Италијанско првенство

Кој е најдобар италијански клуб?

  • Вкупно гласачи
    746
Статус
Затворена за нови мислења.
Д

Демијан

Гостин
мислиш ви љубоморат, или толку знаеш!? распрашај се малце кој е тим број 1 во Торино и ќе ти стане јасно. ако мислиш дека од секогаш јуве бил голем како што е денес, се лажеш. незнам само дали некогаш си слушнал за Гранде Торо, Суперга, Валентино Мацола, за Џиџи Мерони или пак за следново:

едно не сфаќам, зошто некои луѓе не разбираат дека и пред нивното време постоеле клубови кои биле големи, а не само навидум денешниве. не значи дека ако некој клуб денес е далеку од борбата за титулата, дека никогаш не бил на врвот и дека има ако не побогата тогаш во најмала рака еднаква традиција и историја со оние кои што се денес на врвот. некој ќе рече “Види ги овие од Џенова, до вчера играа во втора лига а сеа сакаат во Лига на Шампиони.“ епа таа Џенова е три пати поголем клуб од на пример една Рома, само што повеќе години беше во криза.

ако еден клуб денес е навидум мал, не значи дека секогаш бил! всушност, можеби е баш поголем од клубот за кој ти навиваш.:wink:

Не викаме ние дека немало големи тимови и порано во Италија кои во минатото освојувале титули и ред други работи.Ама неможеш да кажеш дека во Италија има поголем клуб од Јувентус.Само немој тоа да го кажеш.

Торино е голем клуб ама сигурно не е поголем од Јувентус.Тоа што во Торино има повеќе навивачи од Јувентус немора да значи ништо.Јувентус најголемата навивачка база ја Има во Областа Ломбардија каде што се наоѓа Милано.И затоа ништо чудно што гледаш 10-15 000 навивачи на Јуве на Сан Сиро.

И да Јувентус одсекогаш бил голем тим во Италија.Од раѓањето на тимот па се до денес.На почеткот од основањето на Јуве имало тимоги кои своевремено биле најсилно меѓутоа Јуве од основањето поминале околу 12-13 години кога ја освоиле првата титула.Доволно е да ги видиш на Јувентус освоените титули и да видиш дали има некоја голема суша како оваа последнава на Интер.

Јувентус е дефинитивно најголемиот тим во Италија со најголем број на навивачи,тим кој ги има освоено сите можни титули во Италија и светот,и сигурно е еден од најголемите тимови во светот.
Со ова не викам дека Милан или Интер не се големи тимови.Заедно со Јувентус се најголеми во Италија,ама сепак со Јувентус неможат да се рамнат во традиција особено не Интер,кои златните години ги имал во 60тите на минатиот век кога освоил и две титули во Купот на шампионите.
Интер сега има златна ера по скандалот со местени натпревари.Само се прашувам дали некогаш ќе освоеа титула да не паднеше Јуве во Серија Б.
А провокаторите што највеќе ги има од Фан Клубот Интер нека провоцираат и понатаму со тоа провоцитање се гледа за каков тим навиваат.Ги разбирам јас,најверојатно е тешко да трпиш порази цело 19 години без освоена титула.
 
_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318

Сезона 1934/35 Јувентус освои титула во Сериа А, наредната титула беше во сезоната 1949/50.

Значи во тоа време, сушата која ја негираш сепак постоела, Јувентус не освоил титула 15 години !
Е сега статистички, значи муабетот ти паѓа во вода кога ќе отвориш википедиа и ќе видиш дека Јувентус имал две кризи т.е. суши какви што ти ги нарекуваш: едната во неговите почетоци која траела 15 години, и потоа уште една 15 годишна суша!

Многу е нормално сите луѓе кои што навиваат за тимови од Италија да зборуваат како тебе и многумина дека Интер немал освоено титула 17 години и јас тоа не го оспорувам.Не го оспорувам тоа затоа што пред се живееме во таа ера, доколку живеевме едно 60-тина години порано сега сигурно сите фанови ќе ви удреа сеир на вас, навивачите на Јувентус, што е многу нормално, нели?

