фамилијата да ми пати од тоа.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.321
Поени од реакции
11.071
Добро ај Панче е за тие 500е а за Вања кој е мотивот? Откуп? Тргнати со лопати, копач и бензин, некако стварно нема логика ама добро верувај во институциите во кои народот има доверба едвај 5%
А што конкретно кажа овој лик па за да му веруваме дури 95%? Мене повеќе ми личи ова неговото излагање на добро платен ПР и ништо повеќе. Ако си го слушал убаво ќе видиш и дека е многу контрадикторен и не знае што збори.
Еднаш вика дека погрешна особа била киднапирана, наводно повозрасна личност требало да биде а не Вања, за да после некое време тврди дека со сигурност требало двете девојчиња да бидат киднапирани и дека пред да ја убијат Вања, ја прашале како се вика и како се презива. Абе сакам кажам не знам речам. На туѓа мака паметни се прават и лајкови собираат.
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.508
Друже, ако сакаат нека ме отепаат од ќотек, ако не сум сторил нешто сигурно нема да потпишам дека сум убил дете па цел живот фамилијата да ми пати од тоа.
Абе на тастатура сите се јаки, ама знаеш што? После прва тура ќотек иде уште една, после неа уште една, па после неа уште една и така натаму. Двајца потпишале после саат два ќотек, третиот потпишал после три дена ќотек. Не ми кажаа кој ама типувам на каратистот.
Можеби не е вистина, можеби јас имам лоши информации, ама ќотек зачинет со неспиење е докажан метод. Темпларите биле религиозни фанатици и докажани воини ама под ќотек си признале свашта.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.666
Поени од реакции
21.093
Има доста нелогичности случајот, а и прашањата што ги постави држат вода. Таткото на Вања поседувал недвижен имот, станови, викендици, земјиште .... можеле од него да бараат откуп, сигурно немало да ја рекетираат мајката.
Мене повеќе ми личи на одмазда отколу на откуп, и којзнае што се крие позади целиот случај.
 
Член од
25 октомври 2013
Мислења
170
Поени од реакции
273
само не ми е баш јасно како протекле информациите до тој Србинот, дали пак станува збор за политичко нарачано убиство ?
 

LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.371
Поени од реакции
3.544
Faktot deka vakvi informacii doagjaat od sosedni drzavi mislam deka povekje od jasno kazuva kolku ni se cvrsti vnatresnite drzavni strukturi, probieni od sosednite tajni sluzbi kako svajcarsko sirenje.

Od videoto na srbinot edna rabota mi ostana kako shokantna a toa e tvrdenjeto deka tatkoto na Vanja go drzat vo pritvor povekje od eden mesec (mu go prodolzija pred nekoj den) a dosega ne mu e zemena ni izjava, nego e ostaven da gnie vo samica. Deka edinstven dokaz sto go spojuva so ubistvoto e izjava na izvrsitelite (dadena pod prisila).

Od obvinistelstvo i MVR seuste molk, mesec i kusur posle ubistvoto. Nemaat obvinenie, nemaat materijalni dokazi, nemaat utvrdeno ni fakticka sostojba ni motiv. Se sto imaat se izjavi dobieni pod somnitelni okolnosti, i dve pres konferencii kade si pukaat vo noga zaedno so novinarite. Od istraga za ubistvo sega dobija afera.
Fakticki ispagja deka kjutat i cekaat so nadez deka narodot ke zaboravi na celava rabota zatoa shto kompletno ja usraa istragata i sega nemaat nishto.
 
Член од
24 март 2023
Мислења
78
Поени од реакции
163
Мене чуден момент ми е, ако станот во кој живееле Вања, сестрата и мајката бил купен и сопственост на дедото и бабата т.е. таткото и мајката на мајка и на Вања, зошто тогаш сега е на име на таткото на Вања?

А уште почудно е бидејќи таткото и мајката на Вања се разведени во целава приказна.

А тој стан бил купен или даден од Палевски.

