Нешто за размислување додека чека Македонецот да го известат дека му закажале операција за 9 месеци од сега.
Нема што да се размислува, од поодамна во Македонија важи правилото дека ако човек е болен, а има пари, тогаш лекот треба да си го бара во странство, а ако е болен, а нема пари, тогаш Бог нека му е на помош.
Ова со примањето на странци на лекување на финансиски товар на Македонците не е некоја новост, ако добро помнам беше најавено уште додека пвеводбениците сеуште беа на власт, но служи само како дополнително дообјаснување како и зошто болниот Македонец треба да си го бара лекот или во странство или од Бога.
Случајно пред некоја недела запознав Македонец кој работи во странство за неверојатни 500 (ПЕТСТОТИНИ) евра дневница, жал ми е да ги разочарам еурофилите, но човекот не си го вади лебот ниту на европскиот континент, ниту на американскиот континент, ниту во Австралија и/или Нов Зеланд.
Вели дека бидејќи е прошетан низ светот не е нешто многу воодушевен од европските и американските држави, поради што одлучил кога не е на работа во странство да остане да си живее во Скопје.
Како и да е, бидејќи со сиот памет и месечна заработувачка која му се брои во повеќе илјадници евра месечно, типот одлучил да живее во Скопје, а како последица на тоа, мора да плаќа 10% (ДЕСЕТ ПРОЦЕНТИ) данок на сопствената заработувачка во странство за која македонската држава ниту му помогнала, ниту на било каков начин учествува во истата - со исклучок на оданочувањето на истата, се разбира. Како што кажа и самиот човек: плаќам 10% данок на сопствената заработувачка во странство за да голтам загаден воздух тука во Скопјево.