А што ти менува тебе или било кому да ги знае резултатите од обдукција? Не е тоа информација од јавен карактер, туку работа на обвинителство.
Точно е, ситни детали или пак слики од обдукција не се потребни за јавноста. Но, реторички мораат да ја објаснат целата случка, како шо биле објавувани разно разни детали за дела од фатален карактер. Ете , на пример, делото околу ракометарот беше дури објавено во видео снимка , и тоа со фатални последици. ВакА, се остава простор за шпекулации, или теории.
Сепак, нашата Македонија е околу 23.000км квадратни, и во овој простор со вакви по мексикански стил грозоморни дела, не смее да останат необјаснети. Исто така да имаа цврстина уште првите "официјални изјави" , немаше да се создаде простор за народни шпекулации.
Во суштина, ние сме таков народ да дознаеме се до детал. Таа наша радозналост колку штети - толку и чини .
Мала е државата, со мали градови, потесни семејства, потесни друштва, иако пошироки пријателства т.е. познанства.
И, сега на сето тоа , во толку мал наш свет замисли ти живееш со сите , ги познаваш сите, дури некои тие и гласно излегуваат пред нас и гласно размислуваат дека државата можат да ни ја водат и не убедуваат да гласаме за нив , а тие всушност правеле такви криминални дела какви само холивуд режира... Па, нели има право овој прелажуван народ да знае во шо се претвора или еволуира едната половината од истиот. Живееме ли во генерално лудило?