Се мислам дека има нешто во врска со ова.
 
Последно уредено:
Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.231
А што конкретно кажа овој лик па за да му веруваме дури 95%? Мене повеќе ми личи ова неговото излагање на добро платен ПР и ништо повеќе. Ако си го слушал убаво ќе видиш и дека е многу контрадикторен и не знае што збори.
Еднаш вика дека погрешна особа била киднапирана, наводно повозрасна личност требало да биде а не Вања, за да после некое време тврди дека со сигурност требало двете девојчиња да бидат киднапирани и дека пред да ја убијат Вања, ја прашале како се вика и како се презива. Абе сакам кажам не знам речам. На туѓа мака паметни се прават и лајкови собираат.
Делува на ПР за таткото особено ако се земе во предвид и кој е негов адвокат (иако лесно може да излезе и вистина а не ПР, многу пологично е ова отколку верзијата на удбашкиот институционален змијарник), но контрадикторен не е.
Конкретно за тоа што споменуваше, цело време тврди дека според негови извори, планот бил грабнување и убиство на двете девојчиња.
Додека наводно (некој од) обвинетите изјавиле дека Палчо им покажал слика од возрасна жена која ќе ја киднапираат со цел барање пари, а не дете.
И поврзува детали за да ја побие таквата изјава за киднапирање возрасна жена.

Да дополнам, можеби како маж сум малку пристрасен но во претходните мои мислења бев и се уште сум максимално неубеден дека посветен татко на 2 ќерки, кој дури и на ебаниот линкедин профил напишал дека неколку години бил посветен на децата и не работел во професијата, би направил вакво нешто макар и несвесно.

Тоа што сега се изнесува од овој србинот, се надоврзува на изјавите на соседите за овдешните телевизии уште првите денови по настанот како таткото во околината се распрашувал каде се има камери, човекот може да не бил монструм како што беше портретиран туку само да бил очаен за било каква трага за ќерка му.
Дополнително доколку е вистина тоа што еден месец подоцна во притвор, се уште не му е земена изјава.
 
Последно уредено:
Член од
24 март 2010
Мислења
15.239
Поени од реакции
26.093
Абе на тастатура сите се јаки, ама знаеш што? После прва тура ќотек иде уште една, после неа уште една, па после неа уште една и така натаму. Двајца потпишале после саат два ќотек, третиот потпишал после три дена ќотек. Не ми кажаа кој ама типувам на каратистот.
Можеби не е вистина, можеби јас имам лоши информации, ама ќотек зачинет со неспиење е докажан метод. Темпларите биле религиозни фанатици и докажани воини ама под ќотек си признале свашта.
Дека биле тепани ко магариња, биле. Ама па, ако не биле вмешани во убиството, како знаеле да ја насочат полицијата на местото каде што е закопано телото?
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.508
Дека биле тепани ко магариња, биле. Ама па, ако не биле вмешани во убиството, како знаеле да ја насочат полицијата на местото каде што е закопано телото?
Легитимно прашање, ама не сме сигурни дека они посочиле. Запалената кола од километри се гледала, па може и поинаку да е најдена.

За да биде веродостојна приказната на полицијата би требало сите точки да се спојуваат. Епа не се спојуваат и приказната е контрадикторна, со тоа и лажна.

Кога местиш некого значи невиниот го правиш виновен. Нема потреба полувиновниот да го местиш, тој е веќе умешан.
Што ако осомничените се наместени?
Што ако вистинските убијци се на слобода?

Мене најголем доказ дека полицијата лаже ми е дека одма ги најдоа. Нема шанси да се толку брзи и ефективни. Ги критикуваме дека се рамковни, партиски вработени и претрупани по позиции, ама наеднаш CSI Skopje станаа, преку ноќ онака.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.108
Поени од реакции
3.866
Делува на ПР за таткото особено ако се земе во предвид и кој е негов адвокат (иако лесно може да излезе и вистина а не ПР, многу пологично е ова отколку верзијата на удбашкиот институционален змијарник), но контрадикторен не е.
Конкретно за тоа што споменуваше, цело време тврди дека според негови извори, планот бил грабнување и убиство на двете девојчиња.
Додека наводно (некој од) обвинетите изјавиле дека Палчо им покажал слика од возрасна жена која ќе ја киднапираат со цел барање пари, а не дете.
И поврзува детали за да ја побие таквата изјава за киднапирање возрасна жена.

