Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Секој нормален тим/репрезентација има таков играч. Превара е тоа што го пишуваат како пикер, лев бек...
Баш е потребно да имаш специјалист дефанзивец, ко што имаш пикер, крило, бек.
Нашиот проблем порано беше што моравме да имаме двајца такви.
kur ima, site dobri igraci igraat dva pravci gleash gazi 20tina minuti i posle odmara, nashite se site igraci vo eden pravec zato nieden pokje ne igra vo asolen klub, a i sea vaka kako sho e izgubena rabotata sho i da naprajs ne mozis da gi pobedish francija i germanija uci gi decata asolno barem koncept pravilen neka se praj mozi ke prkni nekoj nekogash
 
Составот е тој, не ги разбирам драмиве на интернет дека репрезентацијата била Алкалоид. Тие се играчите, тие ги купија повеќето. Она што боде очи е Ѓорѓиев и Никола Маркоски. Другото е сосема океј. Се надевам дека Митев и Џонов ќе добиваат многу повеќе шанса отколку Ѓорѓиев. Не го разбирам Лазаров за Ѓорѓиев. Во одбрана не го бива, во напад се плаши на поцврста одбрана. Тој е играч за ете да ги одмориш другите против некоја екипа како Луксембург или Косово/Естонија.

Ќеф е да се гледа како лесно играат и какви убави акции и проигрувања прават на терен. Добро е ова што често имаат контроли. Со некоја коректна ждребка може да се вмешаме во топ-8 на Европското првенство што доаѓа. Имаат уште работи што можат да ги поправат. Имаа толку зицери денес, можеа комотно +15 разлика да победат. Голманите се топ, само некогаш знаат да избрзаат со реакција, па примаат гол затоа што оставаат поголем простор. Ама ок, тоа е момент. И мене ми се случувало.
 
Шо е ова судење бе дај нека не одат кај овие гупциве една фер неможи да изиграат
 
Разбирливо беше форсирањето на Ѓоргиев, тоа беше заради брзината, ама не научи да игра еден на еден и мислам дека веќе е погрешно неговото форсирање.
Со таа брзина требаше лагано да ги разбива противничките одбрани, ама тој е како без компас, само додавач.
Лазаров мора да му вгради мадиња за да игра еден на еден, инаку џабе форсирањето.
 
Немаме многу опции на среден бек тоа е, иако Ѓоргиев слабо игра тврдам дека е напреднат од претходните сезони, веројатно Ѓоргиев е планиран да игра со Тале, додека Митев со Фитиљ.
Мене ме загрижува тоа шо во пријателските со Грција, Митев воопшто не беше повикан, а Лазаревски не беше прва опција на пикер, без разлика дали бил или не бил подобар од Пешевски, Лазаревски е пикер кој игра во два правци и како таков треба да е прва опција секогаш, особено сега кога е во животна форма.
Павле шо не е повикан е исто голема грешка, ретко кој играчи ни се фајтери во реп како браќата, особено во одбрана, зато и лично сметам дека Петар треба да е прва опција пред Цветан, без разлика дали вториов бил подобар во напад..
 
Ѓоргиев е брз играч, ако научи да игра еден на еден, ќе прерасне во солиден среден бек, ама засега не му оди.
Треба Лазаров да му вгради мадиња.
 