Сега за муабетот за златната ера на Интер.Точно, сега Интер има златна ера што малкумина знаат да го признаат, но дали Интер е сега виновен што Јувентус ги купувал своите титули и што беше казнет? Претходно ја знаеш изјавата на Моџи, кога цинично рече: ,,тие го имаат Роналдо, а ние судиите''?
Еве давам пример, Интер зеде титула на зелена маса, дали има нешто спорно тука? Еве наредната година Јувентус беше во Сериа Б, а Милан со -8 бода во Сериа А, што значи од старт олеснета работа на Интер, тоа е ок.Но прашањето ми е, зошто Милан наредна сезона не го загрози Интер, тие не беа во никаква криза? Сигурно затоа што имало разлика во квалитетите, да бидеме реални.

За провокаторите се зависи колку и ти се пронаоѓаш во тие муабети, па логично би било да те боли малку, сепак и ти помина тешка година во Сериа Б
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.106
Поени од реакции
5.752
Секој тим во Италија си има своја историја, своја патека на качување и паѓање долу!! А за најуспешен, најнеуспешен тим, за тоа си има статистика изразена нумерички, бројност на титули, ЛШ итн..Сите овие работи сите навивачи ги гледаме со различни очи, но како и да е, бројките си се бројки, фактите си се факти, титулите си се титули, тоа никој нема да може да го скокне, да го заобиколи!!
Листава ја ставам како едно мало потсетување..

Зарем големината на клубот не се гледа по освоените титули??А бројчано гледано според табелава, Торино му требаат минимум 20 години за да го стигни Јувентус, и тоа под услов секоја година на освојува Скудето!
На Интер под исти услови му се потребни 11 години, а на Милан 10!! Да ваѓам листа на статистика на меѓусебни дуели?? Единствено симнувам капа на Милан кој е најуспешен Италијански тим во ЛШ, додека пак Јуве и Интер имаат исто - по 2
 
Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.553
Поени од реакции
1.548
Не викаме ние дека немало големи тимови и порано во Италија кои во минатото освојувале титули и ред други работи.Ама неможеш да кажеш дека во Италија има поголем клуб од Јувентус.Само немој тоа да го кажеш.

Торино е голем клуб ама сигурно не е поголем од Јувентус.Тоа што во Торино има повеќе навивачи од Јувентус немора да значи ништо.Јувентус најголемата навивачка база ја Има во Областа Ломбардија каде што се наоѓа Милано.И затоа ништо чудно што гледаш 10-15 000 навивачи на Јуве на Сан Сиро.

И да Јувентус одсекогаш бил голем тим во Италија.Од раѓањето на тимот па се до денес.На почеткот од основањето на Јуве имало тимоги кои своевремено биле најсилно меѓутоа Јуве од основањето поминале околу 12-13 години кога ја освоиле првата титула.Доволно е да ги видиш на Јувентус освоените титули и да видиш дали има некоја голема суша како оваа последнава на Интер.

Јувентус е дефинитивно најголемиот тим во Италија со најголем број на навивачи,тим кој ги има освоено сите можни титули во Италија и светот,и сигурно е еден од најголемите тимови во светот.
Со ова не викам дека Милан или Интер не се големи тимови.Заедно со Јувентус се најголеми во Италија,ама сепак со Јувентус неможат да се рамнат во традиција особено не Интер,кои златните години ги имал во 60тите на минатиот век кога освоил и две титули во Купот на шампионите.
не само што нема да го кажам тоа што го напомена, туку и ќе ти контрирам во исто време! јас навивам за Интер, Интер има 9 титули повеќе од Торино, но сепак за мене Интер не е воопшто поголем клуб од Торино. Џенова има 9 титули, Милан 17, за мене тие два клуба се исти по големина. нормално, во оваа група спаѓа и Јувентус. по што за мене Јуве да биде поголем од сите останати? по тоа што местеше натпревари? по тоа што купуваше судии? поради Моџи Велики?