Да дополнам, можеби како маж сум малку пристрасен но во претходните мои мислења бев и се уште сум максимално неубеден дека посветен татко на 2 ќерки, кој дури и на ебаниот линкедин профил напишал дека неколку години бил посветен на децата и не работел во професијата, би направил вакво нешто макар и несвесно.

Тоа што сега се изнесува од овој србинот, се надоврзува на изјавите на соседите за овдешните телевизии уште првите денови по настанот како таткото во околината се распрашувал каде се има камери, човекот може да не бил монструм како што беше портретиран туку само да бил очаен за било каква трага за ќерка му.
Дополнително доколку е вистина тоа што еден месец подоцна во притвор, се уште не му е земена изјава.
Тоа дека не му е земена изјава на таткото е тотална глупост и дезинформација. Притворот е изречен од судот а за тоа беше изведен пред истражен судија, што значи секако се има изјаснето за наводите од обвинителот, освен ако не се бранел со молчење... Како и да е, официјалната верзија на обвинителството и полицијата има премногу шуплини и воопшто не делува убедливо, посебно во делот на мотивите за убиство на девојчето како и за пензионерот. Верувам дека полицијата има многу повеќе од тоа што го кажува но додека не ја завршат истрагата нема да кажат што имаат. До тогаш ке се шпекулира се и сешто. Лично, не верувам дека мотивот е изнуда на пари од мајката ниту пак верувам дека таткото е вмешан на начин како што е официјално кажано. Но убеден сум дека и мајката и таткото знаеле дека децата им се во опасност и знаеле зошто. Оние љунгурите кои се во притвор најверојатно и не ја знаат вистинската причина за убиствата туку знаат тоа што им е кажано, и ако се тепани не се тепани без причина, сигурно полицијата имала некои снимки или друго нешто со што знаеле дека тие се тие.
 
Член од
24 август 2009
Мислења
73
Поени од реакции
85
Абе на тастатура сите се јаки, ама знаеш што? После прва тура ќотек иде уште една, после неа уште една, па после неа уште една и така натаму. Двајца потпишале после саат два ќотек, третиот потпишал после три дена ќотек. Не ми кажаа кој ама типувам на каратистот.
Можеби не е вистина, можеби јас имам лоши информации, ама ќотек зачинет со неспиење е докажан метод. Темпларите биле религиозни фанатици и докажани воини ама под ќотек си признале свашта.
Сакаш да кажеш дека се местени? Не се виновници? Интересно... Како тогаш кажале толку детали околу убиството, местото на убиството/убиствата, грабнувањата? Или... после ќотек им се сониле информацииве?
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.508
Сакаш да кажеш дека се местени? Не се виновници? Интересно... Како тогаш кажале толку детали околу убиството, местото на убиството/убиствата, грабнувањата? Или... после ќотек им се сониле информацииве?
Од каде ги знаеш ти информацииве дека они знаат нешто? Од ТВ? Од Проливер министерон? Од тие што ги наместиле ќе црпиме веродостојни информации?

1. Зајко и министерот имаа бомби за случајот кај Смилковци па кога дојдоа на власт снемаа
2. Прв ден после убоството одма ги најдоа како на филм и расчисрија се цакум пакум
3. Свирепите платени убијци пропеаја дента
4. Испаѓа министер на МВР и вика на прес: "они се криви, они се монструми" абе министарон заборај презумпција на невиност. Нема почитување право, нема штитење истрага, какви иницијали какви бакрачи, име презиме со слики со се, со детали....

Не да ми мириса, ми смрди на местенка!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom