Немаме многу опции на среден бек тоа е, иако Ѓоргиев слабо игра тврдам дека е напреднат од претходните сезони, веројатно Ѓоргиев е планиран да игра со Тале, додека Митев со Фитиљ.
Мене ме загрижува тоа шо во пријателските со Грција, Митев воопшто не беше повикан, а Лазаревски не беше прва опција на пикер, без разлика дали бил или не бил подобар од Пешевски, Лазаревски е пикер кој игра во два правци и како таков треба да е прва опција секогаш, особено сега кога е во животна форма.
Павле шо не е повикан е исто голема грешка, ретко кој играчи ни се фајтери во реп како браќата, особено во одбрана, зато и лично сметам дека Петар треба да е прва опција пред Цветан, без разлика дали вториов бил подобар во напад..