Тоа е така дека си ја замислуваат после оваа војна Украина во НАТО, а парите дека ќе ги копаат со булдужери. И тоа интересна работа е што после потопување на брод и обарање на авион излегуваат од подрум
А во реалноста, тој дел што нема да влезе во Русија, ќе бидат оние кои немале среќа.
Ако некој мисли дека Украина ја следат светли денови, без разлика од исходот на војнава, тотално е делузивен.
Ај да разговараме како ќе излезе Русија од војнава, може?
Мое скромно мислење е дека моментално русите како нација прават жртва и ја ставаат државата пред себе со цел да се извади подобар исход во СВО. Тоа е патриотски и видливо, сепак има друга страна на паричката. Се што е сега моментално паузирано / жртвувано ќе се рестартира од кога оваа војна ќе заврши. Луѓето ќе почнат да се грижат пак за себе, ќе си го бараат она што им следува, нарочно оние кои војувале. Ветерани, инвалиди, вдовици, мајки на загинати, сираци, раселени, бегалци... сите ќе го бараат она што им следува. Со тоа, ајде да го анализираме најдобриот исход за Русија.
=== Тотална победа на Русија.===
Русија ја поразува Украина, зграбува земја онолку колку што планира да зграби, краде она што планира да го краде и сега треба да почне обновата.
Санкциите ќе си продолжат, не очекувам западот да попушти, границите ќе останат затворени, трговијата се уште ќе стагнира.
Русија сега ќе треба да се соочи со многу проблеми:
- ветерани кои се здрави и живи и сега имаат потреба од работа, ако му се верува на Путин од претходната изјава има 400к активна војска во Украина, кои сега ќе се вратат дома и немаат работа. Бизнисите и работните места кои порано ги вработувале овие 400К нема преку ноќ туку така да се рестартираат, ќе треба време. Фабриките нема туку така да се реконвертираат од воена индустрија во комерцијална индустрија, исто ќе треба време. Значи преку ноќ Русија ќе добие 400К нови невработени за кои треба да се грижи.
- Ветераните кои се инвалиди или некако повредени кои не можат лесно да конкурираат на пазарот на труд ќе треба да бидат социјално помогнати. пензии, инвалидски пензии, медицинска грижа за рехабилитација итн инт - дополнителен товар на економијата
- Семејства на загинати војници. Сега е војна и не знаат дали се живи или не, ама кога војната е веќе добиена, а некој дома не се вратил, ќе се кренат многу прашања. Која е бројката на загинати. Како тие семејства ќе бидат обештетени? како тие семејства ќе бидат згрижени? како и каде тие сираци ќе ја градат својата иднина? Кој ќе го плати сето тоа?
-ветерани од украинска страна кои се сега дел од Русија. Што со нив? ќе ги убијат сите? ќе ги затворат сите? ќе ги вработат сите? ќе ги згрижат сите? ќе им даваат социјална поддршка, воена пензија на сите? кој и од каде ќе ги плати нив?
-Популацијата од разурнати бивши воени подрачја. Линијата на фронт е огромна и длабока. Низ цела линија камен на камен не остана, се е срамнето со земја. Како ќе се изградат нови живеалишта? кој ќе го финансира тоа? која економија ќе го поддржи тоа? колку милиони луѓе од покорената Украина ќе бидат на социјална помош и како товар на руската економија.
- Упорно зборувате дека Украина е тотално разурната и уништена економски - да, така е. Ама во случај на победа на Русија ќе биде само уште една покраина или република во Руската Федерација.кој ќе се грижи и финансира разурната корумпирана држава? која економија ќе го поднесе сето тоа?
-Кога во историјата на Русија сте виделе силна обнова на разурната земја? СССР дишеше од репарации и крадење ресурси од „сојузнички држави“ на крај самата пропадна. Русија има изградено 3 метрополи: Петерсбург, Москва и Сочи. Украина до пред 2014 имаше повеќе од тоа.
Може да очекуваме сега Лавров план како пандан на Маршаловиот?
зошто да може да очекуваме? Кога во историјата СССР или Русија изградила друга држава? Ако Русија некогаш го направило тоа немаше компарацијата да биде „Маршалов план“ ќе беше „Горбачев план“ или „Путинов план“ , ќе имаа пример за нешто што веќе се случило.