Ова е од вчера сабајле мислам. Моментално сигурно има некои минимални измени со оглед на тоа што имаше ЛЕ и ЛК сношти. Ако е
оваа табела релевантна, тогаш Англија и Германија се скоро изедначени сега. (сортирајте ги според поени во 2023/24)
Оваа би требало да е
Мислам дека Шпанија 99% ќе биде меѓу првите две. Барем 2/4 во ЛШ ќе стигнат до 1/4 финале а што да не и повеќе. Виљареал со малце среќа можат да стигнат да стигнат до 1/4 финале во ЛЕ исто, мислам ова би било доволно за топ 2.
Италија има одлична шанса, ама од друга страна сите преставници во ЛШ им се во втор шешир. Ако некако 2 екипи стигнат до 1/4 финале, со добра шанса за тоа се и Аталанта/Милан/Рома, каде ете, 2/3 да влезат во 1/4 финале минимум ќе донесе поени. Плус да не се заборави и Фиорентина во КЛ каде може далеку да стигнат.
Германциве се мистерија, очекувано е Баерн да стигне далеку, ама за тоа дали ќе бидат топ 2 ќе зависи од сите останати екипи. Ако Баер стигне далеку во ЛЕ имаат шанса..
Англија вака лошо почна, ама ако Сити и Ливерпул стигнат до финале на ЛШ/ЛЕ пак би можеле да се топ 2.
Не знам, ќе биде ова забавно до крај, мене лично ќе ми е ептен интересно да го следам овој аспект.
А воедно и да се каже ако Шпанија добие плус место, тогаш 99% Жирона ќе ја гледаме догодина
(не дека и вака немаат добра шанса, ама да паднат од 1 на 6 место ќе треба сериозно лош втор дел)
едит: А да, викаш твојава е апдејтирана, што држи вода, УЕФА знаат официјалната табела да ја апдејтираат подоцна