па ако гледате по статистики, Милан има 7 титули во Лига на Шампиони, Јувентус само 2. значи оваа категорија ја побива вашата теорија за големината на Јуве според статистиката нели? но за мене тоа сепак не е точно.

скоро секој клуб имал добри и лоши периоди, и незначи дека ако ти живееш во периодот кој е лош за Торино на пример, дека треба да го омаложуваш тој клуб, оти Торино постоел и пред тебе, а ќе постои и после тебе! :wink:

Многу е нормално сите луѓе кои што навиваат за тимови од Италија да зборуваат како тебе и многумина дека Интер немал освоено титула 17 години и јас тоа не го оспорувам.Не го оспорувам тоа затоа што пред се живееме во таа ера, доколку живеевме едно 60-тина години порано сега сигурно сите фанови ќе ви удреа сеир на вас, навивачите на Јувентус, што е многу нормално, нели?
е ова се обидувам да го кажам! не значи дека ако еден тим денес победува тој е голем, имало големи и пред него. штом еднаш еден клуб бил голем тој засекогаш ќе остане во историјата како голем. Торино бил голем, Торино сеуште држи дваесетина рекорди кој никој ги нема срушено, Торино колку и да личи на мал сега, тој сеуште е голем!
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.477
Со ова не викам дека Милан или Интер не се големи тимови.Заедно со Јувентус се најголеми во Италија,ама сепак со Јувентус неможат да се рамнат во традиција особено не Интер,кои златните години ги имал во 60тите на минатиот век кога освоил и две титули во Купот на шампионите.

Интер сега има златна ера по скандалот со местени натпревари.Само се прашувам дали некогаш ќе освоеа титула да не паднеше Јуве во Серија Б.

А провокаторите што највеќе ги има од Фан Клубот Интер нека провоцираат и понатаму со тоа провоцитање се гледа за каков тим навиваат.Ги разбирам јас,најверојатно е тешко да трпиш порази цело 19 години без освоена титула.
1. Дали го разбираш зборот традиција?

2. Немаше да освои титула Интер да не паднеше Јуве во сериа Б. Тоа ти за комплимент го сметаш? Требаше да ве остават да го силувате фудбалот и да освојувате титули на нечесен начин?

3. Последната реченица што ја напиша е провокација. На фан-клуб Интер нема најмногу провокатори, таму најмногу се дискутир за фудбал и има најмалку постови од типот: “Закон сме!“. Ама одвреме-навреме забележувам ќе утрча некој од вас со некој клип или информација што не му оди во полза, ќе се избрука максимално и после некој друг му е крив.

Секоја чест за вашите успеси, титули, резултати, статистика... Ама секогаш кога ќе го омаловажувате нашиот клуб, а го правите тоа често, немој да мислите дека нема да добиете повратна реакција.

P.S.
Чисто фудбалски, нема врска кој кога освоил титула. Титулата си е титула, и има иста вредност без разлика дали е освоена во 1960, 2000 или 2389.
 
Традиција-Што е тоа традиција? Тоа е: а) нешто што го споделуваме и процесот низ кои се врши тоа споделување б) нешто што создава и потврдува идентитет в) нешто што групата го идентификува како традиција.
Еве ти што е традиција.

Да знам јас дека последната реченица е провокација,тоа го напишав пошто јас никогаш не сум провоцирал во вашиот фан клуб, а и немам ниедо мислење оставено таму(провери ако сакаш).А што се однесува некои фанови на Интер од форумов ми се крева коса кога ќе видам некоје нивно бедно оставено мислење во фан клуб Јувентус.

Прво-вие провоцирате со тоа што Јувентус го пишувате ЈуБентус.

Второ-на секоја поостра дискусија некој од вашите секогаш го спомнува ова:Ама вие местевте,имате судии и сл.

А за тие сите местења и судски процеси во Италија не е само Јувентус крив.Има и многу други виновници што требаше да јадат казна.Ама некогаш се ќе си дојде на виделина.И за телекомот во Италија,од кој излегоа главните докази,дека тој ист Телеком по има и Виери прислушкувано итн...
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Не викаме ние дека немало големи тимови и порано во Италија кои во минатото освојувале титули и ред други работи.Ама неможеш да кажеш дека во Италија има поголем клуб од Јувентус.Само немој тоа да го кажеш.