Мене ме загрижува тоа шо во пријателските со Грција, Митев воопшто не беше повикан, а Лазаревски не беше прва опција на пикер, без разлика дали бил или не бил подобар од Пешевски, Лазаревски е пикер кој игра во два правци и како таков треба да е прва опција секогаш, особено сега кога е во животна форма.
Изгледа планира фактор изненадување да им бидат, а и редно е Фитиљ и Тале да не се форсираат повеќе заедно се гушат кога играат двајцата.
Павле реално не е да се повика во тим има пад на форма, премногу демотивирачка е сезоната за него и Емко.
Иди нов бран на играчи за брзо кој ќе дадат посебен придонес во репката а со тоа ќе се створи здрава конкуренција и да не им биде загарантирано место во репрезентацијата, сите досега напоменуваме ни фали еден на десна бековска позиција, а мислам тоа ќе биде Савревски за брзо, во него гледам најголем напредок за разлика од Митев кој веќе знаеме колку може да придонесе. Не очекувам Петровиќ да биде натарулизиран, да дели од сите мак десни бекови има потенцијал поголем но не е отскочна даска кој би сменал повеќе во позитивна смисла.
Узунчев нема да биде материјал за бек иако е форсиран дури повеќе од Серафимов и Велковски.
Најискрено очекував со 4ца десни бекови да одиме и Савревски да го користи ко крило за одмор на Велкоски или Серафимов во одбрана иако мислам дека Јагуриновски најмалку ќе игра ова Европско.
Никола Костески ми е најголемо изненадување во 19ката и очекував Ојлески пред Кузманоски дека имаше ситна повреда. И нормално Омерагиќ пред Младеновиќ иако нема голема разлика во нивната игра.
 
za lajna jadenje nema podobar sekoja mu cest :aplauz:

osven za 2-3 kaj so imame site zamerki igracite se tie. So ne kazi toj koj igraci falat samo da ne lupa kako prosliot pat falele Gogov,desnoto krilo na vardar(ne znam kako se vika) karapale i alarov :pos:
 
се слагам потполно некако чувствувам кај него и некоја политичка заднина што многу ме иритира...

да, Кире со Мукаетов прават нешто што се коси со етика и принципи ама па не гледам некој друг ракометен клуб да прави нешто посебно во тој правец освен можеби Еурофарм...

секоја чест за Вардар што ни приредија такви моменти ама сега не гледам ни план ни возија поготово од дебелиот Борко...
 
Eurofarm....?
 
Има ли објавено список на играчи од други репрезентации од групата?
Швајцарија
FB_IMG_1702930443017.jpg
Од овој список еден отпаднува.

Франција
FB_IMG_1702930472042.jpg
Четворица треба да отпаднат.
Според мене Гребили, Порте и два голмани, не ми се верува да се откажат од Конан (топ 10 дефанзивци), Лука Карабатич им е капитен, Турнат можеби најкомплетен офанзивен пикер.

Германија сеуште немаат скратен состав.
 
Искрено единствена надеж имам во Лазаревски и Митев, и дека можиме со нивна добра партија да се носиме колку толку. А реалноста е дека само со Швајцарија можиме да бараме бодови. Сметам дека има напредок посебно кај некои индивидуалци веројатно поради игрите во Европа за разлика од лани кога бевме веројатно во најслаба форма. Нема потреба од еуфорија посебно оваа година кога јасно е на сите дека групата не ја поминуваме. Ете шанса да изигра е едно добро првенство без притисок и зошто да не бидеме и позитивно изненадување.
Не чека интересно првенство :D .
 
Јас немам никакви очекувања резултатски. Франција и Германија нема потреба ни да ги спомнувам, но дури и со Швајцарија ќе биде претешко.

Имаат дури девет играчи кои играат Бундеслига, од кои двајца се играчи на Магдебург (мислам дека нема потреба да зборувам на кое ниво е Магдебург последниве неколку години). Шмид и на 40 години е играчиште, моментално е најбољи стрелец во европската лига со 60 голови на 6 меча. На финалниот список на мое големо изненадување го прешкртаа Ноам Леополд (лево крило) кој е втор најбољи стрелец во европската лига со 53 голови на 7 меча. На негово место ги повикаа Зендер и Лиер од Лемго и Кадетен. Замислете ние да ги имавме двата најдобри стрелци во второто по ранг европско натпреварување во репка. :)

Шанси постојат, меѓутоа не смее да има никакво разочарување ако завршиме со 3 порази од 3 одиграни мечеви. Нашата моментална реалност е таа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom