Ако голот е поништен, а нема пенал, тоа значи дека немало играње со рака од Кеш и играл со рака само Хаверц, нешто што не делува дека е така на снимкиве. Две сценарија се можни:
1. Гледале само допирот од Хаверц и тунел визија имале само на тоа, не гледале претходно дали Кеш ја допрел со рака топката што влијаело во продолжение на акцијата и Хаверц да ја допре. Ова е погрешно, бидејќи ако не беше гол и хипотетички беше во гол аут исфрлена, зарем не би бил повикан ВАР да се суди пенал од ова играње или покрај тело била раката/немало јасна снимка и овој пат?
2. Виделе дека има играње од страна на Кеш, ама рекле дека снимката не е чиста или дека има 10% шанси да остане првичната одлука на судијата и се држеле за нив.
Вака гледано, делува дека треба да е поништен голот и да е пенал. Ама да не испадне јас навивачки кажувам и сум пристрасен, слободно од неутрален аспект дајте мислење на ситуацијата.