Торино е голем клуб ама сигурно не е поголем од Јувентус.Тоа што во Торино има повеќе навивачи од Јувентус немора да значи ништо.Јувентус најголемата навивачка база ја Има во Областа Ломбардија каде што се наоѓа Милано.И затоа ништо чудно што гледаш 10-15 000 навивачи на Јуве на Сан Сиро.

И да Јувентус одсекогаш бил голем тим во Италија.Од раѓањето на тимот па се до денес.На почеткот од основањето на Јуве имало тимоги кои своевремено биле најсилно меѓутоа Јуве од основањето поминале околу 12-13 години кога ја освоиле првата титула.Доволно е да ги видиш на Јувентус освоените титули и да видиш дали има некоја голема суша како оваа последнава на Интер.

Јувентус е дефинитивно најголемиот тим во Италија со најголем број на навивачи,тим кој ги има освоено сите можни титули во Италија и светот,и сигурно е еден од најголемите тимови во светот.
Со ова не викам дека Милан или Интер не се големи тимови.Заедно со Јувентус се најголеми во Италија,ама сепак со Јувентус неможат да се рамнат во традиција особено не Интер,кои златните години ги имал во 60тите на минатиот век кога освоил и две титули во Купот на шампионите.
Интер сега има златна ера по скандалот со местени натпревари.Само се прашувам дали некогаш ќе освоеа титула да не паднеше Јуве во Серија Б.

А провокаторите што највеќе ги има од Фан Клубот Интер нека провоцираат и понатаму со тоа провоцитање се гледа за каков тим навиваат.Ги разбирам јас,најверојатно е тешко да трпиш порази цело 19 години без освоена титула.
Хаха и пак исто, не морав ни да ја читам претходната страна препоставував за што се дебатира. НАЈјакиот аргумент од страна на бјанконер... аргумент кој се спомнува веднаш, штом ќе се почувствува опасност од губење на дебата. :back:

Хм, прашање е дали сериски убиец ќе престанува да убива ако не го фатат и пикнат во затвор...
 
_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Второ-на секоја поостра дискусија некој од вашите секогаш го спомнува ова:Ама вие местевте,имате судии и сл.

А за тие сите местења и судски процеси во Италија не е само Јувентус крив.Има и многу други виновници што требаше да јадат казна.Ама некогаш се ќе си дојде на виделина.И за телекомот во Италија,од кој излегоа главните докази,дека тој ист Телеком по има и Виери прислушкувано итн...
Друже, тоа со местењето не може да се заборави, мислам дека и имаше тема за криминал во фудбалот.Никој не е крив за тоа што Јувентус стана синоним за местење натпревари и криминал во фудбалот.Едноставно е, дамката останува засекогаш, без разлика дали тебе ти се допаѓа тоа или не.Авторитетот тешко се стекнува, но брзо се губи.

За местењата се докажа кој е крив, покрај Јувентус беше и Милан.Верувај ако продолжи истрагата Јувентус е можно и повеќе да заглави.

П.С. За мојата претходна реплика, очекував нешто да реплицираш и ти али нема везе...
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.477
Да знам јас дека последната реченица е провокација,тоа го напишав пошто јас никогаш не сум провоцирал во вашиот фан клуб, а и немам ниедо мислење оставено таму(провери ако сакаш).А што се однесува некои фанови на Интер од форумов ми се крева коса кога ќе видам некоје нивно бедно оставено мислење во фан клуб Јувентус.

Прво-вие провоцирате со тоа што Јувентус го пишувате ЈуБентус.

Второ-на секоја поостра дискусија некој од вашите секогаш го спомнува ова:Ама вие местевте,имате судии и сл.

