Дали една епизода имам гледано од ова...
После многу време, при вртење канали, ми застана на Преспав.
Само видов сцена у која седат сите на заедничка долга маса за состаноци и у средина седи еден со златна маска, а другиве се у зелени тренерки со бројки, исто ги има и стражарите, маскирани и со розеви одела и некои симболи наоколу, ваљда. Одма и сместа сменив и не знам што се дешава и зашто мора Скуид Гејм да бидат.
Значи - толку е. Креативниот банкрот не го очекував толку бргу. За што е следната епизода? Гејм оф Троунс? Стави ја оваа од рекламата за Ботони, нека биде Серси и тако даље... Скупа ќе биде таа епизода. Ипак костими, трон некаков...
После можат само бели мантили да облечат и да кажат - ја сум др. Хаус ти си дебелата црнкиња (или таа од Грејс Анатоми беше?).