А за тие сите местења и судски процеси во Италија не е само Јувентус крив.Има и многу други виновници што требаше да јадат казна.Ама некогаш се ќе си дојде на виделина.И за телекомот во Италија,од кој излегоа главните докази,дека тој ист Телеком по има и Виери прислушкувано итн...
Вака: добредојден си да пишуваш на нашиот фан-клуб. Јас сум пишувал на вашиот, нормално е да се дискутира, само без провокации. Секогаш ќе има провокатори и тоа ако си објективен ќе видиш дека ги има од сите фан-клубови.

На секоја поостра дискусија ви кажуваме дека сте местеле? таа поостра дискусија обично е: вие немате титула незнам колку години, вие сте ваков, таков, онаков тим... па што очекуваш за одговор? Мене ме изненадува што колку и да не ве чепкаме за тоа местењето (зошто да ти кажам поштено ми се смачи од таа тема), пак ќе се најде некој да утрча на фан клубот со некоја глупост од видео или трач, и сам ќе си ја отвори темата. Тоа навистина ме изненадува, на ваше место ја не би ја отворал таа тема.

И обично “аргументите“ ви се од типот: телекомот, доказите вака-онака биле обезбедени... ич не ми е гајле мене дали се легално обезбедени и дали ќе бидат валидни и дали Моџи ќе го крка или не врз основа на тие докази... важно е дека докази има и јасно е што правел скотот сите овие години.

Затоа пак ќе ти речам, баталете дискусија која ви е однапред изгубена, не си ги отварајте сами тие работи. Имаме првенство кое е во тек и има доста за што да се дискутира.
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.853
Поени од реакции
50.248
За местењата се докажа кој е крив, покрај Јувентус беше и Милан.
беа и Фироентина беа и Лацио беа и Реџина чак :)

ахх жими се, сва среќа што сме огромни и нашата големина не се заснова 100% на Италијанско Првенство... :pipi:
 
_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
беа и Фироентина беа и Лацио беа и Реџина чак :)

ахх жими се, сва среќа што сме огромни и нашата големина не се заснова 100% на Италијанско Првенство... :pipi:
Е да де, ги забораив нив :)
 
Член од
17 декември 2008
Мислења
4.232
Поени од реакции
3.868
Сака да каже дека имал 1 по математика, тешко му оди операцијата собирање.
Оф ти најде да кажуваш и тоа математика може да имам печатна грешка не собирање.:pos2::pos2:.

беа и Фироентина беа и Лацио беа и Реџина чак :)

ахх жими се, сва среќа што сме огромни и нашата големина не се заснова 100% на Италијанско Првенство... :pipi:
Беа и др ама не ги фатиа:wink:

Пс. До _The Great_ 14 утакмиви по ред видиов дека пишував год.:tapp:
 
_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Беа и др ама не ги фатиа:wink:

Пс. До _The Great_ 14 утакмиви по ред видиов дека пишував год.:tapp:
Е ајде де, кои беа другите што не беа изведени пред лицето на правдата? :)

Абе џабе, како не сме ве тепале 14 утакмици по ред, тоа се 8 години од прилика што ми изгледа малку нелогично и нереално.Дај статиска некоја...
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.477
Оф ти најде да кажуваш и тоа математика може да имам печатна грешка не собирање.:pos2::pos2:.
Де бе не се нервирај одма, не сум ја крив што ми натрча на десна :pos2:

Оди сега година по година и собирај 1+1+1... и кај што сме ве тепале застани и собери :pos2:

Ај, не те зезам појќе, не знаеш да прифатиш шала :smir:
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.092
Поени од реакции
45.987
Е ајде де, кои беа другите што не беа изведени пред лицето на правдата? :)

Абе џабе, како не сме ве тепале 14 утакмици по ред, тоа се 8 години од прилика што ми изгледа малку нелогично и нереално.Дај статиска некоја...
Ме мрзи да барам, али со Купер знам дека тепаа 1-0 , ако не се лажам Вентола даде гол така да му падна ИРЕЛЕВАНТНИОТ муабет во вода, човек да се покае што има сетила за вид ебаго, сменете тема ! :smir:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom